Тимот како движечка сила

Добро се познаваме
Добро се познаваме / По правило, компаниите не мораат да одат далеку кога бараат личности кои би биле добри за работа во развојот на франшизен концепт – тие најчесто се наоѓаат меѓу вработените
Вторник
25.06.2019
Размислувате за ширење на вашиот бизнис преку франшизинг? Се прашувате што е потребно за да се создаде стабилен франшизен систем?
 

Една работа е сигурна – кога ќе зачекорите во франшизингот треба да ја подготвите вашата компанија за пазарот со франшизи, а промените нема да бидат мали. До сега силата сте ја насочувале кон развојот на концептот – сте продавале одредени производи, сте давале одредени услуги. Во моментот кога сте одлучиле да дадете франшиза, прво што треба да сфатите е дека сега продавате бизнис. Не само име или бренд, туку цел систем според кој работата функционира.

Второ, луѓето на кои ќе им се обраќате сочинуваат поинаква целна група. Тоа не се досегашните крајни купувачи и корисници, широка група на луѓе со различни потреби, навики и менталитет, која секојдневно прави стотици избори кога станува збор за производи и услуги. Сега тоа се претприемачи, инвеститори, луѓе кои се подготвени да отпочнат и вложат во сопствен бизнис. Се разбира, такви бисниси нема многу и затоа секој избор кој ќе го направат ќе биде добро осмислен, а селектирањето ригорозно. Едноставно, купувањето бизнис не е едноставен и лесен процес. Со самото тоа и продажбата на франшиза подразбира и поинакви маркетиншки алатки и секако поинакви форми на огласување.

Добар тим - е клучен

Распоредот на силите внатре во фирмата ќе мора да се промени. Покрај вообичаената работа, давателот на франшизата сега ќе има повеќе обврски и ангажирање околу развивањето на франшизниот пакет и изнаоѓање соодветен франшизен партнер, а потоа и обуки и поддршка кои ќе им бидат дадени на партнерите во текот на соработката. Може да се каже дека влегувањето во франшизинг е паралелна, полноправна, дополителна дејност која многу бара и на која не смеете да и пристапите ниту несериозно, ниту со брзање.

Меѓутоа, пред да го направите првиот чекор, би требало да одговорите на наједноставното прашање, а тоа е ,,што го прави посебен вашиот систем на работење"? Зошто некој друг би сакал да ги вложи своите пари и време во вашиот бренд и начин врз кој сте го поставиле бизнисот? Ваквиот чекор, покрај другото, ќе ви помогне да дефинирате што го сочинува вашиот "know-how" кој ќе им го пренесете на своите идни партнери. Поточно, ќе ви помогне да осмислите што влегува во оперативниот прирачник со целиот протокол и постапки за работење, ќе ви помогне да ги определите обемот и карактерот на поддршката која ќе им ја давате на своите партнери-приматели на франшиза. За сето тоа, се разбира, ќе ви бидат потребни добри и доверливи луѓе, тим кој ќе биде задолжен за франшизното работење.

Како да се изнајдат или „создадат“ такви соработници? Има неколку начини...

Избирај меѓу најблиските

Во голем број од случаите, па дури и по правило, и меѓу вработените има лица кои би биле соодветни за работа на развивање на франшизата. Клучните работници кои не би можеле да ги превидите и самите знаете да ги именувате. Меѓутоа, кога ќе воведете функција франшизен менаџер или координатор за франшиза, внимавајте определените работници да не ги ставите на нова позиција само затоа што заслужуваат да бидат унапредени или како поттик за претходното залагање и работа. Тоа пред се треба да бидат вработени кои добро го познаваат и можат целосно  да го согледаат системот на вашата работа или покажуваат одреден талент за тоа. Најчесто тоа се луѓе кои биле задолжени само за одреден сегмент на работење, но кои без поголеми проблеми ги координираат и решаваат проблемите од другите сектори. Земете го во предвид тоа дека ќе трпи нивниот досегашен ангажман и тогаш од вас ќе се очекува да направите прераспределба на должностите меѓу останатите работници.

Создавањето на нови позиции не подразбира и промена на структурата на целата фирма. Да, ќе предизвика одредени кадровски промени, но затоа за новите позиции би требало да направите краток опис на работното место со што секој од вработените ќе ги знае своите права и обврски пред да ја прифати новата должност и пред компанијата да започне со франшизингот. Исто така би требало да се разговара одделно со секој од нив. Се разбира, најважно е луѓето кои сте ги избрале за новите функции да бидат на ниво на работата, да имаат знаење и ентузијазам, да се лојални и подготвени да се занимаваат со франшизинг.

Вработете лице со искуство

Втората можност која ја имате е да вработите лице со искуство кое веќе работело во друг франшизен систем и кое со самото тоа има одредено знаење и искуство. При оценувањето на кандидатот, сепак, би требало да се изврши проценка дали ќе може да се вклопи во новата средина, да се распрашате кои му биле клиенти и како тие денеска работат, но и колку добро ја знае браншата и концептот за кој треба да ја развива франшизата.

Вработуваањето на искусен работник е добра, но не и најисплатлива идеја. За помалите фирми ова и не е императив. Има голем број на мали франшизни системи во кои давателот на франшиза (особено на почеток) успешно ги води сите работи поврзани со франшизингот. Доколку фирмата не влегува со големи амбиции во франшизинг, односно доколку има намера франшизната мрежа да ја шири постепено и на локалниот пазар, се препорачува за таа работа сепак да одбере и обучи некој од вработените.

Соработка со франшизните консултанти

Ангажирањето консултант за франшизинг секако е добро решение. Иако се работи за надворешен соработник, не треба посебно да се нагласува колку е полесно кога покрај себе имате стручна и искусна личност која ќе ве советува, ќе ви даде насоки, но и ќе ви ги предочи пропустите во развојот. Колку и да сте успешни во своето секојдневно работење, франшизингот е поинаков вид на деловен однос кој подразбира и поинаква логика. При тоа консултантот може да помогне и при изработката на оперативниот прирачник и при спроведувањето на бизнис планот, како што лесно ги детектира вистинските потреби и го „крои“ франшизниот пакет, според вашиот систем.

Иако улогата на консултантот е многу важна, кога ќе се одлучите да преминете во франшизен модел на работење, добро е и во самата компанија да имате лице или тим кој ќе биде задолжен за ширење на мрежата и соработката со франшизните партнери. Стручноста и искуството на консултантот на самиот почеток се бесценети. Да повториме - за долгорочен успех, за силна и стабилна франшизна мрежа, потребни се луѓе кои на овој сегмент на работење ќе му се посветат во целост.


Контакт информации
Контакт информации
If you see this, leave this form field blank

погледнете ги текстовите

Унгарска франшиза на стапче /11.09.2019

„Сакавме да создадеме место каде секој ден ќе биде лето“ - велат сопствениците на Anjuna, унгарска франшиза за продажба на сладолед на стапче, која сакаат да ја пренесат и на други пазари - вклучително и Македонија.

Модели на експанзија на странските пазари /19.08.2019

Секој франшизен систем избира или создава начин на кој ќе се шири на странските пазари. Практиката пак, покажува дека постојат пет основни модели. Како да се избере вистинскиот?

Истражување на пазарот на франшизи во Србија /14.08.2019

Во Србија во 2018 година се евидентирани околу 200 франшизни системи, што е раст од околу 22 % за период од пет години - според анализата на пазарот која ја направи компанијата PROFIT system.

Дигиталните вештини во основата на бизнисот /31.07.2019

Вложувањето во образование е исплатливо, велат основачите на полското училиште за програмирање Coding Giants. Можност им се дава и на идните приматели на франшиза од овој регион.

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

најчитани

Со DepilConcept до сопствен бизнис /05.08.2019

Од април 2019 во Србија работи DepilConcept, португалски франшизен систем специјализиран за епилација. Примателите на мастер франшиза за овој пазар откриваат што го издвојува DepilConcept од другите - како концепт и како бизнис.

Украина е отворена за франшизи /24.07.2019

PROFIT system, една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за франшизинг, потпиша договор за соработка со Franchise Group, која е лидер во областа на франшизното советување во Украина.

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот know-how и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

популарно во форумот