Унгарска франшиза на стапче

Anjuna Ice Pops /
Среда
11.09.2019
„Сакавме да создадеме место каде секој ден ќе биде лето“ - велат сопствениците на Anjuna, унгарска франшиза за продажба на сладолед на стапче, која сакаат да ја пренесат и на други пазари - вклучително и Македонија.
 

 

Разнобојните сладоледи под брендот Anjuna се појавија на улиците на Будимпешта во летото 2016 година и брзо станаа хит. Тие се прават исклучиво од природни состојки, без употреба на вештачки бои и адитиви - во чекор со глобалниот тренд на ‘free from’ храна. Со јакнењето на поздрави навики во исхраната, а особено со базата на вегански потрошувачи, за Anjuna се отвора широка ниша на пазарот за летни слатки, со која дотогаш, според мислењето на основачите Јожеф Салај и Милан Сабо, доминирале традиционалните форми на сладолед - во корнет или во чашка, припремени во занаетчиски или индустриски услови. 

 

Како што Милан Сабо се сеќава, пред неколку години во продавница за деликатесни производи наишол на кутија сладолед од кокос, кој всушност бил направен од вистинско кокосово млеко и месо (пулпа), без никакви адитиви. Се чини дека истиот производ бил доста скап за увоз и едноставно го снемало од полиците за неколку месеци, иако имал добра продажба. Благодарение на ова, кај нив се родила идеја за сладолед кој ќе биде направен од овошје и билни состојки. Од пресудно значење за новиот бизнис ќе биде подоцнежното патување во Индија каде не само што ја финализирале идејата за крајниот производ - овошен сладолед на стапче - туку и формирале целосна животна филозофија... 

 

Во 2015, соочени со период во животот полн со предизвици, ги пакуваат ранците и се упатуваат кон бреговите на Анјуна. - Анјуна нè фасцинираше уште од првиот момент, тоа беше најспиритуалното патување во нашите животи - Знаевме дека би сакале да задржиме тоа чувство, да го затвориме во кутија, да го земеме со нас и да го споделиме со другите. Сакавме да создадеме место каде секој ден ќе биде лето. Сладоледот беше совршена идеја која можеше да одговори на ова барање. Дури и при одлучувањето за името на брендот - Анјуна се наметна како најдобро решение. Фигурата на слон на логотo на Anjuna е референца на хинду-богот Ганеш, но повеќе како модел, реминисценција, отколку некаква религиозна конотација - вели едниот од основачите, Сабо.

 

Овошните сладоледи на стапче секако не биле новост, туку на пример веќе одамна биле популарни во Америка така што немало посебна причина зошто тие не би биле прифатени во Унгарија. Концептот веќе бил разработен, само требало да се започне, па така сите пари што ги заработиле како професионални играчи на покер, го дале за машина за правење сладолед! „Кога денес размислуваме за тоа, беше луда идеја, но можеби токму таа лудост нè доведе до ова денес“, ја коментира Сабо тогашната одлука.

 

Си поставиле за цел да направат ништо помалку од - најдобриот сладолед во светот. Ова е причината зошто Anjuna сладоледите се прават исклучиво од овошје и растителни млека, без додавање вода, па затоа не се споредливи по квалитет со сладоледите кои можат да се купат во обична продавница. Производите кои се продаваат како здрави, природни и без “додатоци“ (free from), неретко се гледаат со скептицизам, се перцепираат како преценети и без вкус, и конечно, како уште еден начин да се земат пари од потрошувачите. - Нема потреба да се запрашаме зошто квалитетната храна е скапа, туку зошто некои производи се толку ефтини? - реторички коментира Сабо. Користењето висококвалитетни и скапи состојки не е нов тренд, туку враќање кон природната храна која со помош на нови технологии се прилагодува на вкусот и потребите на современиот потрошувач. „Сè што треба да направите е да го прочитате и споредите списокот на состојки кои се употребуваат во нашите и во други сладоледи, и одговорот е јасен“, додава Сабо.

 

Сметаат дека започнале „револуција“ на домашниот пазар, меѓутоа и дека нивните амбиции во никој случај не се задоволени - целта е Anjuna да се појави на улиците од Барселона до Калифорнија. Уште од првиот момент почнале да размислуваат за развој на франшиза како оптимално решение за посакуваниот раст. Во моментов постојат пет продавници за сладолед „Anjuna“ во Будимпешта и една во Балатон - три во сопственост на компанијата, три во рацете на приматели на франшиза. Давателот на франшиза е одговорен за производство и дистрибуција, а партнерите се фокусирани на пружање на најдобро искуство на потрошувачот (customer experience) кога ќе се најде во една од продавниците на Anjuna. Ширењето на франшизата во странски земји е еден од следните чекори, а Македонија со својот туристички потенцијал и огромниот број на сончеви денови во годината секако ќе биде една од првите на листата! 

 

Подготвено и адаптирано според текст од порталот Franchising.hu, автор на оригиналниот текст: Шаш Нори 


Јожеф Салај и Милан Сабо / Сопственици на брендот Anjuna Ice Pops
Санда Србиновска
Новинар

погледнете ги текстовите

Провери и поправи /18.06.2019

Од што е направена и како треба да изгледа совршената Dominos’s пица? Вештачката интелигенција го знае одговорот.

Замрзнати ролнички /11.06.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, предвидува проширување на мрежата низ Европа. Свои партнери бараат и во нашиот регион.

CHIPAS ги поместува границите /27.03.2019

Сараевски CHIPAS отвори нов, репрезентативен објект кој под уште еден покрив ќе понуди се по што е познат – солено и слатко мени, специфичен ентериер, домашна атмосфера.

Од хокеј до Сабвеј /05.03.2019

На почетокот бевме и загрижени – како ќе започнеме бизнис со кој никогаш не сме се занимавале! Меѓутоа сфативме дека купувањето на Subway франшизата значи дека ќе имаме постојана помош и поддршка – вели Петер Фрухауф, познат словачки хокеар.

Што кога во Грција ќе кажеме еспресо? /14.12.2018

Кафето е кафе, но сепак, не е секогаш и секаде исто. Што претставува брендот MIKEL во Грција и зошто денес се смета за “чудо на угостителството”?

најчитани

Се гледаме на саемот за франшизи во Варшава! /01.10.2019

Најголемиот саем за франшизи во Централна и Источна Европа се одржува од 17 до 19 октомври во Варшава, Полска. Тоа е одлична можност за средба и запознавање на „двете страни“ во франшизингот - давателите на франшиза и претприемачите кои би сакале да купат франшиза.

Вложување во иднината на децата /30.09.2019

Образовниата институција Maple Bear повеќе години ја развива франшизната мрежа на своите градинки и училишта надвор од границите на Канада. Од овој септември 2019 година, Maple Bear ја отвори и првата градинка во Романија.

Украина е отворена за франшизи /24.07.2019

PROFIT system, една од најголемите европски консултантски компании специјализирани за франшизинг, потпиша договор за соработка со Franchise Group, која е лидер во областа на франшизното советување во Украина.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Училиште за програмирање за млади, бизнис со одличен потенцијал! /17.09.2019

КЛИКЕР ИТ центар за деца наскоро ќе биде отворен на три нови локации со помош на франшизниот модел на работење. Основачот Миомир Попесков открива што ова училиште за програмирање го прави различно од останатите.

популарно во форумот