Побрзајте во Париз

Саем на франшиза во Париз / На Францускиот пазар работат речиси 2000 франшизни системи. Тие годишно остваруваат приход од околу 60 милијарди евра, а секторот и натаму расте.
Среда
06.02.2019
Најголемиот и најзначајниот европски саем на франшизата – Саем на франшиза во Париз, оваа година се одржува од 17 до 20 март. Читателите на порталот Franchising.mk можат да сметаат на бесплатни влезници.
 

Ако барате можност да видите што се случува и што нуди пазарот на франшиза, саемскиот комплекс Porte de Versailles во Париз овој март ќе биде идеална дестинација.  На најголемиот европски саем на франшизата кој ќе се одржи од 17 до 20 март  ќе се најдат повеќе од 580 компании, ќе се престават 500 франшизни брендови од речиси 90 гранки. Очекувано, најголемиот дел од излагачите ќе бидат од Франција, но на Саемот секоја година се појавуваат  и по стотина франшизни брендови од странство. По правило, најмногу излагачи доаѓаат од Италија, Шпанија и САД, а оваа година ќе се престават и системите од Финска, Ирска, Унгарија, Велика Британија.... Како што најавуваат организаторите, Саемот и оваа година ќе го посетат повеќе од 36.000 лица, потенцијални приматели на франшиза, претприемачи и инвеститори.

На Францускиот пазар работат речиси 2000 франшизни системи.  Тие годишно остваруваат приход од околу 60 милијарди евра, а секторот и натаму расте. Тоа го гледаме и на изложбениот простор на саемот кој секоја година се зголемува.  Овогодинешното 38 издание на Саемот може да се пофали со поголем број излагачи во однос на минатата година, вели Силви Годи, директорка на Франшизa Експо Париз (Franchise Expo Paris).

Во рамките на Саемот се одржуваат и стотина конференции, работилници и семинари на кои посетителите можат да добијат совет и одговори на основните прашања за франшизната соработка: што е потребно за купување франшиза, како да дојдат до изворот на финансирање, но и како се создава и гради франшизниот концепт.

Меѓу официјалните партнери на Саемот во Париз веќе со години се наоѓа и компанијата ПРОФИТ систем (PROFIT system), водечка консултантска куќа од областа на франшизингот во средна и источна Европа, издавач на Франшизинг порталот во овој регион. Затоа, читателите на порталот  Franchising.mk ќе можат да добијат бесплатни влезници. Потребно е само до 14 февруари 2019 година да се пријават на страницата Franchise Expo Paris. Потоа, од 15 до 28 февруари влезниците ќе можат да се купат по цена од 14 евра, а после тој период, ќе чинат двојно повеќе, 28 евра.

Посетителите и оваа година ќе можат да ја искористат персонализираната онлајн опција „My franchise“ (Моја франшиза) која ќе им овозможи  според личниот интерес да ги планираат посетите и состаноците со давателите на франшиза, така што полесно ќе го испланираат и времето поминато на саемот.


Саем на франшиза во Париз / Во рамките на Саемот се одржуваат и стотина конференции, работилници и семинари на кои посетителите можат да добијат совет и одговори на основните прашања за франшизната соработка

погледнете ги текстовите

Украина е отворена за франшизи /24.07.2019

PROFIT system, една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за франшизинг, потпиша договор за соработка со Franchise Group, која е лидер во областа на франшизното советување во Украина.

Провери и поправи /18.06.2019

Од што е направена и како треба да изгледа совршената Dominos’s пица? Вештачката интелигенција го знае одговорот.

Учи, создавај, заработувај /28.05.2019

Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.

Секогаш на врвот /22.03.2019

Во последните 11 години, колку што FranchiseDirect ја објавува листата на 100 најуспешни франшизи во светот, само два бренда се менувале на самиот врв. Од оваа година еден е во блага предност.

И старо и младо /03.02.2019

Почетокот на годината е време за рекапитулација, време кога и магазинот Entrepreneur се навраќа на пазарот на франшизите во Америка и ја преставува годишната листа на 500 најуспешни.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

популарно во форумот