Прилика за македонските франшизи да настапат на Franchise Expo Paris 2020!

Franchise Expo Paris / 22-25 март 2020 година во Париз се одржува 38-от Меѓународен саем за франшиза
Понеделник
10.02.2020
Се приближува најголемиот европски саем за франшиза - Franchise Expo Paris. Организаторите годинава подготвуваат специјален павилјон за концепти од Централна и Источна Европа. Исто така, се нуди можност за франшизните системи од нашиот регион.
 

Годинешното издание на саемот на франшизи, 38-мо по ред, ќе се одржи од 22-25 март во комплексот Porte de Versailles. Се очекуваат околу 40.000 посетители, но не само од Франција - секоја година саемот го посетуваат илјадници претприемачи од странство, особено оние кои се заинтересирани да купат мастер франшиза. Со оглед на тоа што ова е најголемиот саем за франшизи во Европа во кој се претставени повеќе од 550 франшизни системи, за нив ова е одлична прилика да бараат и најдат брендови и бизниси кои потоа ќе ги развиваат на домашниот пазар.

Овој факт оди и во прилог на франшизните ситеми од нашиот регион кои размислуваат за меѓународна експанзија. Оваа година организаторите на саемот решија да ги поддржат компаниите од Централна и Источна Европа, кои ќе добијат можност да учествуваат во еден од најголемите настани за франшиза во светот - по поповолни услови. Имено, компаниите кои сакаат да се претстават ќе можат да изнајмат штанд од 6 м2 како дел од специјалниот павилјон - Central Eastern Pavillion - по повластена цена од 3.000 евра (без ДДВ). Сепак, овој пакет вклучува и голем број на други услуги. Секој изложувач ќе добие и четири билети / пропусници за сите настани на саемот, како и пристап до ексклузивниот деловен клуб („LeClub“) за состаноци и работа со потенцијални партнери. Информациите за концептот исто така ќе бидат наведени во официјалниот каталог на саемот, а логото на компанијата ќе биде вклучено во сите списоци на изложувачи (печатени и on-line изданија).

Франшиза под рефлектори

- Да се ​​биде самостоен изложувач на толку големо трговско шоу, за повеќето компании од регионов е комплексно и скапо. Меѓутоа, кога ќе добијат место во посебен павилјон, по цена значително пониска од онаа што ја плаќаат другите изложувачи, станува многу привлечна можност. Покрај тоа што ќе можат да допрат до потенцијални партнери и приматели на франшизи, изложувачите ќе имаат можност да разменуваат искуства со други претприемачи од регионот на Централна и Источна Европа, да воспостават интересни и корисни деловни контакти - вели Игор Богојевиќ, регионален директор на консултантската компанија PROFIT system, која исто така ќе биде учесник и медиумски партнер на Парискиот саем годинава.

Фактот дека на сопствениците на франшиза им се исплатува учеството на саемот во Париз - го докажува и статистиката. Според официјалните бројки, дури три четвртини од изложувачите на самиот саем склучуваат договор со потенцијални приматели на франшиза.

Дали сте заинтересирани да бидете изложувач на Franchise Expo Paris 2020?

Контактирајте нè на redakcija@franchising.rs

 

Придружи се / Покрај тоа што можат да се запознаат со потенцијалните франшизи, изложувачите ќе имаат можност да споделат искуства со други претприемачи, да воспостават интересни и корисни деловни контакти
PROFIT system

погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Во исчекување на саемите за франшизи /14.05.2021

Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот