Direct Booker

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Direct Booker е еден од водечките онлајн организатори за приватно сместување во регионот. Ние се занимаваме со посредување, резервации и други услуги поврзани со приватно сместување. Основната идеја на нашата компанија е да ги поврземе изнајмувачите и патниците и да посредуваме меѓу нив.

Седиштето на компанијата е во Дубровник, а регионалните канцеларии и франшизи се во поголемите туристички центри во Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, па дури и во Перу. Широката понуда на приватно сместување ги вклучува сите видови на приватно сместување: од врвни луксузни апартмани и вили, до студио-апартмани и соби.

Единствениот систем на работа им овозможува на сопствениците на просторот за сместување поголема ефикасност и пополнетост на објектот, и тоа преку различни продажни канали, вклучувајќи ги и најпопуларните светски страници за пребарување на простор за сместување, како што се Airbnb и Booking.com. На закупувачите им се нуди цела низа услуги: помош за подобро уредување на сместувачките единици; следење и регулирање на цените во согласност со барањата на пазарот, совети со кои би можел да се извлече максимум од објектот, како и помош во презентирање и огласување на недвижнините (фотографии и оптимизација на пребарување) за секој од каналите на продажба.

Нашиот уникатен и специјално развиен ИТ систем ви овозможува потполна контрола на објектите со кои управувате на повеќе веб страни за резервации - од регулирање на цени, минимум времетраење на престој, опис на сместувањето итн., додека на сопственикот во исто време му се  овозможува лесен преглед на својот календар на пополнетост и цени.

Да се отвори франшиза Direct Booker, да се управува со неа и да се работи како наш примател на франшиза, овозможува високо ниво на професионален развој, специјализирано советување и поддршка во текот на работењето. Ова ќе ви обезбеди посигурен и поодржлив претприемачки потфат, одличен приход и препознатливост на пазарот без да се понесе ризикот кој доаѓа од учење преку сопствени напори и грешки. Франшизното работење е идеален модел за вложување во бизнис за сите оние кои не сакаат да се изложат на ризик и не сакаат да учат од своите промашувања, туку работат врз основа на веќе испробан и успешен модел.

сопствени деловни единици

2 во Хрватска (Дубровник, Сплит)
1 во Црна Гора (Херцег Нови)

франшизна единица

1 Босна и Херцеговина
1 Словенија
1 Белград и источниот Дунав
10 во Хрватска 

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Што добивате како примател на франшиза?

  • користење на препознатлив бренд
  • докажан бизнис модел кој носи значајни приходи
  • користење на нашиот уникатен ИТ систем
  • Know-how, поддршка и едукациј

очекувана вкупна инвестиција

Цена на франшизата и инвестиција:

  • Почетната инвестиција изнесува 3.000,00 €
  • Договорот за франшизинг се склучува на 3 години со можност за продолжување
  • Редовен надомест: 1 куна или 0,13 € за ноќевање

основни барања

Примателот на франшизата треба да има лиценца за туристичка агенција.


информација за давателот на франшиза

Direct booker d.o.o.

Вуковарска 9, 20000 Дубровник, Хрватска

+385 20 638194

franchising@direct-booker.com

partners.direct-booker.com/

контакт особа за кандидатите

Данијела Краљевиќ

 менаџер на франшиза

 

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Direct Booker

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Улога по мерка на големите играчи /26.02.2019

Со купувањето на мастер франшиза, примателите на франшизата од самиот почеток влегуваат во сериозна игра . Иако добивката во тој случај е поголема, многу поголеми се обврските.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Предности на франшизата /25.10.2018

Претприемачот кој сака да постане примател на франшиза и на тој начин се приклучи на франшизен систем, може да очекува низа предости

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT sp. z.o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.