Jumping Clay
Jumping Clay / За нас е важно да ги избереме вистинските партнери за долгорочни планови. Меѓутоа, кога некој ќе одлучи да инвестира во овој бизнис, тој мора да се посвети и да знае како да работи со деца.
Четврток
19.07.2018
Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.
 

Митко Андонов своето работно искуство почнал да го стекнува уште пред 20 години кога заминал „преку океанот“ - во Чикаго. - Многу научив во Америка, се сретнав со различни начини на водење бизнис и со различни луѓе, што е добро за добивање работни навики и самодоверба - вели Андонов за неговите почетоци. По неговото враќање во Македонија, работел за дистрибутерите Колд С Тим и Колид Интернационал, каде што стекнал најмногу искуство, знаење и вештини.  - Имав можност да учам од најдобрите и соработувам со големи партнери од повеќе од 20 земји - вели Андонов.

Покрај сето тоа, тој и неговиот брат отвориле фабрика за преработка на дрво, а пред две години има основано и компанија за маркетинг и консалтинг. Дополнително, како што кажува, ангажиран е на неколку помали проекти. Значи, станува збор за искусен претприемач - затоа, не е изненадувачки што пред една година одлучил да стане примател на мастер франшиза за брендот Jumping Clay за територијата на Македонија. Тоа беше, потврдува тој, сосема ново искуство.

Влегување во светот на франшизите

Митко размислувал за влез во некои од франшизните системи кои се нудат во овој регион додека живеел во САД, бидејќи, како што вели, франшизниот начин на работа е широко распространет и општо прифатен. Меѓутоа, никогаш не бил свесен за "деталите" на самато франшизно работење. - Читав текстови на интернет, но не верував дека Македонија е подготвена за франшизно работење. Самиот франшизинг е добар бизнис модел, а франшизните системи стануваат подобри со тек на времето, бидејќи секогаш се прават подобри решенија, меѓу другото - и со прифаќање на искуства од земјите во кои франшизата веќе работи. Ако се работи за познат бренд, тогаш тоа е добра реклама за примателот на франшиза. И, конечно, многу е полесно да се следат резултатите, бидејќи е добро познато и кои се очекувањата - вели Андонов, за она што го гледа како придобивка од франшизното работење.

Од друга страна, смета дека за многумина кои размислуваат за франшизинг, ограничувачки фактор кај многу системи се надоместоците за франшиза кои се плаќаат од самиот почеток. - Сите се сомневаме додека не видиме како ќе се реализира бизнисот. Вистината е дека сите очекуваме некој однапред да ни гарантира успех и пред да инвестираме било што. Но, ако не инвестирате ништо, тогаш има помалку мотивација за постигнување на успех - вели тој.

Една "позитивна приказна"

Jumping Clay за нив е "позитивна приказна", бидејќи тоа е едукативна и забавна франшиза чии услови се едноставни и лесни. Покрај основната услуга - курс за моделирање на глина, во работилниците оваа специјална глина исто така се продава, што е конкурентна предност во однос на другите образовни концепти.

- Jumping Clay уште не е добро познат бренд на нашиот пазар. Се случува да се појават слични глини или пластелини со лош квалитет, што го мами клиентот и поради што ја губи довербата и во Jumping Clay - објаснува Андонов во врска со тоа со што се соочуваат.

Без оглед на тоа, врз основа на првите десет месеци на работење, смета дека постои голем потенцијал за развој на овој франшизен систем во Македонија. - Сите родители сакаат нивните деца да бидат што е можно попаметни, да ги оддалечат од телефоните, компјутерите и телевизорот. Во нашите работилници се поттикнува креативноста, самодовербата, развојот на моторика. За да го направиме концептот уште позабавен, додадовме и организација на родендени. Во тоа исто така се разликуваме од другите места каде што се организираат родендени. Децата се многу задоволни - вели Андонов.

Тој додава дека мисли дека во Македонија можат да се применат моделите од други земји, каде што Jumping Clay е воведен во училиштата како дополнителна настава. Постои идеја програмата да биде вклучена и во некои летни кампови.

Внимателно проширување на мрежата

Постои интерес за оваа франшиза. Андонов вели дека преговараат со заинтересирани лица, но многу внимателно. Тие немаат притисок ниту се брзаат. - Важно ни е да избереме вистински партнери за долгорочни планови. Меѓутоа, кога некој ќе одлучи да инвестира во овој бизнис, тој мора да му се посвети и да знае како да работи со деца. Ова не е обичен бизнис, туку станува збор за "edutainment" - спој на образование и забава. Така и сопственикот на франшизата треба да биде повеќе менаџер отколку учител, како би миал успешна приказна. Наша одлука е да имаме само по еден партнер во секој град - вели Андонов.

Заинтересираните најмногу ги занима која е вредноста на инвестицијата. - Чудно, никој не се прашува кои се очекувањата и можностите и дали можат да ги надминат. Сега можеби изгледа тешко, но кога франшизната мрежа ќе се прошири во повеќе градови, сигурен сум дека многумина ќе се запрашаат "како не се сетив прв" - вели Андонов.

Митко го изнесува занимливиот податокот дека онлајн продажбата се развива. Македонија ги следи трендовите во овој поглед, па токму преку овој канал добиваат се повеќе нарачки за украси, фигури, рамки за слики изработени од Jumping Clay глина.

Како што веќе посочи - "играат на сигурно", па така плановите се да отворат уште една франшиза во следната година. - Стабилниот развој на системот е од клучно значење за нас. Досега имаме 100% задоволни клиенти и тоа не смееме и не сакаме да го изгубиме. Кога родителите ги согледуваат сите придобивки од Jumping Clay, стануваат наши редовни клиенти. За родендени, сега сме број еден. Драго ми е што родителите размислуваат што е најдобро за нивните деца. Наместо да ги остават на милост и немилост на технологијата, нека децата ни бидат приоритет, а не кариерата, дружењето и слично. Ако сакаме подобра иднина, треба да инвестираме во нашите деца. А за Jumping Clay само имагинацијата е граница! - вели тој.


Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

За нов почеток – училиште за програмирање /15.10.2020

Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дека ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот