Coding Giants

информација за франшизниот ситем
опис на франшизниот систем
Coding Giants е иновативно училиште за програмирање кое ги едуцира младите луѓе заинтересирани за новите технологии и комјутерско програмирање.
Училиштето Coding Giants го основале четири дипломци на Варшавскиот технолошки универзитет. Последните четири години отворивме повеќе од 50 училишта за програмирање и станавме лидери на Полскиот пазар.
Секојдневно своето знаење и искуство им го пренесуваме на младите генерации. Целта ни е во рамките на комјутерската наука да ги описмениме младите кои во иднина ќе можат да се позиционираат на современиот пазар на трудот без комплекси или фрустрации.
Сакаме што поголем број млади да инспирираме и да им ја поттикнеме страста за програмирање бидејќи сметаме дека со совладувањето на програмирањето не се развиваат само дигиталните вештини кои ќе им обезбедат подобра почетна позиција во иднина, туку, што е уште поважно, ќе го поттикне развојот на логичното мислење. Мисијата на нашето училиште е тоа знаење да го направи достапно до што поголем круг на млади луѓе со што би им ги прошириле погледите, би им дале простор за равивање на креативноста и би ги поддржале во создавањето на нивната иднина.
Курсевите во Coding Giants се наменети за деца и млади од 7 до 19 години кои ќе бидат распределени во внимателно избрани групи. Програмите за курсевите ги подготвуваат специјалисти за програмирање кои ќе го изберат и приспособат материјалот според возраста и можностите на учениците.
Карактеристики на Coding Giants:
- Повеќе од 250 програмски лекции
- 12 курсеви за групи деца од 7 до 19 години
- Повеќе од 7000 задоволни учесници
сопствени деловни единици
58 (во Полска)
1 (во Шпанија)
франшизна единица
44 во Полска
1 во Словачка (Мастер)
1 во Чешка република (Мастер)
фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза
поддршка за примателот на франшиза
Што добивате доколку станете наш примател на франшиза?
- Со преземањето на нашето искуство и знаење (know-how) ќе заштедите пари и време
- Ќе ги научите потврдените стандарди во управувањето со едукативните установи
- Ќе ги добиете наставните скрипти за водење на курсевите и едукативните материјали за учениците
- Ќе ги добиете обрасците за докуметите и материјалите за маркетинг
- Ќе добиете пристап до целосниот CRM систем кој го олеснува процесот на пријавување на учесниците, плаѓање и комуникација со клиентите
очекувана вкупна инвестиција
Околу 6000 евра за едно училиште за програмирање (почетен надомест за лиценца, опрема, уредување на просторот).
Цената за мастер лиценцата зависи од територијата (потребна е дополнителна проценка)
Надоместот за лиценца можете да го исплатите на два начини:
- фиксен месечен надомст
- провизија од приходот
основни барања
Што очекуваме од примателот на франшизата?
- се претпочита поседување на основни вештини за програмирање и познавање на IT пазарот
- познавање на локалниот пазар за едукација
- мотивација и подготвеност да работи во пошироки рамки
- простор од најмалку 30 m2 на атрактивна локација (сопствен или под кирија)
- трудољубивост и лојалност во водењето на бизнисот
- предност е искуството во водењето бизнис
информација за давателот на франшиза
Giganci Programowania Sp. z o.o.
ul. Krucza 46/LU3, 00-509 Warszawa
+48 720 804 071
контакт особа за кандидатите
Пјотр Пелка (Piotr Pełka) – англиски
полски
дознај повеќе
погледнете ги текстовите
најчитани

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.
Како се прилагодуваше начинот на работењето во услови на пандемијата и на каква поддршка можеа да сметаат бројните приматели на франшизи, одговара Радослав Кулеша, коосновач на училиштето за програмирање за деца, Coding Giants.
Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.
Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример
Полскиот франшизен систем на училишта за програмирање, Coding Giants , има намера да отвори училишта во земјите од регионов. Што научија во време на пандемијата со коронавирусот и како тоа може да биде предност за идните приматели на франшиза?

„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.
„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор
Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.
Сплет на околности ги навел Воислав Пековиќ и Александра Милосавлевиќ да наместо во Белград, отворат училиште за ментална аритметика „Malac genijalac“ / „Малиот генијалец“ - во Скопје. Сега велат дека постои потенцијал за отворање на нови училишта во скоро сите градови во Македонија.

Мултидисциплинарното училиште School & School формирана во БиХ, од неодамна дејствува и во Бугарија. Франшизата е достапна и во други земји од регионот.
Полскиот франшизен синџир на училишта за англиски јазик Early Stage не запре со работата и покрај затворањето на училиштата. Часовите ги одржуваат online. Дали и примателите на франшиза го користат ова решение?
Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!
„Практиката покажува дека колку повеќе примателите на франшиза се потпираат на нашето искуство и препораки, толку им се подобри резултатите во работењето“ вели Ана Јурак, менаџер во одделението за деловни корисници на едукативниот концепт Edukido.
Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.
Полскиот едукативен концепт Едукидо планира ширење на франшизната мрежа надвор од границите на Полска. Покрај национална мастер франшиза се нуди и одделна франшиза.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.