Украина е отворена за франшизи

Франшизи од исток / Еден од Украинските франшизни системи коj се шири надвор од границите на домашниот пазар е синџирот ресторани Chinkalnia
Среда
24.07.2019
PROFIT system, една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за франшизинг, потпиша договор за соработка со Franchise Group, која е лидер во областа на франшизното советување во Украина.
 

PROFIT system моментално има франшизни консултантски куќи во вкупно 15 земји, поголемиот дел во централна и источна Европа, Италија и Саудиска Арабија. Новиот украински партнер на PROFIT system ќе го олесни влезот на странски франшизни системи во Украина и Казахстан, пазари на кои Franchise Group веќе работи. – Ова може да биде добра вест и за франшизните системи од земјите на овој регион кои имаат амбиции или гледаат потенцијал за развивање на споменатите пазари – вели Игор Богојевиќ, регионалниот директор на компанијата PROFIT system.

Воспоставувањето на соработка, пак, ќе ги отвори вратите и за изворните украински франшизни системи, кои сега полесно ќе може да го насочат развивањето на франшизната мрежа на десетина нови пазари. Договорот кој го потпишале PROFIT system и Franchise Group подразбира и соработка во областа на советување, правни услуги, издавачка дејност и вработување на примателите на франшиза.

Franchise Group е најголемата украинска консултантска компанија специјализирана за франшизинг, која се занимава со развивање и продажба на франшизни концепти. Во оваа група дејствуваат и компании од областа на прехрамбената индустрија (дистрибутер и оператор на 70 продавници во западна Украина), хотелиерство (меѓународниот синџир на хотели Dream Hostel) и гастрономија (синџир на ресторани Baczewski во Украина и Варшава).

Нашата стратегија за развој се заснова на пронаоѓање силни локални партнери кои веќе работат и имаат искуство во областа на франшизингот – вели Михал Вишњевски, извршен директор на компанијата PROFIT system. – Благодарение на ова, нашите клиенти, даватели на франшиза, можат да сметаат на стручната поддршка кога ќе се определат за влез на нови пазари. Од друга страна, партнерите на PROFIT system, користејќи ги нашите алатки и присуството на повеќе странски пазари, можат да понудат помош на своите клиенти кога ќе се одлучат за ширење во Европа – вели Вишњевски.

Првите резултати од соработката со Franchise Group ќе се видат за време на октомврискиот Саем на франшизи во Варшава, на кој ќе се претстават и концептите од Украина. Во Полска веќе дејствуваат неколку украински франшизни системи, меѓу кои се ресторанот Chinkalnia, фризерскиот салон Haircut Express, козметичкиот салон G.Bar, како и кафулето Crema Caffe.

Се претставивме прв пат пред три години  на Саемот на франшиза. Оттогаш отворивме осум франшизни ресторани во Полска – вели Марта Науменко која е менаџер за развој на рестораните Chinkalnia, овогодинешен излагач на Саемот на франшиза во Варшава.

PROFIT system е компанија која е регистрирана во Полска со ќерки фирми во повеќето земји во кои работи. Спаѓа во една од најголемите европски консултантски компании специјализирани  за давање услуги за франшизинг. Свои подружници има во 15 земји, поголемиот дел во централна и источна Европа, Италија и Саудиска Арабија. Издавач е на неколку печатени и онлајн франшизни медиуми, меѓу кои се и регионалните франшизни портали во Србија, Хрватска, Словенија и Северна Македонија, а наскоро и Косово и Албанија. Организатор е на Меѓународниот саем на франшиза во Варшава и на Регионалниот саем „Идеја за бизнис“ во Катовице.


Добивка за двете страни / Franchise Group е новиот украински партнер на компанијата PROFIT system кој ќе го олесни влезот на странски франшизи на пазарите во Украина и Казахстан

погледнете ги текстовите

Избери и започни со свој бизнис /05.10.2021

Се наближува 19-тото издание на најголемиот саем за франшиза во Централна и Источна Европа. Варшава повторно ќе биде домаќин на повеќе од 200 компании кои бараат идни деловни партнери - франшизни приматели.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Во исчекување на саемите за франшизи /14.05.2021

Двата најголеми меѓународни саеми за франшизи во Европа го потврдија “враќањето во игра“ и објавија датуми за одржување за оваа година.

Вмрежување на Европа /23.04.2021

Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

популарно во форумот