Светлана Максиќ / Кога дознавме за "Двe шмизли”, видовме дека се работи за уникатен накит, па решивме да бидеме единствени во градот и пред четири години станавме приматели на оваа франшиза.
Среда
12.12.2018
Франшизните пултови се особено погодни за трговци кои сакаат да ја збогатат постојната понуда. Добар пример даваат две дами претприемачи кои своите продавници ги надополнија со "катче" за накит "Две шмизли".
 

Далечната 1991 Светлана Максиќ отворила книжара во градот Младеновац. Отпрвин, како што вели, тоа била класична книжарница. Сепак, многу бргу сватиле дека од класична книжара “не може да се живее“, поради што постепено ја проширувале својата понуда. На почетокот, исто така продавале рамки, фигурини, украсни чаши, светилки, часовници, а потоа додавале машки и женски модни детали, како на пр. торби и марами.

- Пазарот ја диктираше потребата да се прошири асортиманот на предмети кои се вклопуваа во нашата книжарница. Кога го проширивме асортиманот, заклучивме дека накит исто така би се вклопил. Долго време размислувавме каков накит да продаваме. Посетивме неколку продавници на големо, но не наидовме на ништо што ни се допаѓа и ни одговара. Од една страна, не сакавме најевтин накит, нешто што може да се најде на пазар или низ уличните продавници. Сепак, тражевме нешто поинакво. Еден од нашите добавувачи ни ги предложи "Две шмизли". Видовме дека станува збор за уникатен накит, па решивме и ние да бидеме единствени во градот и пред четири години станавме приматели на оваа франшиза - кажува Светлана Максиќ за начинот на кој дошло до соработка со франшизниот концепт "Две шмизли".

Во нивната книжарница "Макс" има 12 витрини со накит "Две шмизли". - За франшизингот не знаевме ништо, но сопственичката на концептот Милица Гавриловиќ се убаво ни објасни, а договорот јасно ги дефинираше обврските на двете страни и за сега одлично соработуваме - вели Светлана.

Таа додава дека времињата се тешки, но дека секоја жена која се грижи за својот изглед може да си дозволи нешто уникатно. - Пазарот покажува дека најлошо се поминува со просечна стока, и затоа ние одбравме квалитет, по пристапни цени - додава таа.

Франшизно катче за подобра продажба

Франшизното катче "Две шмизли", исто така им го препорачувала на своите колеги кои се занимаваат со слична дејност како и неа, како и на оние во чија дејност овој концепт би се вклопил. Светлана Максиќ смета дека секој што има продавница каде што продава чанти и марами или има книжарница, може својот асортиман да го прошири и со накит.

Милица Гавриловиќ, сопственичка на концептот "Две шмизли", вели дека денешното време претставува особен предизвик за претприемачите и дека често на потенцијалните партнери подобро е да им се понуди формат кој помалку бара - како што е франшизното катче. - Економската состојба во целиот наш регион не е сјајна. Затоа, мислиме дека сега е време за оние кои имаат компатибилни бизниси и работат во помалите градови да го прошират својот асортиман, што можат да го сторат со додавање на франшизното катче "Две шмизли". Накитот е особено погоден за бутици за женска облека кои се во согласност со модните трендови. Поголема е веројатноста дека покрај некое парче облека ќе се купи и накит, и обратно. Накитот, покрај тоа, може да се продава и во парфимерии или продавници за чанти - вели Милица Гавриловиќ.

Се бара богат асортиман

Една од жените претприемачи кои го послушаа советот на Светлана Максиќ беше и Наталија Вујовиќ од Горни Милановац. Имено, сопружниците Наталија и Милан Вујовиќ започнале приватен бизнис во далечната 1989 година. Тие се определиле за големопродажба на канцелариски материјали. По неколку години одлучиле во својот локал да започнат и  малопродажна дејност - книжарница, чиј асортиман се проширувал со тек на време. Денес во книжарницата "Оригинал" во Горни Милановац се врши продажба на комплетен канцелариски материјал, училишен програм, деловна и патничка галантерија, а од пред три години, свое катче добил и накитот "Две шмизли".

- По препорака на нашата пријателка Светлана од Младеновац, пред три години одлучивме да поставиме франшизен корнер "Две шмизли". Мислам дека накитот се вклопува во нашата разновидна понуда, бидејќи веќе имавме деловна галантерија, во рамки на која, покрај деловни актовки, продававме и други видови на чанти, марами, чадори. Направивме добар потег, не се покајавме - вели Наталија Вујовиќ.

Таа додава дека во денешно време е многу тешко да се преживее со еден вид стока и дека треба да се прошири асортиманот со она што е компатибилно со постоечкото. - Во нашата книжарница има три витрини со накит "Две шмизли" - вели Наталија.

Во книжарница работат нејзините две ќерки Мина и Марина, кои биле обучени пред да почнат да продаваат накит.
- Се работи за накит кој е направен од полу-скапоцени камења и кристали и мислам дека е многу корисно што примателот на франшизата се запознава со сите тие детали, бидејќи само така може на најдобар начин да го претстави накитот на купецот. На нас накитот ни е спореден асортиман, но е многу занимлива - додава Наталија.

Претприемачот како Сизиф

Да се биде претприемач во денешно време, според нејзиното мислење, е Сизифова работа. Правилата, вели таа, постојат, но повеќе се работи за квази-правила отколку за такви кои навистина се почитуваат. - Ако работите правилно и искрено, навистина е тешко да се преживее, особено во мало место. И покрај тоа, ние сме здрава компанија, немаме блокади и нашиот кредитен рејтинг е добар, но работиме многу долго време и се бориме да преживееме со квалитетни производи - вели Наталија.

Светлана Максиќ се согласува со Наталија и вели дека трошоците мора строго да се контролираат и дека често треба да се балансира со цените на производите со цел да се најде токму онаа која е најприфатлива за потрошувачите.

Истакнува дека бизнисот во мал град има свои предности и недостатоци. - Предност е во тоа што сите луѓе можат да ве запознаат, и ако ве засакаат поради производот, пристапот и услугата, тогаш тие се ваши редовни купувачи. Од друга страна, тоа е меч со две оштрици, бидејќи во мало место лошиот глас брзо се шири. Затоа се грижиме за сè, за цената, да продавачите бидат насмеани, да можеме да излеземе во пресрет на купувачите - кажува Светлана Максиќ.

Нови франшизи за “Две Шмизли“

Сопственичката на концептот Милица Гавриловиќ додава дека продолжуваат да ја шират мрежата на франшизи како во Србија така и во земјите од регионот. - Имавме доста барања од Словенија и Хрватска, но реализацијата за сега изостана. Луѓето се многу внимателни. Сепак, скоро не очекува отварање на продавница во една европска земја, на што посебно се радуваме - вели таа.


Наталија Вујовиќ / Пред три години одлучивме да поставиме франшизен корнер "Две шмизли". Мислам дека накитот се вклопува во нашата разновидна понуда, бидејќи веќе имавме деловна галантерија, во рамки на која, покрај деловни актовки, продававме и други видови на чанти, марами, чадори.
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

Полека и сигурно до франшиза /06.07.2021

Доколку водите мал бизнис што може лесно да се „реплицира“, франшизингот е идеален начин за проширување на вашиот бизнис. Сепак, кои се основните предуслови за развој на успешна франшиза?

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот