Sвездата од Јадранот на американскиот пазар

Нема кој не сака помфрит / Surf'n'Fries денеска работи во повеќе од 15 земји и има речиси 60 франшизни единици.
Вторник
20.10.2020
Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.
 

Веста дека франшиза од Адриатик регионот која веќе освоила повеќе од 15 пазари низ светот, успеала да започне со работа во Соединетите Американски држави, има повеќекратно значење. Да се влезе на пазар каде франшизингот е поразвиен отколку каде и да е во светот е значаен потфат, за што сведочи и Андреја Чолак кој со својот деловен партнер Денис Полиќ го осмисли брендот и концептот за помфрит-барови Surf'n'Fries. Покрај тоа, како што вели, Америка има добро регулиран пазар заради што потребни се повеќегодишни подготовки  за да му се пристапи. Го прашавме што е потребно  да се подготви за тоа деловно патешествие, зошто е тешко да се најде инвеститор за странски бренд, во која фаза од развојот се сега и што ги очекува натаму пред да кажат дека успеале во Америка. 

Како се одвиваа подготовките за САД? Колку беше тешко да се пристапи на овој голем пазар во кој конкуренцијата е многу силна, како и самиот франшизинг?

Повеќе години размислуваме и се обидуваме да влеземе на пазарот во САД. Мора да признаеме дека за странски бренд, особено од овој дел на светот, предизвикувачки е да се направи првиот чекор. Пазарот на франшиза во САД  е неспоредливо поразвиен во однос на останатиот дел од светот, а е и многу добро регулиран. Кој и да сака да започне со франшиза на тој пазар, основно е поседувањето на FDD (Franchise Disclosure Document) – детален документ со податоци за работење за чија изработка треба да се инвестираат 40.000 до 100.000 долари. За наши услови тоа е многу голем капитал. Заради тоа многу брендови бараат инвеститори, но проблемите се случуваат во фазата на вреднување на брендот.  Имено, за брендовите од странство тешко е да се направи добро вреднување (валуација), бидејќи најчесто работаат на пазари со помала куповна моќ отколку што е американскиот. Натаму, американските инвеститори тешко го прифаќаат предизвикот на носење на странски бренд кога дома имаат стотици, па и илјадници домашни брендови.  Полесно им е да ги утврдат финансиските показатели за таквите брендови и немаат потреба од претпоставки.  Меѓутоа, кога еднаш ќе се мине таа пречка, се отвора сосема поинаков свет кој е одлично развиен во однос на се, од логистика, продажба на франшиза... Нешто што во Европа не е ниту приближно развиено. 

Практика е на странските пазари да се влезе преку примател на мастер франшиза - ќе се најде еден партнер кој ќе биде задолжен за развивање на мрежата за дадениот пазар. Имате ли таков примател? 

Со оглед на тоа што ние основавме компанија во САД, немаме примател на мастер франшиза, бидејќи Америка е голем пазар за да се потпираме на мастер договор во оваа фаза. Во моментов преговараме со неколку multi-unit оператори кои ја сакаат Surf’n’Fries франшизата. Се уште не сме ја отвориле првата продавница, но таа ќе биде во Сан Диего, откако ќе завршиме со документацијата. Се надевам пред крајот на оваа или најдоцна во првиот квартал од 2021 година.

Какви Ви се натамошните планови? Какви се реалните можности за Surf’n’Fries во САД?

Планираме мрежата да ја развиваме во Калифорнија, Флорида и во останатите американски држави кои се наоѓаат во топлите краишта. Главно сме насочени кон нетрадиционални локации во што знаеме дека сме добри, локации како стадиони, плажи, различни настани и слично.

Кои пазари до сега се покажале како вистински избор? Има ли некој кој посебно се издвојува и зошто?

Секако. Европа многу добро функционира. Германија е на прво место. Интересно е што во Чиле постигнуваме многу добри резултати, што ни е особено драго. Искрено, искуството ни покажува дека успехот многу повеќе зависи од примателот на франшизата отколку од пазарот.

Сега, кога влеговте на пазарот во САД, што планирате за натаму?

Ќе имаме многу работа во САД. Покрај тоа, летово потпишавме договор со  компанијата Rapid Retail од Велика Британија, која, како примател на франшиза, ќе поставува Surf'n'Fries објекти на сите поголеми стадиони во Велика Британија и Франција. Тоа се локации каде многу пати  сме се докажале, па и во тоа гледаме голем потенцијал.


Андрија Чолак, соосновач на концептот Surf'n'Fries / „Успехот многу повеќе зависи од примателот на франшизата, отколку од самиот пазар.“
PROFIT system

погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Добриот вкус на Steiku Haoss ресторан /10.10.2020

Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

популарно во форумот