DepilConcept

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

DepilConcept е мрежа на специјализирани козметички центри (клиники) кои нудат сеопфатни и иновативни услуги за трајно отстранување на влакна користејќи класични и напредни фототерапевтски методи (IPL и диодни ласери) - по пристапни цени.

DepilConcept е лидер на пазарот на овие услуги во Португалија и Полска, благодарение на модерен бизнис модел кој се базира на три принципи:

Прецизност и брзина
Нашиот посветен и искусен персонал врши исклучиво депилација. Ваквата специјализација и пристап кон работата ни овозможува нашите услуги да бидат многу прецизни и брзи.

Квалитет и поволна цена
Високиот квалитет на услуга е обезбеден со современи уреди и професионалноста на добро обучените вработени. Затоа, DepilConcept може да понуди најдобар сооднос на цена и квалитет на пазарот.

Профитабилност
Бизнисот мора да биде профитабилен, следствено на тоа деловниот концепт на ДепилКонцеп е дизајниран да овозможи профитабилност уште од првиот месец на работа.

DepilConcept го разбива воспоставениот мит со кој ефективна и трајна депилација е луксузен третман кој можат да го приуштат само “богати“ клиенти.

На меѓународно ниво работиме според моделот на проширување преку Мастер франшиза - бараме партнери кои потоа како корисници на Мастер-франшизата ќе го развијат DepilConcept во сопствената земја. Мрежата можат да ја шират со сопствени центри или со центри на приматели на единечна (single-unit) франшиза, паралелно со нашата целосна поддршка.

сопствени деловни единици

4 во Португалија

франшизна единица

Португалија: 60
Бразил: 23
Полска: 62
Србија: 5
Словачка: 2
Чешка: 1
Ирска: 1

 

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Пред отварањето, DepilConcept обезбедува целосна обука (3 недели) за примателот на Мастер-франшиза, и тоа за сите вештини кои се неопходни за работењето: техничка обука, обука за продажба, маркетинг, оперативно работење и финансии. Исто така, по отворањето продолжуваме со силна поддршка на Мастер примателот. Редовно го пренесуваме нашето знаење и деловно искуство во текот на целото работење, правиме маркетинг тренинзи и го снабдуваме Мастер примателот со маркетинг материјали.

Поддршка за примателите на Мастер франшиза:

  • помош при избор на локација за центарот,
  • помош при регрутирање на вработени;
  • сеопфатна обука за корисниците и вработените;
  • процедури за активно придобивање на клиенти;
  • маркетинг стратегија;
  • континуирана поддршка во областа на комуникација со клиентите и продажбата;
  • поддршка од специјалисти за козметички услуги, финансии и продажба;
  • редовни обуки;
  • поддршка за одржување на опремата

Придобивки за примателите на франшиза:

  • гаранција за профитабилност;
  • брзо враќање на инвестицијата;
  • докажан бизнис концепт;
  • недостаток на бизнис искуство и непознавање на козметичката индустрија не се услов, ниту пречка за успешен бизнис;
  • станувате дел од иновативен ланец кој работи во неколку европски земји;
  • советување во развој и маркетинг;
  • можност за постојано подобрување преку системот на континуирана обука;
  • територијална ексклузивност за договорената територија.

очекувана вкупна инвестиција

  • 26.000 до 34.000 евра за отворање на првиот центар (инвестиција во самиот локал);
  • околу 40.000 евра за Мастер лиценца;
  • Редовни месечни надоместоци:
    • 250 евра месечно за првиот центар / клиника;
    • 50 евра месечно за секој следен центар

основни барања

DepilConcept бара примател на Мастер франшиза кој/а е амбициозна и динамична личност. Пожелно е (но не и предуслов) искуство со франшизинг, управување со компании или претходно работење во козметичка индустрија и сектор на услуги за нега на убавина.


информација за давателот на франшиза

DepilConcept, Lda.

1050-227, Rua Tomás Ribeiro, 71, piso 3, Lisabon, Portugal

depilconcept.com

контакт особа за кандидатите

Anna Ermakova (Англиски и португалски)

tel: +351 93 77 44 630  Igor Bogojević (Српски)

tel/viber/whatsapp: +381 63 222859

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до DepilConcept

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

Секторот на убавина во време на пандемија: неколку искуства /29.04.2020

Епидемијата од коронавирусот влијае и на бизнисот поврзан со нега и убавина. Како се справуваат франшизните системи во оваа, новонастаната состојба? Пренесуваме искуства од Полска.

Нови клиники за убавина во регионот - јасна цел за 2020 /29.01.2020

Почетокот на годината обично е време за рекапитулација и анализа на претходното работење. Што го обележи португалскиот ланец за депилација DepilConcept во овој период ни кажува Алешандре Лоренсо, сопственикот на брендот.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

Давателот е како добар тренер /01.02.2019

Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.