Вторник
17.07.2018
Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.
 

Стандардниот франшизен пакет содржи:

  • Заштитен знак (бренд) – жиг кој давателот на франшизата го отстапува на примателот на франшизата;
  • Know-how (докажано знаење) како и на кој начин ја води работата под франшиза, знаењето кое давателот на франшизата го отстапува на примателот на франшизата;
  • Оперативен прирачник кој  содржи процедури за работење внатре со франшизите
  • Услугите кои давателот на франшизата ги обезбедува на примателот на франшизата – Поддршка
  • Надомест за франшизата кои примателите на франшизата ги плаќаат на давателот

Заштитен знак – трговска марка

Дефиницијата на жигот се изведува врз основата на законот за трговска марка на Република Србија, кој е донесен 2009. Година. Согласно одредбите на овој закон, трговската марка е право кој го штити знакот, а знак може да биде било каков графички знак или што  може графички да се претстави, и кој служи стоката или услугата на едно правно/физичко лице да се разликува од друго физичко или правно лице

Знакот може да се состои од зборови, слогови, букви, броеви, слики, цртежи, распоред на бои, тродимензионални облици, комбинација  на овие знакови, како и од музички фрази прикажани со нотно писмо и слично.

Под условите кои се наведени во прописите, жигот е заштитен со закон. Тоа се однесува на трговските знакови регистрирани во Заводот за интелектуална сопственост, кој води регистри (евиденција) за заштита на трговските марки. Правно или физичко лице кое на овој начин регистрира жиг се стекнува со ексклузивно право да го користи во текот на своето работењето кое е опфатено со регистрацијата.

Употребата на знакот е најочигледна кога тој знак се става на стоката или на амбалажата заедно со симболот ® кој  означува дека  се работи за регистриран заштитен знак

Know – how

Концептот Know – how е настанат во втората половина на деветнаесеттиот век во индустриската пракса на САД- а и Англија, но и до ден денес не е намалена широката прифатената дефиниција на овој поим. Согласно дефиницијата која ја има предложено меѓународната трговска комора во Париз, know- how претставува целокупно пренесување на стручните знаења и искуство за технологијата и производствениот процесот на одреден производ.

Во пракса, know- how подразбира примена на систем на различни знаења и искуство во работењето, каде тие знаења во главно можат да се поделат на комерцијални и технички. Комерцијалните know – how опфаќаат знаења и методи на работење (организирање на продажба, пласман, вршење на услуги...) а техничките know – how ги сочинуваат начините на производство, постапките ( рецептите, прописите, плановите, спецификациите....) кои инаку спаѓаат во доменот на работни тајни.

Оперативен прирачник

Оперативниот прирачник мора да исполни две задачи. Пред се, треба да го содржи описот на начинот на кој примателот на франшизата ќе го врши работењето во склоп на франшизата. Со тоа оперативниот прирачник мора да биде  сеопфатен и детален со опис на сите аспекти на работењето кој ќе ги обавува примателот на франшизата. Од друга страна, поради својата деталност и темелност, оперативниот прирачник треба да биде креиран и како таков да овозможи на давателот на франшизата заштита  на концептот, know- how систем и работните тајна.

Во понатамошниот текст следат информации за основните елементи кои ја сочинуваат основата на секој добро подготвен оперативен прирачник – секако, не може да бидат опфатени сите можни прашања и теми, бидејќи секоја индустрија и бранша имаат специфични карактеристики, која би требало да бидат истакнати преку елементите кои одговараат на оперативниот прирачник. Не постои сомнеж дека оперативниот прирачник наменет за рестораните за брза храна, да кажеме во многу фрагменти ќе биде друг од прирачникот за поправка на автомобили.

Вовед

Краток опис на системот на франшизата и работната филозофија на давателот на франшизата. Односно местото на кое давателот на франшизата треба  во о кратки црти да порача сто се очекува од примателот на франшизата и што примателот на франшизата може да очекува од давателот на франшизата

Франшизни систем

Прецизен опис на правила по кои  функционира франшизниот систем, со детални објаснувања на поединечните компоненти на системот, како и взаемните односи помеѓу давателот и примателот на франшизата.

Опрема

Список на опрема за обавување на  работата во склоп на франшизата, заедно со (по можност на оригиналните) упатства за употреба на опремата која ја подготвува и доставува производителот на опремата.

Ова е делот во кој треба да се наведе и контакт листaта на производителите и сервисерот на опремата, но и искуствата како би ги избегнал или отстранил најчестите дефекти. Исто така често е пракса да во овој дел на прирачникот на давателот на франшизата на примателот му ги претстави архитектонските решенија за продажните места.

