Бум на пазарот на домашни миленици

Собир на приматели на франшизи од Србија / Одржувањето на годишните собири во Husse системот е традиција, како на глобално ниво, кога се среќаваат главно примателите на мастер франшизите, така и во секоја земја одделно.
Недела
24.03.2019
Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ
 

Франшизниот систем Husse кој е производител и дистрибутер  на храна за домашни миленици, се придвижи кон врвот на годинешната Топ 100 листа на светски франшизи која ја објавува FranchiseDirect дури за 23 места. Моментно Husse ја зазема 43 позиција. – Зголемувањето на бројот на франшизи е постигнат во секоја земја во која Husse работи, вели Саша Милутиновиќ кој е примател на мастер франшизата, задолжен за подрачјето на Србија и Црна Гора. Тој франшизната мрежа ја развива веќе шест години, има девет приматели во Србија и еден примател на франшиза во Црна Гора.

Какви резултати на деловен план се постигнати во 2018? Дали пазарот во Србија е во согласност со светските резултати кои ги постига Husse?

Husse во Србија оствари раст на прометот за 30 проценти. Во апсолутни бројки прометот изнесува околу 20 милиони динари ( околу 10.500.000 денари) во 2018 споредбено со 15 милиони динари во 2017. Толкав раст не е тешко да се постигне кога сте на почетокот од работата, но во шестата година од работењето тоа е навистина добар резултат.

Покрај храната за кучиња по која е препознатлив, Husse произведува и дистрибуира храна за мачки и коњи. Каков е тој однос во продажбата?

Статистиката речиси во сите земји е речиси иста – 90 проценти од продажбата е храна за кучиња по која, како што рековте, сме препознатливи, а останатите десет отсто  се храна за мачки и коњи.

Неодамна е одржан и годишниот собир на приматели на франшизи од Србија, За што разговаравте и колку овие собири се значајни за мрежата?

Одржувањето на годишните собири во Husse системот е традиција, како на глобално ниво, кога се среќаваат главно примателите на мастер франшизите, така и во секоја земја одделно. Собираањето е значајно заради размена на искуства, стекнување нови знаења и поставување насоки за понатамошната работа.

Годинава на собирот, покрај примателите од Србија, учествуваа и двајца колеги од Босна и Херцеговина кои се носители на мастер франшиза за оваа територија. Специјалниот предавач дојде од централата на компанијата Husse . Се работи за Тини Лабруто Хартмер која одржа предавање за новите производи од брендот Husse. Покрај тоа имавме и повеќечасовен вебинар  од областа на информатичката технологија, слушавме предавање за новите технологии, мобилни платформи, а се со цел подобра маркетинг промоција во дигиталниот свет.

Инаку, најголемо внимание на овој состанок посветивме токму на темата за маркетинг. Централата одлучила да ги стимулира сите приматели да бидат маркетиншки поактивни и донела одлука да ги поддржи идеите и предлозите кои ќе дојдат од примателите на франшиза. Имено, идеата е една третина од буџетот  за одредена маркетиншка активност која ќе ја предложиме и за која ќе се усогласиме дека ни е потребна да ја финансира централата, третина би финансирал примателот на мастер франшизата, а остатокот заеднички сите приматели на одделните франшизи. Мометно правиме бизнис план и предлог на активности кои би биле најдобри за нас во Србија.

Какви се очекувањата за оваа година за ширењето на мрежата и порастот на прометот?

Предвидовме амбициозен, но и реален план за растот на прометот од 20 проценти. Кога се работи за ширење на мрежата, оваа година ќе ставиме акцент на ширењето преку ангажирање на дистрибутери, што е поттикнато и од централата како потврдена практика. Имено, постојните приматели се стимулираат да ангажираат дистрибутери,  врз таа основа  добиваат дополнителен рабат за производите, а тие добиваат слободно време да привлечат повеќе клиенти, да го развиваат маркетингот и со тоа да го зголемат обртот и да остварат поголем раст. Во нашата мрежа двајца приматели на франшиза веќе ангажираа дистрибутери.

Исто така и ние како мастер приматели ќе тргнеме во таа насока со што за подрачјата на кои немаме приматели ќе бараме дистрибутери кои ние ќе ги ангажираме. Луѓето веќе прашуваат, најмногу од Војводина.

Зошто се одлучивте да се фокусирате на дистрибутери?

Имам впечаток дека на луѓето им е тешко да се решат да отпочнат сопствен бизнис. Се плашат од неуспех иако кога се работи за нашата компанија, Husse многу успешно работи во Србија веќе седум години.

Секако имавме луѓе кои  се откажаа, но дека се зависи од примателот на франшизата и неговата работа најдобро покажува примерот на нашиот најдобар примател на франшиза Дејан Јаковљев, задолжен за белградската општина Чукарица. Дејан ја презеда општината од примателот кој се откажа и кој сметал дека не постои простор да се направи значителен раст. Дејан денеска остварува фантастичен промет- значи тој е на истото подрачје на кое веќе имавме примател кој се откажа,  направи исклучителен резултат. Токму тоа е пример дека со добар пристап може да се оствари и добра заработка. Инаку Дејан многу брзо одлучи да купи права за уште едно подрачје – Нов Белград.

Што кажуваат бројките во однос на пазарот на домашни миленици?

Светот на домашните миленици се повеќе се развива. Забележав дека и порано на листите на кои се рангираат франшизите нема многу системи од оваа област. На најновата листа на порталот FranciheDirect рангирани се неколку системи на кои целната група им се домашните миленици.  Тоа се разбира има врска со зголемувањето на бројот на бизниси  кои се ориентирани кон работење преку франшиза, но и со тоа што пазарот на домашни миленици расте.

Кога се работи за Србија, ќе ви дадам еден интересен податок. Кинолошкиот сојуз на Србија во 2017 издал 33.000 листи на раѓање (педигре) за кучиња, а минатата година 36.000. Тоа значи дека се родени или регистрирани 36.000 нови кучиња. При тоа треба да имаме во предвид дека не се регистрираат сите кучиња, ниту пак се издаваат листи за раѓање за сите.  За пазарот на мачки, пак, ништо не се знае бидејќи не постои никаква статистика.


Саша Милутиновиќ / Светот на домашните миленици се повеќе се развива. Забележав дека и порано на листите на кои се рангираат франшизите нема многу системи од оваа област. На најновата листа на порталот FranciheDirect рангирани се неколку системи на кои целната група им се домашните миленици.

погледнете ги текстовите

Секоја чест, Domaccini /27.05.2021

Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.

Пример на добра пракса - во франшизингот, секогаш учиме едни од други /31.01.2020

Примателите на франшиза од брендот Husse од Јадранскиот (Адриатик) регион неодамна одржаа состанок во Белград и разменија искуства. Планираат да продолжат со вaквите средби.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Силата на големото франшизно семејство /07.06.2019

Шведски Husse е еден од ретките франшизни системи кој својата мрежа ја развива во сите земји од регионот. Приматели на мастер франшиза од минатата година имаат и во Босна и Херцеговина.

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот