Како да се подготвите за улогата примател на франшиза?

Запишете ги сите трошоци
Запишете ги сите трошоци / Без оглед на финансиската проекција која ќе ја добиете од давателот на франшизата, добро би било самите да направите пресметка на трошоците и приходите
Понеделник
06.05.2019
Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?
 

Вака во најдобар случај звучат прашањата кои си ги поставува човек кој сериозно размислува за отпочнување бизнис. Помалку е важно дали бизнисот го започнува самостојно, од почеток, или пак со купување франшиза. И во двата случаи правилото е исто – пред да го направи првиот чекор претприемачot треба да подразмисли со кои тешкотии ќе се соочи доколку нема добри одговори на клучните прашања. Да тргнеме од првото...

Кој бизнис?

Луѓето најчесто, предизвикани од тоа дека добро ќе заработат, отпочнуваат со одреден бизнис за во еден момент да сфатат дека работат нешто што воопшто не им одговара. Затоа кога размислувате за  работа, размислувајте за себе. Особено ако купувате франшиза бидејќи тоа подразбира дека во следните пет до десет години ќе работите нешто што не можете лесно да го напуштите, без обврски или последици. Во тој случај запознајте се самите себе и одберете работи во кои ќе уживате.

Прашања кои треба да ги поставите:

Што сакам да работам (што ме интересира, кое е моето хоби)? Што знам да работам (какво искуство имам)? Што знам добро да работам (кои се моите посебни вештини и талент)? Што повеќе сакам да понудам – производ или услуга?
Одговорите на овие прашања значително би го намалиле изборот на посакуваната дејност и франшиза.

Има ли пазар за тоа?

Доколку е можно, пред да купите франшиза и да започнете бизнис, треба да извршите, барем минимално истражување на пазарот. Не е неопходно тоа да биде обемно и професионално истражување, но секако претприемачот може да се распраша, да ја набљудува состојбата на терен и да постави вистински прашања:

На колку потенцијални клиенти можам да сметам? Има ли побарувачка за тој производ или услуга која ја нудам? Кои потреби на клиентите со тоа ќе бидат задоволени? Кој проблем го решава? Се работи ли за минлив тренд или долгорочна потреба? Кои ми се конкурентите? Колку ги има? Што нудат тие? Колку моите производи или услуги во однос на нив се единствени или посебни? Колку чини отпочнување на бизнис?

Пресметката е јасна – за да отпочнете со работа треба да имате пари. За да останете во бизнисот треба да заработите пари. Една од најчестите причини за неуспехот се крие во фактот дека примателите на франшиза немале доволно пари во почетната и најчувствителна фаза – во фазата на отпочнување и прилагодување  во работењето. Затоа немојте да заборавите  на старото потврдено правило: колку и да чини почетната инвестиција, сметајте дека ќе ви треба два пати повеќе.

Запишете ги сите трошоци!

Без оглед на финансиската проекција која ќе ја добиете  од давателот на франшизата, добро би било самите да направите пресметка на трошоците и приходите. Визијата на давателот на франшизата понекогаш може да биде премногу оптимистична.  Во идеален случај би требало самите да направите бизнис план со кој ќе ги предвидите вистинските трошоци и ќе процените за колку време може да очекувате повраток на инвестираното.

Прво треба да процените колку ќе морате да одвоите за франшизниот надомест, уредувањето и опремувањето на просторот, мебел и инвентар, првото набавување на сtока, осигурување, промоција и маркетинг при отворањето.

Потоа направете проценка колку пари ќе ви бидат потребни и за непречено тековно работење, односно откако официјално ќе отпочнете со работа. Тоа се пари кои ќе ги вложувате (трошите) додека бизнисот не се стабилизира и додека не стане профитабилен, што значи дека на почетокот најверојатно ќе ги покривате и трошоците за плата и придонеси, кирија, комунални услуги, маркетинг, осигурување, кредити...

Дали оваа работа на крајот ќе биде исплатлива?

Имајте на ум дека ова не е само прашање за профит, иако тоа е клучна и основна цел на секој бизнис. На крајот од денот, кога ќе се исплатат сите обврски и ќе се покријат сите трошоци, ќе се подвлече линија и ќе се согледа колкава е заработката,  останува уште едно важно прашање – дали сте заработиле доволно пари за да можете да речете: вредеше за потрошеното време, трудот и енергијата кои сте ги вложиле во тоа?


најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот