Учи, создавај, заработувај

Едукидо / Полски едукативен концепт за деца кој ги поврзува учењето и забавата
Вторник
28.05.2019
Роберт Стопа вложил неколку илјади евра за да ја купи франшизата Едукидо. Инвестираното многу брзо го вратил и купил лиценца да развива бизнис во уште две дејности во Полска.
 

Првичните податоци за Едукидо Роберт Стопа ги добил случајно, слушајќи една радио емисија. Приказната за концептот за деца кои користат LEGO коцки во едукацијата го заинтересирала. Одлучил да исконтактира со давателот на франшиза и да се распраша за деталите за соработка.

Едукидо го отвориле ентузијасти, луѓе кои сакале да изградат силен бренд. Концептот е осмислен до најситен детаљ. Давателот на франшизата се потрудил активностите за децата да бидат интересни, но и многу едукативни. Од друга страна, системот е поставен така што и примателите на франшизата можат убаво да заработат. После првиот разговор помислив дека доколку ја напуштам работата и отпочнам сопствен бизнис, тоа би го сторил единствено за Едукидо, особено што имам педагошко образование и сакам да работам со деца – раскажува младиот претприемач од Полска Роберт Стопа како и зошто станал примател на Едукидо франшизата.

Во јуни 2017 година потпишал франшизен договор со што имал доволно време да се подготви за екот на сезоната. Во оваа работа, како што вели, септември е клучниот месец бидејќи родителите во тој период одлучуваат на кои дополнителни активности ќе ги запишат своите деца.

Неговата франшизна лиценца покривала само едно подрачје од градот Жежов каде и тој живее.  – Во тоа време веќе постоеше примател на Едукидо франшизата кој ги имаше ексклузивните права за подрачјето на Жежов. Заради тоа ние се насочивме кон приградските училишта и оние на периферијата. Ќе изнајмевме простор во рамките на градинка или училиште и туку ги организиравме првите работилници. Од почетокот се работев сам, но како што се зголемуваше интересот, набрги вработив уште неколку инструктори, Парите кои ги вложив во Едукидо успеав да си ги повратам за само седум месеци работа. Заработеното го вложив во купување на лиценца и тоа за две области, во градовите Мјелец и Лањцут. Денеска единствено се занимавам со менаџмент и маркетинг – вели Роберт Стопа и додава дека во секој момент има повеќе од 70 групи со деца кои доаѓаат на нивните работилници.

Стопа, меѓутоа забележува дека родителите често ги мешаат активностите на Едукидо со курсевите за роботика. – Едукидо е многу повеќе од тоа. Ние се трудиме преку користењето на LEGO коцките на децата да им ги пренесеме различните интересирања за светот и животот, наместо само да правиме роботи според упатство. Темите на нашите работилници се многу широки, а програмите се приспособуваат според возраста на децата – објаснува Стопа.

Часот започнува со одредени стимулативни активности кои вниманието на децата го насочуваат кон темата која се обработува. Тоа може да биде кус видео-клип. Потоа инструкторот прави приказна околу избраната тема, на пример гравитација, поставувајќи повеќе прашања. Децата доаѓаат до одговорите на различни начини – преку експерименти, размислувања, разговор, користејќи ги при тоа и LEGO коцките. Многу е важно тоа што децата не добиваат упатства што треба и како треба да направат. – Се трудиме да ја поттикнеме и развиеме самостојноста, затоа инструкторите не се мешаат премногу во работата на децата. Нивната задача е да ги стимулираат децата на креативност, логично размислување што ќе ги поттикне нешто и да направат – објаснува еден од инструкторите.

Додека децата работат на своите конструкции е вистинскмо време да извлечат важни заклучоци. Темите на кои се разговара на Едукидо работилниците се однесуваат и на летечки објекти, обновливи извори на енергија, карти на светот, гравитација, современ транспорт, подвижни мостови, вселенски ровери и слично.

Најголемиот дел од приходот, околу 85% ги создаваат класичните работилници, околу 10 % од  приходот е од специјалните работилници кои се организираат во училиштата и на кои се обработуваат специфични училишни теми, а 5% од организирањето на роденденски прослави и слични настани. Целта ни е наскоро да се фокусираме и на организирање на работилници по фирмите бидејќи имам впешаток дека уште многу може да се направи на тоа поле. Исто така би сакал да организираме и кампови бидејќи со тоа се уште не сме се занимавале. Веројатно во иднина ќе отвориме уште еден Едукидо центар – вели Роберт Стопа.

Давателот на франшизата препорачува примателите да започнат со организирање на работилница во рамките на градинка или училиште. Во тој случај инвестицијата е помала бидејќи потребни се пари само за лиценца и купување одредени  LEGO комплети. Вкупните вложувања, пак, зависат и од големината на подрачјето за кое примателот на франшиза ја купува лиценцата, како и од тоа дали ќе организира работилница во рамки на училиште или веднаш самостојно ќе отвори едукативен центар.

Доколку примателот на франшиза се одлучи за првата, поевтина опција, неговата следна задача ќе биде да ги заинтересира директорите на училиштата за соработка. Потоа да ги убеди родителите дека е добро детето да се запише на часови во Едукидо. – И едните и другите главно се приемчиви. Развивме програма за деца од три до 12 години што ни овозможи работилниците да можеме да ги одржуваме и во градинка. Забележавме дека многу поголем е интересот кај децата на возраст од шест до девет години – вели Роберт Стопа.

Часовите во Едукидо траат 60 минути. Исклучок се градинките каде работилниците можат да траат и по половина час. Прилагодени се за групи со најмногу 10 ученици. Примателите на франшиза најчесто вработуваат студенти како инструктори. – Тоа пред се треба да биде личност која сака и знае да работи со деца – додава Стопа.

Доколку примателите одлучат за отворање на самостоен Едукидо центар, тогаш работилниците можат да се одржуваат преку целиот ден и за викенд. Треба да се има предвид дека на голем дел од луѓето повеќе им одговараат термините кои се надвор од работниот ден. Во таков случај примателот може да ја прошири понудата и да организира роденденски забави или полудневни кампови. Оваа опција му дава можност да работи и за време на училишниот распиуст.

Давателот на  франшиза не ги утврдува цените на курсевите. Примателот на франшиза има обврска да се распраша колку чинат слични услуги на подрачјето каде сака да работи и дали цените им одговараат на родителите чии деца би го посетувале Едукидо. – Меѓутоа квалитетот на работилниците е од пресудно значење за родителите. Забележавме дека родителите се подготвени да платат повеќе доколку е добро и квалитетно. Од друга страна, пак, примателот мора да напрви проценка дали ќе му биде исплатливо доколку понуди услуга по одредена цена – смета Стопа.

Што работат за време на летото примателите на Едукидо франшизата? 

Покрај тоа што можат, како што вели Стопа, да организираат кампови, тие можат да се посветат и на ажурирање на едукативниот материјал, да осмислат нови активности, да подготват маркетинг стратегија. – Во август треба да се подготват понуди за училиштата и да се бара можност да им се престават на родителите. Од првиот ден во септември треба да се започне со интензивни промоции, да се делат флаери, да се организираат пробни и информативни работилници – прецизира Стопа.

Идеален кандидат за Едукидо франшиза е личност со менаџерско искуство. Би било добро доколку и претходно работела со деца, но не е и неопходно. Во моментов, под брендот Едукидо во Полска работат 29 центри од кои два се во сопственост на давател на франшиза, а 27 се франшизни.


Роберт Стопа, примател на Едукидо франшиза / „Едукидо го создадоа ентузијасти. Луѓе кои сакале да изградат силен бренд. Концептот навистина е осмислен до најситните детали.“

погледнете ги текстовите

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

Со упорност до успех /30.04.2019

Што е клучно за ширење надвор од домашниот пазар, како може да се контролира франшизната мрежа и на кој начин да се заштити од плагијат, зборува Владимир Новицки, идејниот творец на системот „Малац генијалац“

Програмирано за во иднина /14.04.2019

Зошто и компаниите од регионов би требале да размислат за полската франшиза за училиштето за програмирање Coders Lab открива Гжегош Моравски, задолжен за франшизниот развој на овој концепт.

Брзото читење го освојува регионот /01.03.2019

Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.

Првиот чекор /20.02.2019

Coders Lab, најголемата мрежа на IT (информатичка технологија) училишта во Полска, за прв пат влегува на пазарот во овој дел од Европа. Франшизниот договор е потпишан за Романија. Франшизата им е достапна и на земјите од овој регион.

најчитани

Украина е отворена за франшизи /24.07.2019

PROFIT system, една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за франшизинг, потпиша договор за соработка со Franchise Group, која е лидер во областа на франшизното советување во Украина.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Тимот како движечка сила /25.06.2019

Размислувате за ширење на вашиот бизнис преку франшизинг? Се прашувате што е потребно за да се создаде стабилен франшизен систем?

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

популарно во форумот