Можност и за компаниите од овој регион/
Можност и за компаниите од овој регион/ / Coders Lab бара приматели на франшиза пред се во земјите од средна и југоисточна Европа, а посакувани партнери се компании кои се занимаваат со едукација, вработување и управување со човечки ресурси.
Среда
20.02.2019
Coders Lab, најголемата мрежа на IT (информатичка технологија) училишта во Полска, за прв пат влегува на пазарот во овој дел од Европа. Франшизниот договор е потпишан за Романија. Франшизата им е достапна и на земјите од овој регион.
 

Откако си го обезбедија водечкото место на домашниот пазар, училиштето за програмирање Coders Lab од Полска на почетокот од 2019 година потпиша франшизен договор со Романската компанија "ЕJobs", најголемата онлајн платформа за вработување.

Како примател на франшиза, "ЕJobs" добива можност да ја прошири својата постоечка деловна понуда со специјализирани IT курсеви со примена на знаењето (know-how)  на Coders Lab, стои во соопштението на Полската компанија.

Марќин Чожевски кој е основач и извршен директор на Coders Lab  истакнува дека оваа компанија со својата понуда на курсеви за информатика (IT курсеви)значително помага во решавањето на проблемите кои се забележливи не само на полскиот пазар на трудот. – Неусогласеноста на структурата меѓу потребите  на работодавачот и бројот на IT стручњаци присутна е во повеќето земји во Европа. Тоа се однесува и на Романија каде што сега ја започнавме соработката со силен партнер. Не се сомневаме дека EJobs  ќе воспостави синергија помеѓу постоечкото работење и нашите понуди за курсеви -  вели Чожевски.

Од друга страна, пак, со земањето на франшизата од Coders Lab ќе и се овозможи  на компанијата EJobs  да развие нова дејност.  – Дваесет години бевме водечка компанија на пазарот на вработување. Образованието е следниот голем чекор  во градењето не само на нашиот бизнис туку и на индустријата.  Верувам дека вложувањето  во образованието е потребно пред се заради превирањата во секторот човечки ресурси. Во моментов IT стручњаците се меѓу трите најбарани занимања. А компаниите се уште немаат доволен број кандидати кои можат да ги пополнат сите IT работни места. Токму Coders Lab ќе овозможи да се пополни таа празнина и ќе им овозможи и на кандидатите и на компаниите да победат во натпреварот кој се води меѓу работодавачите и идните вработени. Пазарот лесно може да прифати и до 20.000 IT стручњаци, со што патот им е отворен на сите оние кои сакаат да градат  кариера во оваа област - истакнува извршниот директор на EJobs  Богдан Бадеа.

Како што е предвидено со франшизната соработка, EJobs ќе има ексклузивно право да отвора и развива синџир на буткампови (училишта за програмирање) на подрачјето на Романија. Ќе биде задолжен за изнаоѓање на предавачи, организирање на курсеви, маркетинг и продажба, а од друга страна IT експертите од седиштето на Coders Lab во Полска ќе работат на развојот и ажурирањето на наставниот материјал. На почетокот Coders Lab во Романија ќе нуди два курса (JavaScript developer: React  и  Back-end developer: PHP), а понудата со текот на времето ќе се проширува. Првите буткампови на Coders Lab треба да започнат со работа пролетта 2019.

Давателот на франшиза продолжува да бара партнери и во другите европски земји, па и во Северна Македонија. – За сега сме насочени кон земјите од средна и југоисточна Европа, но голем потенцијал гледаме и во земјите со висока стапка на невработеност,  како што се Шпанија и Италија. Нашиот концепт на франшиза посебно им одговара на компаниите  кои веќе се занимаваат со едукација како што се стручните училишта, училиштата за странски јазици или приватните училишта. Од друга страна, како што потврдува и оваа соработка со EJobs , Coders Lab може да биде опција и за компаниите за вработување или управување со човечки ресурси – смета Марќин Чожевски.

Покрај постојаното ажурирање на наставниот материјал, примателите на Coders Lab франшизата добиваат и пакет со алатки кои ќе им помогнат во секојдневната работа – тоа го вклучува и Learning Management System  со чија помош лесно и ефикасно се организира и следи распоредот на предавања, предавачите, профилот на корисници, исполнетоста на просториите и курсевите, популарноста на наставникот, извештаите за профитабилноста и слично.

 

 

 

 


погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот