Кои се најуспешните франшизи?

Ранг листа 2020
Ранг листа 2020 / Меѓу десетте најдобро рангирани франшизни системи, дури девет се од САД, а еден од Велика Британија.
Петок
28.02.2020
Листата на порталот FranchiseDirect за оваа година покажува дека американските франшизи се најуспешни и најзастапени во светот. Меѓу нив најбројни се гастрономските системи.
 

Според воспоставената практика, порталот FranchiseDirect.com секоја година ги анализира податоците и ги рангира најуспешните франшизни системи на светот. За рангирањето се применува сложена формула, која неодамна беше дополнително модифицирана. Така, сега веќе се зема во предвид продажбата, наместо вкупниот приход, додека зголемувањето на бројот на подружници се мери во проценти. Меѓутоа, факторите: раст на подружниците, продажбата, годините поминати во франшиза, стабилноста, растот на мрежата и меѓународната експанзија, колку и да се клучни за рангирањето, формулата вклучува и критериумите кои ги надминуваат обичните броеви. Во предвид се зема и помошта која давателот на франшизата ја дава на идните приматели, но и колку системите вложуваат во развивањето на локалната заедница преку добротворни програми и донации.

Списокот за оваа година покажува дека најголемиот број од рангираните франшизни системи, се од САД, дури 85, а најзастапена е гастрономијата и угостителството (34 системи). Овој сооднос најдобро е илустриран преку рангирањето на првите десет најуспешни франшизи.

Десет најуспешни за 2020

  1. McDonald’s (ресторан за брза услуга, хамбургери)
  2. KFC (ресторан за брза услуга, пилешко)
  3. Marriott International (хотели)
  4. Pizza Hut (ресторан за брза услуга, пица)
  5. Burger King (ресторан за брза услуга, хамбургери)
  6. Domino's (ресторан за брза услуга, пица)
  7. Dunkin’ (ресторан за брза услуга, кафе, крофни, хамбургери)
  8. Subway (ресторан за брза услуга, сендвичи)
  9. Circle K (синџир од супермаркети)
  10. InterContinental Hotels (хотели)
Најдобар франшизен систем надвор од САД е Британскиот InterContinental, кој е на самиот врв (10 место). Меѓу успешните  се и француските системи Casino (21), Auchan (23), Europcar (25), Carrefour (27); од Канада – Tim Hortons (38), H&R Block (48) и Yogen Fruz (74); Јапонија е преставена преку Kumon (20); Шведска со  Husse (43); Шпанија – Dia (52), Pressto (94); Филипини – Jollibee (36); Јужна Кореа со Paris Baquette (61), а Австралија со Pirtek (75).

Листата ТОП 100 Global Franchises 2020 можете да ја најдете ТУКА.


PROFIT system

погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Во исчекување на саемите за франшизи /14.05.2021

Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Европски етички кодекс за франшизи /26.10.2018

Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.

популарно во форумот