Доминација на големите системи

Повторно на врвот
Повторно на врвот / McDonald's и оваа година е на списокот на 100-те глобално најуспешни франшизи
Вторник
09.03.2021
Годинашната листа на порталот FranchiseDirect потврди дека, дури и за време на пандемијата, американските франшизи останаа најуспешни и најзастапени во светот. Повеќето од нив се системи од областа на гастрономијата.
 

- Без сомнение, најголемата приказна во 2020 година беше Ковид-19. Јасно е дека пандемијата негативно влијаеше на франшизната индустрија. Според извештајот на истражувачката куќа FRANdata, се проценува дека само во првите шест месеци од пандемијата биле затворени околу 32.700 бизниси со франшиза. Од тоа, 21.834 беа затворени привремено, додека 10.875 беа затворени трајно - се наведува во извештајот на порталот FranchiseDirect.

Тогаш, што ни покажува годинашната листа на 100 најуспешни франшизи на порталот FranchiseDirect?

Кризата, можеби како што се очекуваше, најдобро ја поднесоа големите, добро воспоставени и светски познати брендови. Тоа се системи, кои имаат искуство, ресурси, сила и логистика за брзо наоѓање решенија и прилагодување на бизнисот кон ситуацијата која што се менуваше од ден на ден. Шокот на кој што беа изложени сите светски бизниси по избувнувањето на пандемијата, големите и стабилни системи успеаја да ги амортизираат до есента 2020 година. McDonald's, кој оваа година беше на врвот на листата од 100-те најуспешни франшизи, пријавува "рекордни резултати“ за крајот на 2020 година, се наведува во извештајот на порталот FranchiseDirect.

Како и претходните години, и оваа година листата „детектира“ доминација на американските франшизни системи на глобално ниво. Убедливо најголемиот број рангирани франшизи доаѓаат од САД - дури 92, а најчестите системи се од областа на гастрономијата и угостителството (38). Додека во претходните неколку години, на списокот беа вклучени и франшизни системи од Европа (Германија, Франција, Шпанија), оваа година беа рангирани само два система од Европа - InterContinental од Велика Британија (25 место) и Husse од Шведска (87 место). Доминацијата на американските франшизи е веќе видлива и во рангирањето на првите десет најуспешни франшизи.

Десетте најуспешни за 2021 година:

  1. McDonald’s (ресторан за брза храна)
  2. KFC (ресторан за брза храна)
  3. Burger King (ресторан за брза храна)
  4. 7-Eleven (ланец на супермаркети)
  5. Domino's (ресторан за брза храна)
  6. Ace Hardware Corporation (ланец на продавници за алати)
  7. Century 21 (недвижен имот)
  8. Papa John's (ресторан за брза храна)
  9. Taco Bell (ресторан за брза храна)
  10. Pizza Hut (ресторан за брза храна)

Комплетниот список на ТОП 100 глобални франшизи за 2021 година можете да го пронајдете тука.

Кои се условите за рангирање на листата?

За рангирање се користи комплексна формула, која вклучува голем број фактори, како што се: раст на деловната единица, обемот на продажбите, бројот на години во франшизинг, нивото на стабилност, степен на раст на мрежата и меѓународната експанзија.

Сепак, формулата неодамна беше модификувана, па така, сега наместо вкупниот приход во предвид се зема обемот на продажбите, додека пак, растот на бројот на деловните единици се мери процентуално.

Исто така, формулата вклучува и критериуми кои што ги надминуваат едноставните бројки - зема во предвид колку давателот на франшизата им помага на своите идни приматели, како и колку системот инвестира во развојот на локалната заедница преку добротворни програми и донации.


погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Во исчекување на саемите за франшизи /14.05.2021

Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

најчитани

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

популарно во форумот