EASY BEER

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

  • Опуштеност, удобност и привлечна атмосфера каде што сите кои го сакаат вкусот на пивото и деликатесна храна можат да уживаат во преку 200 различни видови пиво.
  • Гостите можат пробаат широк избор на пива, во било која количина, на ѕидот на пивото. Тоа е ѕид за самопослужување со 20 или повеќе избрани пива на точење и најсовремени дозери.
  • Easy Beer технологијата му овозможува на шанкот да го контролира дозирањето на пиво и на тој начин да одржува стабилна профитабилност. Дозерите се поврзани со кеговите (бурињата) сместени во фрижидер - ладна соба, така што секое пиво се чува на соодветна температура, со што се задржува вистинскиот, оптимален вкус. Ја имаме регулирано контролата на пена така што нивото при самоуслужното точење на ѕидот се сведува на потребно, минимално ниво. Во "Easy Beer", ниту едно буре не се задржува повеќе од една недела, и нема никакви губитоци. Секој милилитар пиво се пресметува и наплатува. Без разлика дали гостинот наточил и испил пар милилитри пиво, „само за проба“, или ја наполнил чашата “до врв“ - секогаш се е пресметано и наплатено.
  • Гостинот добива картичка, со која потоа се служи кога точи пиво во чашата - било кое пиво, во било која количина. Плаќа токму онолку колку што наточил и испил - било да е 5 или 500 милилитри.
  • Изборот на пива се врши од страна на нашите сомелиери, и изборот на пиво на точење се менува секоја недела.
  • Изборот на пиво ги вклучува најдобрите локални и меѓународни пива, занаетчиски пива и други невообичаени и деликатесни пива, така што има избор за сите што уживаат во пиво. Пивото е достапно во шишиња и на точење.
  • Исто така постои и самоуслужен виски-ѕид и вински ѕид, така што покрај пивото можеме да им удоволиме на сите други што доаѓаат во Easy Beer.
  • Закуските и оброците од широкото мени се подготвуваат од добро обучен персонал. Кујната е од отворен тип, така што секој гостин може да го види процесот на подготовка на храна.
  • Како бизнис, Easy Beer е создаден за да обезбеди добар приход, со стабилен раст, но исто така и да биде бизнис кој е лесен за водење. Додека повеќето угостителски бизниси се карактеризираат со високи трошоци за вработени и персонал, кај Easy Beer таквите трошоци се сведени на минимум, притоа одржувајќи високо ниво на услуга за гостите. На нашите партнери им ги обезбедуваме сите потребни алатки, материјали, обуки за бар, кујна и односи со гостите, и тоа за сите нивни клучни вработени лица, како дел од франшизниот пакет.
  • Профитабилноста и одржливоста на бизнисот е сигурна, благодарение на постојано силниот интерес за пиво и зголемената популарност на занаетчиските пива ширум светот, и повеќе од пристојните маржи кои пивото ги овозможува.
  • Имаме развиено и иновативен сопственички софтвер интегриран со POS касата, тако што не само што прифаќаме кеш и картички, туку ја контролираме потрошувачката и управуваме со програмите за лојалност за гостите.. Софтверот е развиен така што можете да ги контролирате вашите трошоци и приходи од секаде користејќи компјутер или паметен телефон со интернет пристап. Софтверот исто така управува со POS касите и дозерите за пиво, и за истиот се овозможени разни надградби и унапредувања, така што секогаш ќе ја имате најажурната верзија.
  • Нашите пивски сомелиери сега се и ваши сомелиери. Нема потреба да се вработува персонал за овие цели, кој инаку е многу скап. Нашите сомелиери ќе ви помогнат да покрај избраните меѓународни пива, го направите најдобриот избор на локални пива од вашиот регион.
  • Управувањето со бар и ресторан може да биде многу сложено, со еден куп податоци и пресметки - набавни цени, залихи, маркетинг, вработени, профитни стапки - работи со кои треба да се занимавате. Тимот на Easy Beer ги има подготвено сите овие пресметки и тестирано многу пати, што на тој начин овозможува да добиете олеснување и насоки за сите работни процеси, а со тоа и да ја максимизирате профитабилноста.
  • Најпопуларните и најпрофитабилни пива се селектират за вас. Изборот на храна е исто така предмет на анализа на трошоците и профитабилноста, како и сè друго - избор, достапност и сезоналитет.
  • Сепак, вие сте тие кои најдобро го познаваат своето опкружување, а нашиот бренд менаџер, заедно со вас, внимателно ќе работи на изборот на вистинското мени и избор на пијалоци и нивно редовно подобрување.
  • Ние сакаме максимално да го лесниме вашето работење и да овозможиме да бизнисот го водите профитабилно и успешно.

сопствени деловни единици

2 (Рига, Латвија)

франшизна единица

1 Словенија (Копер),
1 Унгарија (Будимпешта)

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Easy Beer е достапен во три различни и флексибилни формати:

  • Бар / ресторан во популарни туристички места
  • Бар / ресторан во трговски центри и аеродроми (без тераса)
  • Бар / ресторан на прометни локации, за домашни гости (со помалку сезонски влијанија, со за нијанса различно мени)

Повеќе опции за деловна соработка:

  • Простор помеѓу 150 и 500 м2
  • Франшиза за бизнис формат (достапна опција за франшизна конверзија - кога постоечки бизнис - бар/ресторан, се менува во франшиза)
  • Единечна франшиза или повеќе единици

Пакетот Easy Beer вклучува:

  • Почетна обука за клучните вработени
  • Сеопфатен оперативен прирачник
  • Книга на визуелни стандарди (фотографии, графика, лого, фонтови, бои ...)
  • Детален финансиски модел за секоја од опциите за деловна соработка
  • Евалуација и одобрување на локација и простор
  • Локализација на менијата и картите на пијалоци
  • Принципи на ценовни политики и мерчендајзинг
  • Easy Beer технологији и софтвер
  • Проект (дизајн)
  • Современа опрема за точење и софтвер за контрола - со посебни, поповолни услови за купување кои важат само за примателите на франшиза
  • Опција за лизинг на опрема
  • Добавувачи (мебел, опрема, итн.). под поповолни услови
  • Шаблони за веб-страници и интернет-домени
  • Редовна поддршка и контроли
  • Маркетинг поддршка и маркетинг алатки
  • Редовно ажурирање на менијата со рецепти и упатства

очекувана вкупна инвестиција

Инвестиции

  • Износот на вкупната инвестиција зависи од многу фактори, вклучувајќи ги и уредувањето на просторот, депозитот за закуп на простор итн.
  • Типичен Easy Beer бар/ресторан бара инвестиција од околу 150 000 евра (вклучувајќи опрема и софтвер од околу 80 000 евра). Достапни се и опции за лизинг на опрема. Повеќе информации на индивидуално барање, стапете во контакт.
  • Проценет период на враќање на инвестицијата: 14-30 месеци.
  • Договор за франшиза: 10 години (со можност за продолжување)

Франшизни надоместоци

  • Влезен надоместок: 23 750 EUR (висината на надоместокот е помал за првите приматели во нова земја/територија, но исто така и за примателите со повеќе единици)
  • Редовниот надомест се наплаќа од 4-тиот месец.

Area Development

  • Условите  за area developeri се предмет на специјални договори. Стапете во контакт

основни барања

Не ви треба посебно знаење или искуство за водење на бар или ресторан. Тоа ќе ви го дадеме ние. Потребна ви е љубов и страст за пиво и добра храна, друштвеност и социјални вештини, за да можете да го одржите вистинскиот амбиент за гостите. Се разбира, неопходно е да имате доволно финансиски средства за да инвестирате.


информација за давателот на франшиза

SIA EASY BEER

+371 29 558 222

franchise@easybeer.eu

easybeer.lv/en/

контакт особа за кандидатите

Juris Roganovs (контакт јазик: англиски) Игор Богојевиќ (српски) - +38163222859

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до EASY BEER

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Одличниот Surf’n’Fries е веќе во Белград. Дали наскоро го гледаме и во Скопје? /13.02.2020

Ланецот ресторани Surf’n’Fries, познат по помфритот, необичните сосови и оригиналната амбалажа, пристигна и во соседството. Првиот ресторан од овој франшизен ланец отворен е во Белград.

Место на пазарот за познатата пицерија /31.12.2019

Pizza Hut започнува со ширење на франшизната мрежа во централна и источна Европа. Што е потребно за отворање на ресторан и колку чини да се работи под овој бренд?

Нов Subway во Загреб /12.12.2019

Subway, најголемиот франшизен ланец на ресторани во светот, кон крајот на ноември го отвори и вториот ресторан во главниот град на Хрватска, Загреб.

Супи во чаши кои се јадат - украинска франшиза со еколошка амбалажа! /17.11.2019

Украинскиот синџир Soup Culture кој е познат по подготовка и продажба на супи во чаши кои се јадат, има франшизи во седум земји и планира ширење на мрежата низ Европа.

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

Унгарска франшиза на сладоледи на стапче /11.09.2019

„Сакавме да создадеме место каде секој ден ќе биде лето“ - велат сопствениците на Anjuna, унгарска франшиза за продажба на сладолед на стапче, која сакаат да ја пренесат и на други пазари - вклучително и Македонија.

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

Провери и поправи /18.06.2019

Од што е направена и како треба да изгледа совршената Dominos’s пица? Вештачката интелигенција го знае одговорот.

Замрзнати ролнички /11.06.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, предвидува проширување на мрежата низ Европа. Свои партнери бараат и во нашиот регион.

CHIPAS ги поместува границите /27.03.2019

Сараевски CHIPAS отвори нов, репрезентативен објект кој под уште еден покрив ќе понуди се по што е познат – солено и слатко мени, специфичен ентериер, домашна атмосфера.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.