Најдобрите партнери имаат воља да учат и работат

Ѓорѓе Станковиќ
Ѓорѓе Станковиќ / Нашата работа е да на примателот на франшиза му обезбедиме широк, конкурентен асортиман и добар имиџ.
Сабота
01.12.2018
За искуствата во франшизното работење разговараме со Ѓорѓе Станковиќ, сопственик на концептот Car Foil Shop
 

- Франшизната соработка бара многу и двата партнери треба да го дадат својот максимум - кажува Ѓорѓе на почетокот на разговорот со Franchising порталот.

После скоро две години на ширење на франшизната мрежа, Станковиќ ги искусил многуте позитивни страни на франшизингот, но и се соочил и со потешкотии кои ги носи тој модел на работење. Во овој момент, Car Foil Shop, концепт за продажба и вградување фолии, има оперативни франшизи во три земји од регионот, во тек е финализација на влез на уште ден пазар, но и редифинирање на самиот франшизен модел, па и моделот на франшизно ширење.

Што воочивте како најголем проблем во самото ширење на франшизната мрежа? Што конкретно ви се случуваше, со оглед на тоа дека за кратко време излеговте од матичното и влеговте на странски пазари, но и дадовте неколку нови франшизи на српскиот пазар?

Почнавме со ширење на мрежата истовремено во Србија и во пазарите во регионот, и пред се, многу јасно гледаме дека навистина постои потреба и интерес за нашиот бизнис, затоа што барањата за соработка пристигнуваат цело време. Би можело да се каже дека ширењето ќе се одвива токму како што е планирано, меѓутоа, некогаш работите, дури  кога ништо не укажува на тоа, се одвиваат необично.

Вистински пример е хрватскиот пазар за кој потпишавме а потоа и раскинавме два франшизни договори, иако ништо не укажуваше на такво сценарио - ниеден договор, всушност, не заживеа во пракса.Не можам да кажам дека ги немаме добро оценето примателите - тие беа многу сериозни кандидати. Сепак, кај двата партнери дојде до пошироки проблеми, кои се прелија и на нашата соработка со што договорно ги имаме раскинато договорите.

Таквите работи се случуваат, а сами некогаш не можете многу да сторите како би ги попречиле. Сметам дека е кључно да ниедна од страните не е оштетна и да цело време, со двата партнери, имавме разумна и предвидена комуникација и дојдовме до договорно решение. По сето ова, заклучивме дека е потешко да се пронајде партнер за комбинирана - продажно-услужна франшиза - како што работевме претходно, затоа што задачата е покомплексна, па и тоа е еден дел од искуството кое не донесе до промени во самиот франшизен модел. Сега, со сите сознанија, озбилно разговараме со потенцијалниот трет партнер за дел од пазарот во Хрватска, кој исто така е сериозен претприемач со искуство од секторот. Се надевам дека овој пат ќе имаме повеќе успех.

Во меѓувреме внесовме промени во самиот франшизен модел - одвојување на форматот на продажба и услуги - и таков модел веќе имаме имплементирано на домашниот пазар и за сега имаме добри првични резултати и пет приматели на франшиза.

Дали можеме тогаш воопшто да зборуваме за некој идеален профил на примател на франшиза? Што на вас ви е најважно во тој однос и какви се вашите очекувања?

Занимливо ни е дека сега како најдобри приматели на франшиза се покажуваат луѓе кои немале претходно искуство - во главно тоа се невработени и млади кои никогаш не се занимавале со оваа работа. Пресудно е, а тоа суштината на франшизната соработка, да се сите спремни и имаат желба да учат и работат, потоа да ги пратат нашите протоколи и упатства и она што со договорот го имаме дефинирано како меѓусебни обврски. Секој наш примател на франшиза, за која територија и да добил право, добил и пропишани обврски. Од друга страна, нашата работа е да му обезбедиме широк, конкурентен асортиман и добар имиџ. Затоа, само во двете последни години, значајно го имаме проширено асортиманот на фолии за секакви намени и сме овозможиле на сите наши приматели да уште подобро ја работат својата работа. Со ширењето на асортиманот, ние практично им ја проширивме целната група купувачи. Тоа е токму тоа што го очекуваме и од партнерот - активна и ангажирана работа и труд.

Па, дали сте задоволни со досегашните резултати на работење и со работењето на примателите на франшиза?

Да, меѓутоа постои простор за напредок, посебно кога е во прашање Македонија. Ние тука не сме присутни и мислам дека може да се постигне многу во смисол на развој на франшизна мрежа, токму во сегментот на услужни и сервисни франшизи - формат кој подразбира пружање услуги на вградување на фолии кои се купуваат од нашите продажни франшизи. Таквите франшизи се погодни за секое место без оглед на бројот на жители. Од наша страна, како што напоменав, овозможивме многу широк асортиман на фолии за сите намени, од основни авто-фолии до печатарски, кои се повеќе се користат - како и оние кои се користат за обложување на мебел и ентериери. Примената постана многу широка и аналогно на тоа и ние ја ширевме нашата понуда, што како последица има и поголем број на купувачи.

Како даватели на франшиза, ние го задржуваме правото да ја следиме работата на секој од нашите партнери, да видиме дали ги исполнуваат однапред договорените обврски, во смисол на постигнат резултат. Токму поради тоа, постигнатите резултати се единствено мерило за секој примател.

Кои се натамошните планови за ширење?

Покрај новиот партнер за Хрватска и плановите за натамошно ширење во таа земја, планираме јакнење на словенечкиот пазар. ИСто така, во Црна Гора веќе пронајдовме добар примател на франшиза кој долго години пружа услуга на вградување фолии и има богато искуство во тоа. Тој на тоа сакаше да додаде и продажба. Потпишавме договор за мастер франшиза, тој веќе почна да работи, а покрај сопствената работна единица, има право да ја развива мрежата Car Foil Shop сервисни франшизи и да пружа неопходна едукација на новите франшизни партнери во таа земја.

Покрај тоа, планот е да имаме партнери во сите земји од поранешна Југославија и секако да во тие земји ги зајакнеме позициите, и тука пред се мислам на Македонија и Босна и Херцеговина.


погледнете ги текстовите

/01.01.1970

најчитани

Што кога во Грција ќе кажеме еспресо? /14.12.2018

Кафето е кафе, но сепак, не е секогаш и секаде исто. Што претставува брендот MIKEL во Грција и зошто денес се смета за “чудо на угостителството”?

Малите растат /19.07.2018

Малац генијалац, синџир на франшиза на ментални аритметички училишта, ги организираше неодамнешните меѓународни олимписки игри во менталното компјутерирање. Во исто време, ова училиште во мрежата има се повеќе и повеќе франшизни единици, но исто така и нов пазар.

JUMBO расте на Балканот /20.07.2018

Џамбо, грчки синџир продавници за играчки, ја прошири мрежата за франшиза во регионот. Последната продавница беше отворена во Гњилане, Косово.

Освежување во светот на накитот /20.07.2018

Оккета, грчки бренд на накит, часовници и други модни додатоци, работи повеќе од една година во Белград, а франшизата сега е достапна и за други градови во Србија.

Катче за подобар бизнис /12.12.2018

Франшизните пултови се особено погодни за трговци кои сакаат да ја збогатат постојната понуда. Добар пример даваат две дами претприемачи кои своите продавници ги надополнија со катче за накит Две шмизли.

популарно во форумот