Одличниот Surf’n’Fries е веќе во Белград. Дали наскоро го гледаме и во Скопје?

Добрата страна на помфритот / Surf’n’Fries направи револуција со тоа што од помфритот, кој е дел од секоја гастрономска понуда, направи главно јадење.
Четврток
13.02.2020
Ланецот ресторани Surf’n’Fries, познат по помфритот, необичните сосови и оригиналната амбалажа, пристигна и во соседството. Првиот ресторан од овој франшизен ланец отворен е во Белград.
 

Одличниот гастрономски концепт Surf’n’Fries се шири во непосредниот регион - во Србија отворен е во центарот на Белград! 

Примател на франшизата е Дарко Михаиловиќ, претприемач со искуство, кој веќе работел во франшизен систем. Повеќе години тој бил примател на светски rent-a-car фрашизи. – Меѓутоа, во една пригода, додека беше во странство, мојот син наишол на брендот Surf’n’Fries. Ми испрати фотографија и ми предложи да отвориме ресторан во Белград. Пребарувајќи на интернет, дознав дека се работи за франшиза и одлучив да го послушам. За почеток зедовме одделна франшиза за овој објект на Обилиќев венец. Што натаму...ќе зависи од работењето. Секако, добро би било наскоро да отвориме уште најмалку два ресторани – објаснува Михаиловиќ.

Тој верува во франшизата како деловен модел. – Не би започнувал работа која не е франшизна и тоа е единствената причина зошто повторно започнав со нов бизнис. Многу е полесно со стандардизирани процеси и пишани постапки за работа кои се добиваат преку франшизната соработка – истакнува Михаиловиќ.

Surf’n’Fries е синџир на брза храна кој работи низ целиот свет и има повеќе од 50 ресторани. Револуционерен чекор направија со пласирањето на помфритот (кој е составен дел од секоја гастрономска поуда) како главно јадење. Посебно привлечни се оригиналните сосови и практичното пакување во кое се служат помфритот и сосовите со што се овозможува  помфритот да се јаде во секој момент...движејќи се, дома или во канцеларија.

Иако компирчињата се во основната понуда на овој синџир, може да се порачаат и уште неколку видови на храна: пилешки крилца, пилешки медаљони, бургери.... Дел од менито е наменет за деца.

Surf’n’Fries во подготовката и продажбата на компирчињата воведе три новитети: сечење на  компирот, со што се добива помфрит со заоблена форма кој овозможува полесно натопување во сосот и подобра подготовка, потоа подготовка без масло што го прави помфритот поздрав, но подеднакво вкусен, и веќе споменатото пакување  кое го олеснува носењето на помфритот и двата соса, па дури и крилцата и медаљоните. Оваа оригинална Surf’n’Fries амбалажа, всушност има статус на исклучително решеие во категоријата Surf’n’Fries пакувања за храна на светско ниво. 

Кога станува збор за франшизата, постојат неколку модели на ширење на мрежата:

  • Surf’n’Fries Store - класичен фиксен продажен објект, каков што е во Белград
  • Surf’n’Fries Standalone - самостоен објект кој може да се смести во затворен простор како што се аеродромите или трговските центри или пак отворени трговски центри
  • Surf’n’Fries Shop-in-Shop е помал формат наменет за помал затворен простор како што се бензински станици, кина и слично

Покрај фиксните модели, постојат и два вида подвижни Surf’n’Fries објекти:

  • Surf’n’Fries Mobile - објект во форма на подвижна тезга од еден и пол метар квадратен, како и  
  • Surf’nFries на тркала - приколка со целосно опремена кујна, погодна за различни манифестаци

Surf’n’Fries веќе во речиси 20 земји низ светот, а ресторани има и во земјите од регионов: Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Дали наскоро ќе најде и свој примател на франшиза во Македонија? 

 

Подготвено за љубителите на помфрит / Првиот Surf’n’Fries во Србија отворен е на Обилиќев венец, во центарот на Белград
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sвездата од Јадранот на американскиот пазар /20.10.2020

Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот