Нови пералници на франшизната мапа - едноставно и профитабилно

Нови приматели на франшиза
Нови приматели на франшиза / LG пералницата во Кастава ќе биде семеен бизнис на брачната двојка Кукуљан
Понеделник
17.02.2020
Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.
 

Иван Кукуљан е новиот примател на LG Laundry Lounge франшизата во Хрватска. Пералницата за облека која работи на принципот самопослужување ја отворил во гратче во близина на Ријека, во Кастав. Неговата сопруга, која исто така ќе биде вклучена во работата, повеќе години работела во туризмот, од каде што и потекнува нивната идеја за отворање на перални на принципот самопослужување, вели Кукуљан. Можноста за развивање на бизнисот ја гледаат во зголемувањето на побарувачката за овој вид услуги и подобрите услови на пазарот.

– Кастав е во голема експанзија, економски и демографски. Таквата состојба ги зголемува потребите за  ваквите услуги во пералните – вели Кукуљан. Според него, LG Laundry Lounge им бил интересен како бренд бидејќи е добро позната марка за технички уреди.

– Силината на брендот е важна заради маркетиншките активности. Отворени сме  и за понатамошно ширење на мрежата и отворање на нови простори - вели тој и додава дека во овој момент најважно им е клиентите да бидат задоволи. 

Во компанијата Bright World, задолжена за ширење на концептот и давање на франшизата LG Laundry Lounge во земјите во источна Европа, велат дека бројот на клиентите во пералниците во Европа се зголемува и дека луѓето не ја носат во нив својата облека само заради перењето, туку и заради еколошката свесност. Имено, во машините во пералниците лесно можат да се исперат поголеми количини облека отколку во обичните машини, што значи дека се користат помалку хемиски средства, вода, струја...- Ние би рекле дека не се работи само за едноставни услуги, туку за искуство кое потрошувачите го имаат во нашите пералници – велат во компанијата Bright World. 

Според нив, LG Laundry Lounge може да биде идеална дополнителна работа. Се работи за бизнис кој не бара голема ангажираност, а користењето на машината е автоматизирано. Самите перални се уредени како пријатно место во кое луѓето можат да се послужат со кафе, да користат интернет или да гледаат телевизија.

Покрај во Хрватска, LG Laundry Lounge во регионов работи и во Србија и Црна Гора. Концептот потекнува од Њујорк, каде е отворена првата франшиза на LG пералниците.

 

image


Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Преку франшиза во светот на гејмингот /08.04.2021

Да се води „Еспортс арена“ може да биде добра деловна можност, особено ако се купува франшиза од докажан концепт. Што нуди системот Friendly Fire и кои се условите кои што треба да ги исполнат потенцијалните приматели на оваа франшиза, ни открива сопственикот на овој концепт, Давид Косир.

Сервисите за перење алишта – сигурен бизнис /03.09.2020

LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Мобилна апликација која ќе ви донесе профит /21.11.2019

ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.

Успехот не е илузија /22.05.2019

Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

популарно во форумот