Coders Lab

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Coders Lab е професионално ИТ училиште- најголемо и најуспешно од овој тип во Полска. Тоа е така бидејќи поседува најшироко портфолио на производи на полскиот пазар и иновативна образовна програма која досега успеа да промени над 2 400 кариери, преку обуки за различни дефицитарни ИТ вештини. 

Целодневните курсеви на Coders Lab во моментот можат да се посетуваат во девет полски градови. Курсевите вклучуваат интензивни предавања, каде што учесниците покрај фактот што ќе добијат едукативни курсеви во училница, имаат шанса да работат и на конкретни независни проекти. Ова е докажан метод на учење кој им овозможува на учениците да ги стекнат неопходните ИТ вештини низ пракса, и по завршувањето на курсот да можат веднаш да продолжат да работат.

По успешниот развој на полскиот пазар, Coders Lab планира меѓународна експанзија и проширување на своите филијали во Европа. ,,Ние веруваме дека нашиот производ и искуството во изработка на програми за ИТ курсеви, одлично ќе се вклопуваат во можностите и потребите на пазарите на труд во повеќето земји каде што бараме партнери, кои во иднина би биле носители на франшизата во регионите каде што работат”. 

Во потрага сме по партнери кои се заинтересирани со нашиот бизнис модел и нашата поддршка и искуство, да отворат и водат сопствени ИТ училишта на локалните пазари во земјите каде што работат.

Ние ви нудиме:

  • Ексклузивно право да отворите Coders Lab училишта во вашиот регион.
  • Осмислен и проверен бизнис модел- кој со сигурност ќе ви го даде проектираниот приход и ќе ви овозможи брз повраток на инвестицијата.
  • Шанса да креирате бизнис во една од најбараните индустрии во светот- едукација за ИТ вештини. 
  • Шанса- заедно со нас да учествувате во градење на силен глобален бренд.  

Енормниот раст на ИТ и софтверската индустрија во светот во последните две декади, доведе до зголемување на потребата за кадар со ИТ вештини. Според податоците на компанијата Global Knowledge, која е светски лидер во давањето на услуги за професионална едукација во ИТ областите, дури 70% од глобалната индустрија има проблем со дефицитот на работната сила во областа со Информационите технологии.  

Посебно се дефицитарни вештините за програмирање, а традиционалните образовни институции не се во состојба да одговорат на таквата потреба, и често и не се ни трудат доволно да бидат во тек со екстремно брзите промени во оваа индустрија, и не се довлолно брзи во надградувањето на своите наставни курикулуми, приладувајќи ги на светските трендови. Дополнително настаните програми на традиционалните училишта и факултети се правени да содржат опширно и теоретско знаење, за чие совладување се потребни месеци и години, а нашата пракса покажува дека постојат методи кои на многу побрз начин можат да им помогнат на студентите да ја совладаат оваа материја и да бидат спремни за имплементација на наученото. 

Нашите буткампови за програмирање [Coding Bootcamps] се интензивни програми за учење на начините на развој на софтвер и стекнување со ИТ вештини. Карактеристични се по интензитетот и по тоа што наставните програми се правени да содржат големо компресирано знаење со цел на брз и ефективен начин на студентите да им помогнат да ја совладаат материјата за неколку недели, за кое во традиционалните училишта е потребно многу повеќе време. 

Мисијата на буткамповите не è само на студентите да им пренесе практично знаење, туку и да им помогне и во процесот на пронаоѓање на работа. За тоа постои и нашата Carees Lab- програма која ги спојува студентите со потребите на реалниот сектор, според ИТ вештините на секој од кандидатите. 

Поголемиот број на луѓе кои ја поминуваат нашата обука, успеаваат да пронајдат работа во рок од неколку месеци, по завршување на курсот. 

Идејата на забрзаните курсеви за ИТ вештини кај нас се појавува во 2011 година и од тогаш привлекува се поголем број на заинтересирани. Само во 2017-та година нашите буткампови ги имаат поминато над 23 000 програмери. Се очекува оваа бројка само да расте. 

Во Македонија, секторот за ,,Информационо комуникациски технологии- ICT” е еден од најбрзо растечките и è една од најважните области кои ја придвижуваат националната економија напред. Позитивниот тренд и забрзаниот развој и промоцијата на овој сектор, ќе продолжи и во иднина, првенствено во областа на интернетот и мобилната технологија, развојот на апликации и аутсорсинг на ИТ услуги за странство. Програмирањето и услугите околу него, веќе стануваат значаен дел на надворешно-трговскиот биланс на нашата земја. 

Се повеќе се чини дека итно треба да се зголеми бројот на ИТ кадри на пазарот во Македонија, со оглед на нивото на невработеност во земјата и дефицитот на ИТ професионалци. Услугите кои нашето училиште Coders Lab ги нуди, совршено се вклопуваат во реалната потреба на пазарот и ги нуди вештините кои најмногу се бараат:

Нашите курсеви:

  • Дигитален UX
  • WordPress: Фриленсер
  • Тестери
  • Мануелен тестер / автоматски тестер
  • Front-End Developer: WordPress
  • Јава програмер: React
  • Back-End Developer: PHP / Python / Ruby
  • Јава програмери: веб
  • .NET (C #) програмер: веб

Во Македонија, Coders Lab бара ексклузивен носител за нашата франшиза кој ќе биде одговорен за развој на мрежата на ИТ училишта низ целата земја. Ние ви нудиме целосно решение за влез во оваа индустрија, користејќи ја предноста што ќе ја добиете преку нашето огромно искуство, know-how, комплетни курикулуми за сите курсеви, материјали и поддршка во спроведување на курсевите.

Нашата желба е заедно со вас да учествуваме во градењето на брендот на локалниот пазар во Македонија.  

сопствени деловни единици

Девет училишта во Полска

франшизна единица

Романија

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

  • Оригинални ИТ курсеви базирани на 9 технологии, со постојан развој и константно подобрување на наставните програми.
  • Обука за: предавачи и ментори, луѓе кои ќе работат на маркетинг и продажба, човечки ресурси.
  • Тековни обуки и консултации, поврзани со тековната работа на училиштата.
  • Learning Management System.
  • Стратегија за маркетинг и продажба.
  • Наменска локална веб-страница.
  • Поддршка во процесот на регрутирање на персонал, а пред сè на предавачи и ментори.
  • Кnow-how за воспоставување на Career Lab- програма насочена кон поддршка на студентите во изнаоѓање на соодветни работни места по завршувањето на курсеви.

очекувана вкупна инвестиција

  • Влезна цена за превземање на франшизата: 15.000 евра.
  • Редовна надокнада како процент од приходот на училиштето.
  • Имплементирање на франшизата на Coders Lab не бара премногу капитални инвестиции и практично најголемиот дел од трошоците се трошоци за преведување материјалот за курсевите. Обуката обезбедена од сопственикот Coders Lab е бесплатна, но носителнот на франшизата ги покрива трошоците на обучувачите за време на обуката (хонорар, патни трошоци и трошоци за сместување).

основни барања

Профил на посакуваните партнери:

  • Компании кои сакаат да ја прошират својата деловна активност, односно нивното деловно портфолио со образовни услуги.
  • Тимови способни за продажба и поддршка на клиентите.
  • Претприемачи кои се запознаени со трендовите на пазарот на образовни и ИТ услуги.
  • Партнери кои се подготвени да инвестираат време и енергија во развојот и проширувањето Coders Lab системот на нивниот пазар. 
  • Компании кои се веќе активни во сферата на образованието, како што се јазични училишта или приватни училишта.
  • Ние исто така сме заинтересирани да соработуваме и со компании за развој на софтвер или каква било активност поврзана со ИТ индустријата.

информација за давателот на франшиза

Coders Lab sp. z o.o.

Prosta 51 00-838 Warszawa

+48 604 701 337

grzegorz.morawski@coderslab.pl

coderslab.com

контакт особа за кандидатите

Контакт лице за кандидати:  Grzegor Morawski (англиски

полски) +48 604 701 337 grzegorz.morawski@coderslab.pl

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Coders Lab

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Дигиталните вештини во основата на бизнисот /31.07.2019

Вложувањето во образование е исплатливо, велат основачите на полското училиште за програмирање Coding Giants. Можност им се дава и на идните приматели на франшиза од овој регион.

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

Со упорност до успех /30.04.2019

Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“

Брзото читење го освојува регионот /01.03.2019

Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.