За добра пица има добар пазар - Domino's се шири во регионот

Никогаш доволно пицерии
Никогаш доволно пицерии / „Нашиот пазар има голем потенцијал“, вели Михаел Свибен од компанијата All about pizza која Domino's го донесе во Хрватска
Среда
04.03.2020
Domino's, најголемиот синџир на пицерии во светот, пролетва ќе ја добие првата франшизна подружница во Хрватска
 

Американскиот франшизен синџир на пицерии Domino's, кој има повеќе од 16.300 подружници во повеќе од 85 земји во светот, оваа пролет ќе ја отвори и првата подружница во Хрватска, дознава хрватскиот портал poslovni.hr. За носењето на брендот во Хрватска заслуги имаат Михаел Свибен и Нилс Давид Горнал (Mihael Sviben и Nils David Gornall) од компанијата All about pizza.

Приказната започнавме да ја создаваме пред повеќе од една година. Соработуваме со инвеститори кои веќе имаат подружници на Domino’s Pizzа во Јапонија, Германија, Нов Зеланд и Австралија. Го запознав на катамаран и од разговорот сфатив дека тој е една од водечките личности во Domino’s Pizza. Иако сум машински инжинер, отсекогаш сум сакал да се впуштам во претприемништво, за што има потенцијал на нашиот пазар. Иако веќе имаме силни играчи на пазарот и квалитет, Хрватите сакаат пица, а ние нудиме пица на американски начин која е поразлична од се што моментно е достапно на нашиот пазар – ги открива деталите Свибен за Poslovni dnevnik.

Отварањето на првата подружница во Загреб се очекува во април или мај.

Свибен истакнува дека пиците ќе се подготвуваат на самото место – пред купувачот ќе се меси тестото и ќе се редат состојките. Тврди дека клучот за успехот на Domino’s Pizza покрај квалитетот е и брзината на доставување која ќе биде максимално за 30 минути. – Се уредува локацијата и планираме до крајот на годинава да отвориме уште една и да продолжиме со ширењето низ Хрватска – врли Свибен.

Како и кај повеќето големи и добро поставени франшизни системи, кои се строги кога се работи за квалитет и барањето на сертификати, повеќето состојки за Domino’s Pizza ќе се обезбедуваат од странски добавувачи, вели Свибен за Пословни дневник. – Но, веруваме дека на листата на која има неколку домашни добавувачи, наскоро ќе се најдат и нови. Целта ни е да го поттикнеме хрватското стопанство и произведувачите кои нудат квалитет – вели Свибен. 

Domino’s е американски мултинационален синџир на пицерии со седиште во Ен Арбор во Мичиген.  Основан е 1960 година кога Том Монахан со својот брат Џејмс ја презеле прицеријата DomiNick’s. Името Domino’s го регистрирале 1965 година, по што започнало ширењето низ светот преку франшиза.  Под брендот Domino’s денеска работат повеќе од 16.300 пицерии во повеќе од 85 земји, а франшизни ресторани во нашиот регион има и во Македонија и Косово.

 

Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sвездата од Јадранот на американскиот пазар /20.10.2020

Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

популарно во форумот