По франшиза во Будимпешта

Саемот на Франшиза во Будимпешта
Саемот на Франшиза во Будимпешта / Уште една можност франшизните бизниси да ги престават своите концепти и да пронајдат партнери заинтересирани за купување франшиза.
Недела
27.01.2019
7 февруари 2019 година е ден резервиран за Саемот на франшизи во Будимпешта - Franchise Börse.
 

Во февруари 2018, по десет години мирување, во главниот град на Унгарија повторно беше одржан Саемот на франшизи, кој според соопштението на Унгарската франшизна асоцијација ги надмина сите очекувања.  Тогаш своите франшизни концепти ги преставија повеќе од 20 компании. Саемот го посетија повеќе стотини луѓе – потенцијални приматели на франшиза и инвеститори. Добриот одѕив воедно беше и награда и поттик за организаторот кој најави дека новата „берза на франшизата“ ќе се одржи и следната година.

Новото преставување закажано е за 7 февруари 2019 во хотелот Novotel Budapest Centrum. Посетителите кои се заинтересирани за купување франшиза ќе можат да изберат помеѓу неколку десетини унгарски, но и интернационални франшизи. Оние пак, кои сакаат да се запознаат со овој вид бизнис ќе имаат можност основите на франшизингот да ги совладаат низ семинари и конференции, но и преку непосредни консултации со стручните лица од оваа област.

Според податоците на организаторот на Саемот, Унгарската франшизна асоцијација, за посетителите кои на страницата на Асоцијацијата ќе се регистрираат до 4 февруари 2019 година влезот ќе биде бесплатен. Влезниците во продажба ќе чинат 1500 форинти (4,6 евра).


погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Во исчекување на саемите за франшизи /14.05.2021

Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот