Секторот на убавина во време на пандемија: неколку искуства

Тешка состојба во секторот нега и убавина / Заради епидемијата од коронавирусот, повеќето козметички салони во Полска се затворени.
Среда
29.04.2020
Епидемијата од коронавирусот влијае и на бизнисот поврзан со нега и убавина. Како се справуваат франшизните системи во оваа, новонастаната состојба? Пренесуваме искуства од Полска.
 

Во моментов тешко е да се даде проценка за штетите врз економијата кои ќе ги предизвика епидемијата од коронавирусот. Состојбата постојано се менува. Последиците веќе се видливи и тешки, а никој со сигурност не може да каже колку ќе трае вонредната состојба. Забележително е намалувањето на потрошувачката, многу се намалени инвестициите и извозот. Состојбата на пазарот се влошува. Како опстануваат бизнисите во вакви услови? Што се случува во секторот нега и убавина? По се изгледа дека оптимизмот не надвладува, иако давателите на франшизи се обидуваат посмирено да пристапат кон новонастанатата состојба. Искуствата на франшизните системи од Полска, каде, како и во повеќето Европски земји, на сила се строги мерки за забрана за движење и собирање, укажуваат на тоа дека бизнисите не може туку-така да запрат. Дали мерките на претпазливост, беспрекорната хигиена и заштитата на вработените се доволни или претприемачите ќе мораат да ги чекаат „подобрите времиња“? 

Не е лесно, но сметам дека најсилните ќе преживеат. Тројно  го зголемивме својот ангажман, а посебен акцент ставивме на маркетиншките кампањи. Не се затворени сите локали. Настојуваме да ги смириме своите приматели на франшиза. Со нив сме во постојан контакт, организираме и телеконференциски врски. Се обидуваме да изнајдеме интересни кампањи, за да  можеме да ја преживееме оваа состојба – вели Наталија Јаниак, менаџер за маркетинг во франшизниот систем за обликување на телото Studio Figura.

Подготвеност има

Сопственичката на клиниката за нега и убавина Perfect Look Clinic, истакнува дека и покрај ваквата состојба, заинтересираноста  за отпочнување на дејност во оваа гранка не се намалува. 

Добрата вест е што барањата за франшизна соработка се уште пристигнуваат. Луѓето сега имаат повеќе време да размислуваат за бизнис и важни одлуки. За сега не организираме состаноци, сите чекаме состојбата да се смири. Клиентите ги советуваме нашите козметички  производи сега да ги купуваат online. Главно сме насочени на маркетингот – вели Александра Војќеховска – Сташчик.

Мерки за претпазливост

Работниците од секторот за убавина се во групата вработени кои не можат да работат од дома. – За тоа дали и под кои услови вработените можат да продолжат  да работат, одлучува работодавачот. Сепак, работникот презема голем ризик. Работникот има право да ја прекине работата доколку состојбата го загрозува неговиот и животот на неговите колеги. Исто така може и да не дојде на работа, но и тоа може да биде ризично бидејќи може да биде казнет, па дури и избркан од работа – објаснува Моника Гладох, шеф на катедрата за трудово право на Правниот факултет на Универзитетот Стефан Вишињски во Варшава.

Михаил Дворничук, менаџер на брендот Depilacja.pl нагласува дека, од деловен аспект, овој синџир на салони за депилација, работи како и претходно. – Не е тајна дека сметаме на мерките на Владата. Се надеваме дека претприемачите ќе добијат помош од таму. Во моментов работиме, колку што можеме само со свои средства. Не се затворени сите салони, но заради вонредната состојба вршиме за 80% помалку третмани. Тоа се подразбира. Им вршиме проверка на клиентите при секоја посета.  Нашиот козметичар го прашува клиентот како се чувствува, дали имал контакт со лице кое се вратило од странство и сл. На целата состојба пристапуваме одговорно и внимателно. Доколку одделни козметички салони решиле да ги затворат своите подружници, одлуката е разбирлива – вели Михал Дворничук.

Индустрија за убавина во Полска:

  • Во Полска има повеќе од 100.000 салони за нега и убавина;
  • Статистички гледано, во зависност од големината на градот, еден салон услужува околу 500 до 1000 луѓе;
  • Вкупната вредност на пазарот за козметички услуги во Полска моментно  се проценува на повеќе од 300 милиони евра;
  • Просечниот приход на козметичкиот салон изнесува околу 17.000 евра годишно.

Извор: gabi.net.pl

Автор на текстот: Maryla Pałasz
Линк кон оригиналниот текст: Branża beauty w czasach zarazy
Прилагодила и приредила:

 


Михаил Дворничук, менаџер на брендот Depilacja.pl / „Не криеме дека сметаме на Владините мерки. Се надеваме дека претприемачите ќе добијат помош од таму“.

погледнете ги текстовите

Забавувај се и заработувај /21.09.2019

Зошто рекреацијата и семејните забавни паркови се многу перспективни бизниси? Траболина парк WOOP! е добар пример за тоа, и можност за претприемачите кои се заинтересирани за да вложат во оваа област, да дојдат до успешна франшиза.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

DepilConcept доаѓа во Србија /11.03.2019

Португалскиот бренд во областа на долготрајното отстранување на влакната DepilConcept ја отвора првата франшизна клиника во Белград. Примателот на мастер франшизата најавува ширење на мрежата и јакнење на брендот.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

Давателот е како добар тренер /01.02.2019

Успехот кој DepilConcept го постигнал во Полска може да послужи како добар пример за соработка, особено што DepilConcept наскоро ќе започне со работа и во Србија.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот