CHIPAS ги поместува границите

CHIPAS Concept / Нов ресторан во Пофалиќи во Сараево
Среда
27.03.2019
Сараевски CHIPAS отвори нов, репрезентативен објект кој под уште еден покрив ќе понуди се по што е познат – солено и слатко мени, специфичен ентериер, домашна атмосфера.
 

Во сараевската населба Пофалиќи, од почетокот на јули 2018 отворен е нов концепт на рестораните CHIPAS – концепт кој ги обедини сите претходни CHIPAS формати. Како што објаснува сопственикот и идеен творец на концептот, Муамер Чолиќ, на 900 метри квадратни сместен е и ресторанот CHIPAS, познат по специјалитетите од паста и пилешко, потоа слаткарницата CHIPAS Sweet&Cake,  како и новиот сегмент CHIPAS Kids Pizza. Главен партнер на овој проект од почетокот е компанијата Coca-Cola.

Покрај импозантната големина и богатата понуда, новиот објект донесува уште неколку новини. Кујната се простира на 140 квадрати, а за разлика од класичните ресторани, целосно е издвоена со стакло, па гостите можат да уживаат и во подготовката на храната. Посебен дел е одвоен за децата. Имено, Чолиќ ја осмислил и работилницата CHIPAS Kids Pizza, каде децата можат самите да подготват пица.

- Морам да признаам дека таа идеа ја добив на патување. Нешто слично видов на повеќе места – во Сингапур, Дубаи и мислам дека идеата е одлична. Работилницата ќе трае половина час за група од 12 деца кои ќе добијат тесто и неопходни состојки за да, со помош на аниматор, направат пица по својот вкус. За да биде искуството целосно, имаме и фотограф, а доделуваме и дипломи за завршениот курс - објаснува Чолиќ.

Заради големината и специфичноста на отворениот простор, новиот CHIPAS е уреден во индустриски стил и дава различни можности. – Станува збор за повеќефункционален  објект кој  ни дава големи можности за организирање на различни настани, различни видови на прослави, а планираме и да го понудиме под закуп за одредени пригоди. Ентериерот е многу интересен и мислам дека тоа дополнително ќе ги привлече луѓето - објаснува Чолиќ.

CHIPAS во Пофалиќи е осмислен како самопослужување, што значи дека нема да нуди услуга од келнер. На одвоен пулт ќе се порачува храната, а „брмчалото“ на масата ќе ги известува гостите кога храната ќе биде подготвена за да можат да ја земат.

Во однос пак на пијалакот, посебно партнерство е договорено со компанијата Coca-Cola, па делови од ресторанот се уредени во знакот на тој пијалак. Пијалакот ќе се служи на шанк, а покрај сокови и Coca-Cola пијалаци, гостите ќе можат да се напијат и пиво и кафе. На новата локација ќе работи и Coca-Cola продавница за сувенири во која ќе можат да се купат различни предмети со познатото лого на компанијата од Атланта. - Coca-Cola е нашиот генерален и клучен партнер во овој проект, па затоа се е во знакот на брендовите  CHIPAS и Coca-Cola - вели Чолиќ.

За доброто на идните приматели на франшиза

Бидејќи сега веќе има два ресторани, а размислува за што подобари и побрзи услуги, Муамер Чолиќ на посебна локација изградил и централна кујна. Сместена на 170 метри квадратни, во неа ќе се извршуваат одредени подготвителни работи – миење на салатата, подготовка на друг зеленчук, сечење на пилешкото. Со тоа ќе се намали времето за подготовка на оброците и ќе се зголеми ефикасноста на работниците во самиот ресторан.  Централната кујна, според зборовите на Чолиќ ќе биде главната поддршка за идните приматели на франшизата. – Претходно сите сили ни беа насочени на отворањето на овој нов објект. Но, паралелно го унапредуваме системот, со што франшизната мрежа полесно би се развивала. Имено, преговаравме со една фабрика за сосови која би правела сосови по наш рецепт, би поставиле стандарди и континуиран квалитет, со што би ја олесниле работата и подготовката на јадењата за примателите на франшизата. Реализацијата на оваа идеа е следната фаза – најавува Чолиќ.

CHIPAS на Сараево му е познат како ресторан на квалитетна храна по најповолни цени. Основата на менито е пилешко и паста, а целта е секој гостин да биде услужен што е можно побрзо. Веднаш до првиот ресторан, Чолиќ отворил и слаткарница CHIPAS – Sweet&Cake која, како што споменавме исто така е дел од новиот концепт. За оние кои размислуваат за отворање на ресторан од овој тип, CHIPAS од минатата година  нуди и франшиза.


CHIPAS / Главен партнер во новиот проект е компанијата Coca-Cola
Весна Лапчиќ
Уредник

најчитани

Секогаш на врвот /22.03.2019

Во последните 11 години, колку што FranchiseDirect ја објавува листата на 100 најуспешни франшизи во светот, само два бренда се менувале на самиот врв. Од оваа година еден е во блага предност.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

Улога по мерка на големите играчи /26.02.2019

Со купувањето на мастер франшиза, примателите на франшизата од самиот почеток влегуваат во сериозна игра . Иако добивката во тој случај е поголема, многу поголеми се обврските.

СКОК ЗА ПРОФИТ /13.02.2019

Jump Planet, полскиот концепт на забавен парк со трамбулини нуди франшиза и во земјите од регионов. Што се очекува од примателите на франшиза?

популарно во форумот