Организациски процедури

Ова поглавје обично е поделено во повеќе сегменти, кои покриваат специфични прашања како што се:

  • Работно време- дневно и неделно;
  • Опис на работното место со детален опис на обврските и посебните одговорности за секој вработен;
  • Обука за вработените;
  • Барања по прашањето за изгледот на вработените (одела, обувки, опрема);
  • Процедури за ангажирање на вработените
  • Работна дисциплина;
  • Прописи за заштита на работа;
  • Стандардни формулари и процедури;
  • Правила и препораки за политиката на формирање на цената;
  • Политика на набавка со список на информации за добавувачите;
  • Стандардот на квалитетот на производот/ услугата, вклучувајќи ги и процедурите врзани со жалбите и рекламациите;
  • Книговодство – детален опис на сметководствените стандарди кои треба да ги примени примателот на франшизата. Советуваме да во овој дел да се утврдат и методите и начините на креирање на доставените финансиски документи;
  • Надомест за франшизата – Детална процедура за пресметка на надоместокот кој примателот на франшизата го плаќа на давателот на франшизата, вклучувајќи и обрасците на формуларите кои одговараат.
  • Процедури за операциите со парите и банкарското работење, вклучувајќи и процедури за постапување со чековите и плаќање со дебитни и кредитни картички
  • Осигурување – барање за видот/обемот на осигурувањето кое би требало да го купи примателот на франшизата, или детали за програмот кои го нуди давателот на франшизата или кој се плаќа преку него
  • Процедури за контрола на инвентарот
  • Рекламирање и маркетинг – основни совети за маркетинг и опис на продажни техники кои се користат во системот на франшизата; огласување на продажните места; опис на активностите во односите со јавноста кои ги користи франшизниот систем, упатство за тоа како се организира промотивна кампања во врска со отворање на продажни места.
  • Услови и барања за употреба на трговски марки и други посебни знакови на франшизниот систем, полн опис на таканаречените компаративен идентитет на франшизниот систем.
  • Список на основни закони и прописи кои се однесуваат на примателот на франшизата.

Стандардни формулари и обрасци

Овој дел треба да содржи примероци на сите обрасци и формулари кои примателите на франшизата  ги користат во своето работење, вклучувајќи ги и формуларите кои се веќе наведени во друг дел на прирачникот. Покрај тоа, можат да бидат прикажани и моделите за: типски договор за вработување, франшизни договори кои бараат од вработените чување на тајност на доверливи информации, останати договори кои примателите на франшизата ги користат во своите  секојдневни активности (на пр. договор за давање на услуги или договор на дело), како и договори кои се користат во работењето со клиентите

Список на вработени кај  давателот на франшиза

Список на врабоотени кај даватели на франшиза со контакти кои одговараат, т.е.т листа на луѓе на кој примателите на франшиза им се обраќаат по прашања од различен аспект на работењето

Именик

Список на сите адреси и телефонски броеви, кои можат да бидат користени во работењето со франшизата

Услуги кои давателот на франшизата ги дава на примателите на франшизата

Една од основните практични разлики помеѓу традиционалната дистрибуција и добро развиениот франшизен систем е степенот на поддршка кои примателите на франшизата ги нудат на давателот на франшизата и тоа во видот на веќе подготвените и редовни услуги (подршка) т.е.т услуга во текот на работата [1] 

Давателите на франшиза во секој случај имаат одговорност која е врзана за развој на производите и услугите, рекламирање и односи со јавноста за целиот систем, решавање на проблемите за набавка и одржување на административниот и финансискиот систем и на крај одржување на дисциплина во системот и настојување да се сочува квалитетот на стоката или услугата понудена со помошта на примателот на франшизата

Обемот на услуги кои ги нуди давателот на франшизата се менува во зависност од видот на работењето кое се врши во дадениот систем и начинот на кој е тој организиран. Давателот на франшизата кој бара личен ангажман од примателот на франшизата во постоечкото работење (како на пример услуга за чистење, која директно ја врши  ја примателот на франшизата ) може да ја понуди на своите  приматели како  поддршка во широкиот спектар на административни  сметководствени услуги. Во франшизниот систем  во кој примателот сам ги вработува  лицата и управува со сопствената продажна единица ( на пример  ресторан на брза храна ) давателот ќе се фокусира на оперативното управување, но и на други видови подршки на приматели во сферата на управувањето - како што се лична обука, обука на вработените, обука за квалитетно управување со кадарот и.т.н

Од страната на давателот на франшизата, битно е да франшизниот систем биде организиран така да  кај примателот на франшизата генерира потреба да контролирано ги користи неговите услуги и како резултат на тоа  редовно го плаќа надоместот за франшизата. Таквото континуирано користење на услугата  и поддршка, на давателот од страна на примателот на франшизата всушност тоа му носи дополнителна сигурност, бидејќи и јасно дека сите приматели ќе постапуваат по исти стандарди, и во склоп на тоа ќе очекуваат исти резултати.

 Однапред подготвени услуги ( пред да започне работењето на продажните единици на примателот)

1.Интензивни програмирани обуки за:

  1. производи/услуги кои ги нуди франшизниот систем
  2. информации за конкуренцијата
  3. маркетиншки техники
  4. метод за регрутација и обука на вработените
  5. сметководство и известување
  6. управување со залихите
  7. софтвер и хардвер
  8. раководење со специјална опрема

2. Помош во изборот на локацијата

Давателот на франшизата обично подобро ги знае условите кои треба да ги даде добрата локација на која примателот ќе работи.

3.Помош во текот на изградбата/адаптацијата на локацијата( униформираниот изглед на продажната единица на франшизната мрежа обично најбрзо и најевтино се постигнува ако се искористат стандардните планови и спецификации кои веќе ги развил давателот на франшизата)

4.Нарачка и инсталација на опрема

5. Прва испорака на стока/пополнување на асортиманот

6. Набавка на стандарден софтвер

7. Вработување на лица (многу иматели на франшиза немаат искуство во интервју со кандидатите за работа)

8. Помош во организирање на промотивна кампања врзана за отворање на  продажна франшизна единица

Редовни услуги на давателот на франшизата (во текот на обавување на дејноста на примателот)

  • Редовно посетување и советување на примателот на франшизата
  • Обука за новите вработени приматели на франшизата
  • Истражување и развој на франшизата
  • Развој на нови маркетиншки стратегии (многу франшизни системи го зголемија својот пазарен дел и профит применувајќи нови идеи и производи кои ги предложиле примателите на франшизата)
  • Заеднички програм за набавка на производи или услуги кои ги даваат надворешните добавувачи.
  • Рекламни кампањи и односи со јавноста организирани за цел франшизен систем
  • Обезбедување на единствен промотивен материјал за сите единици на франшизата
  • Организација за учество на саеми
  • заедничко спроведување на процедури за воспоставување на квалитетни односи со клиентите (CUSTOMER RELATION MANAGAMENT)
  • Овозможување на меѓусебна размена на искуства со организирање на редовни состаноци со примателите на франшизата, издавање на корпоративни списанија или раздвижување на интернет мрежата
  • Развој на заеднички системи за целиот веб- сајт, кој може да послужи не само за презентација на франшизниот систем и неговата понуда, туку и да биде достапен за заедничкото ажурирање на пример оперативен прирачник

Надоместок за франшизата

Давателот на франшизата треба прецизно да ја дефинира структурата и износот на надомест  кој примателот на франшизата има обврска да ја плаќа. Исто така, важно е да се објасни и висината на сите останати неопходни вложувања за пристап во системот, како и нивната динамика. И на крај давателот на франшизата би требало да го проектира финансискиот резултат кој ќе може да го оствари тој и примателот на франшизата

Најчесто се три облици на надомест

  • Влезна франшизна надомест или влезен надомест (англиски. an initual franchise free)
  • Редовна ( некаде и тековна) франшиза ( анг. an on-going franchise free, a royalty)
  • Надомест за маркетинг ( eng. an advertising contribution, an advertising free)

Праксата на франшизниот систем во САД покажува да типична влезниот надомест  изнесува 10.000 до 30.000 долари, но може да биде и полни 100.000 долари, па и повеќе ако понудениот концепт има добра репутација и исплатливост, или ако територијата на која примателот на франшизата дава прилично голема ексклузивност. Од друга страна, редовниот надомест обично се искажува како процент од приходот, и во најголем број изнесува од три до шест посто од приходот, слично е и за маркетинг- обично е измеѓу еден и три проценти од приходот. Треба да се спомне дека во случај на франшизна дистрибуција влезниот надомест како и редовната надомест често се пресметуваат во цената на стоката кој се испорачува од страна на давателот на франшизата. Тоа дава можност во франшизниот систем да се приклучат и претпријатија кои немаат доволно капитал, а се спречуваат  и да се појават спорови по прашањето на висината која се плаќа на давателот на франшизата.

Влезен франшизен надомест

Обидот некогаш правилно да се утврди влезната надомест потсетува како на „гледање во џеб“  а не на професионална економска калкулација. Искуство, покажува дека на висината на надоместот треба да влијаат следните фактори:

  • Природата и обемот на поддршката која му се дава на примателот во облик на однапред подготвени редовни услуги
  • Трошоци на таквите поддршки
  • Механизам (доколку постои) за помош во прибавување на финансиски средства, како и висината на таквите средства  кои давателот може да ги понуди  на примателот
  • износот на надомест кој го плаќа конкуренцијата
  • вредноста на марката на стоката- трговската марка и вредноста на know- how  концептот кој го нуди давателот на франшизата
  • големината на подрачјето на кое примателот на франшизата ќе оперира (големина во географска смисла и во смисла на населеност)
  • рокот на траење ( мандатот) на франшизниот договор

Теоретски, влезната надомест треба да ги покрие трошоците на давателот на франшизата во врска со креирање и продажба на франшизниот пакет. Меѓутоа искуството покажува дека овој надомест  обично не е доволен за покривање на  тие трошоци, посебно во фазата на развојот на франшизниот систем. Тоа е делумно бидејќи давателот на франшизата кога го отпочнува да го гради франшизниот систем понекогаш се одлучува да понуди франшизен пакет со влезна надомест  одредена на долната граница од предвидениот износ. Давателите на франшизен пакет кои се почетници на овој  начин сакаат да ја направат атрактивна понудата за примателите. Како што може да се претпостави давателите на франшизниот систем со развојот на системот се помалку се спремни да ја намалат  влезниот надомест и кога повеќе приматели се заинтересирани да се приклучат на франшизниот систем.

Давателите на франшиза кои сакаат да привлечат што поголем број на приматели на франшиза,  висината на влезниот надомест а обично ја формираат на ниско ниво - во просек се движи некаде 10% од вкупната сума која ја му е потребна на примателот на франшизата да го започне работењето,  а не би го сочувале капацитетот за успешно работење. Овој однос може и да падне и под 10% за системи кои бараат високи капитални издатоци  за примателот на франшизата. Инаку тој процент е поголем посебно во случај  кога франшизниот систем  не бара големи капитални инвестиции за примателот на франшизата.

Редовен франшизен надомест

Давателот на франшизата наплаќа од примателот на франшизта редовен надомест: за користење на својот заштитен знак ( трговска марка), за употреба на know-how, за поддршка во облик на редовна услуга која му ја дава во текот на мандатот на франшизниот договор, и.т.н. Овој надомест а обично се пресметува како процент од вредноста на остварената продажба која ја остварува примателот. Во поголем број на случаеви, редовниот надомест е главен извор на приходи за давателот на франшизата и таа треба да биде дупло повисока за давателот на франшизата да биде во состојба да го одржи континуиран развој на системот и истовремено да има пристојна заработка. Со  тоа одредувањето на добар износ на редовниот франшизен надомест е од суштинско значење на обемот и фреквенцијата на редовните услуги кои на членовите на мрежата може да им ги понуди давателот на франшизата.

Надомест за заеднички маркетиншки фонд

Со оглед на фактот дека за примателот на франшизата една од најважните предности на франшизното работење е препознавање на брендот и така нареченото goodwil ( добра волја) на  давателот на франшизата и неговиот систем во целина, често се случува да на примателот на франшизата му се наплаќа и посебен надомест која исклучиво служи за финансирање на промотивните активности и огласување на целиот систем. Кога се одредува износот на овој надомест давателот на франшизата треба да го  земе во предвид износот на средствата потребни за изработка на адекватна количина на рекламен материјал. На тој начин, формираниот заеднички фонд за маркетиншки активности ја финансира рекламната активност и односите со јавноста на франшизниот систем.

Не е невообичаено да на самиот почеток на воспоставувањето на франшизниот систем не се наплатува за надомест за заеднички маркетиншки фонд во текот на одреден период. Оваа пракса се применува се додека средствата собрани за оваа цел не бидат доволни да ги подржат промотивните активности во обем кој одговара на системот.


Igor Bogojević
Игор Богојевиќ
Партнер

погледнете ги текстовите

Што е Discovery Day? /02.04.2019

Discovery Day ( Ден за запознавање) е вообичаерн термин, но и „обичај“ во многу земји во кои франшизната форма на водење бизнис е многу развиена. Наједноставно, Discovery Day е ден во кој, како заинтересиран кандидат за купување франшиза, за прв пат, „во живо“ се запознавате со франшизниот систем. И обратно!

Европски етички кодекс за франшизи /26.10.2018

Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

најчитани

LG Салон за перење /19.03.2019

Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

популарно во форумот