LG Laundry Lounge / Низ годините, особено во западните земји, перењето на алиштата во јавните пералници било вообичаено, но заедно со зголемувањето на патниците и туристите овој тренд се прошири низ целиот свет.
Вторник
19.03.2019
Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.
 

Низ годините, особено во западните земји, перењето на алиштата во јавните пералници било вообичаено, но заедно со зголемувањето на патниците и туристите овој тренд се прошири низ целиот свет.

Пред неколку години, познатата енергетска компанија LG Electronics  создаде концепт за модерни сервиси за перење кој започна да работи под брендот LG Laundry Lounge. Првите простории беа  отворени во Њујорк во 2012 година, а следната филијала во 2015 во Европа. Тоа беше пробно отворање во Загреб, главниот град на Хрватска и Хрватската компанија "Bright World" стана мастер франшиза, одговорна  за развивањето на франшизната мрежа на Јадранот.

Само по неколку месеци, втората самостојна франшиза беше востановена во Задар, град на хрватскиот дел од Јадранскиот брег. Една година подоцна, "Bright World" беше назначен како врвна франшиза  за целата централна и источна Европа. –Ваквата одлука дојде откако успешно ги започнавме работите во Хрватска. Но, со самото тоа што сме проактивни, организиравме неколку едукативни семинари за заинтересираните за започнување на овој бизнис. Така, со  ваквото знаење и искуство, бевме подготвени да го превземеме развојот на франшизната мрежа низ централна и источна Европа бидејќи се работи за слични земји – објаснува Марио Мартинек, сопственик на "Bright World".

-Ние сфативме дека зголемувањето на бројот на сервиси за перење станува видлив тренд во овој дел од Европа, иако пазарот се уште не е заситен.  Тоа подразбира дека многу претприемачи од централна и источна Европа  имаат можност да започнат бизнис кој ќе им обезбеди пристоен профит – вели Мартинек.

Развивањето на франшизната мрежа се покажа плодна и надвор од Хрватска – во 2017 “Bright World” потпиша договор за единечна франшиза и LG Laundry Lounge беше отворена во Подгорица, главниот град на Црна Гора. Следната година, 2018, регионална мастер франшиза беше договорена за Србија и кратко потоа првата LG Laundry Lounge единица беше основана во Белград, главниот град на Србија. – Со тоа што голем број на единки биле тестирани и докажани на различни пазари и со тоа што се прифатливи и профитабилни, заедно со концептот кој е исплатлив и профитабилен, забележуваме можност и потенцијал за развојот во земјите од централна и источна Европа, вели Мартинек.

За луѓето кои се заинтересирани за оваа франшиза, еднa од главните предности  е тоа што не бара многу ангажман,  па затоа  би било одлична дополнителна работа за сите кои веќе имаат друг  бизнис.  – Сепак, со мала инвестиција од околу 20.000 евра, секој би можел да започне успешен бизнис и да очекува враќање на инвестираното после 12 месеци,  вели Мартинек.

Да додадеме дека оние кои избрале да ја купат оваа франшиза не треба да платат ниту  членарина за влез,  ниту пак права за користење, бидејќи веќе истите се вклучени во цената за купување на машините.  – Како и да е,“Bright World” ќе ги обезбеди сите потребни средства и поддршка за планирање на бизнисот, избирајќи ја локацијата, уредувањето на внатрешноста и одржувањето на машините, вели Марио Мартинек додавајќи дека франшизeрите  може да сметаат и на нивната маркетиншка поддршка.

Во првите пет години, истакнува Мартинек, недостатоците се  покриени  од осигурувањето или гаранцијата.  Единствените трошоци на франшизата се кирија,  осигурување, струја, вода и детергенти. Од друга страна пак, пералницата работи 24 часа, нема потреба за постојано вработување, туку е потребен работник со скратено работно  време  кој ќе води грижа за хигиената или одржувањето.  Сопственикот  исто така работи само со готовина, па не се грижи дали ќе чека за плаќање и сметки, дециден е Мартинек.

Прва и главна задача за идниот франшизер ќе биде да најде простор од најмалку 30 метри квадратни на атрактивна локација. Бидејќи е можно да се перат и сушат многу големи работи, како ќебиња или пердувести јакни, идеална локација за LG Laundry Lounge  би била станбена зона, студентски кампус или хостели, но овој бизнис исто така е и одлична можост  за секоја туристичка дестинација со сопственици на станови кои ќе можат да ги перат својата долна облека и постелнина, а туристите нивната облека.

На крајот Мартинек  истакнува дека  бидејќи LG  целеше кон создавање  „современ допир“  за сите корисници на ова искуство ги создал  своите  пералници  не само како удобно, туку и пријатно место – место за дружење, со интернет, телевизија, кафемат, детско катче – вистинска домашна атмосфера. – Во тој случај, одењето во пералниците не се смета за изгубено време,  туку како добра можност  да се ужива во безделничењето. Тоа ќе биде другата причина  луѓето да доаѓаат и да се враќаат. И уште една придобивка за нашите  идни франшизи – вели Мартинек.


LG Салон за перење / Прва и главна задача за идниот франшизер ќе биде да најде простор од најмалку 30 метри квадратни на атрактивна локација

погледнете ги текстовите

Преку франшиза во светот на гејмингот /08.04.2021

Да се води „Еспортс арена“ може да биде добра деловна можност, особено ако се купува франшиза од докажан концепт. Што нуди системот Friendly Fire и кои се условите кои што треба да ги исполнат потенцијалните приматели на оваа франшиза, ни открива сопственикот на овој концепт, Давид Косир.

Сервисите за перење алишта – сигурен бизнис /03.09.2020

LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.

Нови пералници на франшизната мапа - едноставно и профитабилно /17.02.2020

Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Мобилна апликација која ќе ви донесе профит /21.11.2019

ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот