Образованието како глобален бизнис

Maple Bear / Со повеќе од 400 градинки, основни и средни училишта во 19 земји и повеќе од 40.000 ученици, Maple Bear, покрај тоа што е еден од најголемите франшизни образовни системи во светот според бројот на земјите во кои работи
Вторник
08.10.2019
Канадскиот систем Maple Bear е еден од најголемите светски франшизи во областа на образованието. Што нуди оваа франшиза и кои би биле идеалните партнери во земјите од регионов, објаснува Јан Бидан, генерален директор за централна и источна Европа
 

Пазарите на земјите од регионов се во очекување на интензивен развој на приватното образование. Иако се забележува тренд на раст, пред се во бројот на приватните предучилишни установи, но и на неколку меѓународни училишта на секој пазар во регионов,  бројот на приватните основни и средни училишта во однос на глобалниот тренд и натаму е несоодветно мал.  Особено мал е бројот на установите кои имаат меѓународен карактер и кои ги носат светските стандарди во овој сектор. Ваквите податоци можат да бидат поволни за сите кои веќе работат во оваа гранка, но и за тие кои би сакале да започнат сега, кога на пазарот се појавуваат и франшизни системи кои преставуваат надградба на постојните лиценцирани училишта. Поволност е и тоа што од година во година се зголемува побарувачката за квалитет кој овие установи го нудат.

Работењето во чувствителна област како што е образованието секако бара и нешто повеќе од поволни услови, желба и средства. Дури и кога приватните градинки или училишта ќе ги исполнат сите законски услови за работа, како што се простор, опрема и наставен кадар, има уште многу работи кои треба да се направат за образовниот процес да биде поквалитетен, а водењето на оваа установа да биде профитабилна дејност која работи според меѓународните стандарди. Токму франшизингот е еден од начините овој проблем да се надмине, а наставната програма, методите на подучување и резултатите од образованието, како и односот со клиентите, маркетингот  и стратегијата за запишување на нови ученици да се подигнат на повисоко ниво.

Свесни за ваквите потреби, на пазарите во средна и источна Европа влегува канадскиот образовен систем Maple Bear. Со тоа на локалните претприемачи и постојните образовни системи им се нуди франшиза – можност да отворат или конвертираат сопствена градинка или училиште под брендот на канадскиот систем, според деталните насоки и протоколи за работа, со целосна поддршка од давателот на франшизата.  – Кога ќе го потпише договорот со  Maple Bear нашиот партнер може да смета на постојана поддршка од големата мрежа на стручни лица од образованието кои работат во 19 земји со повеќе од 400 Maple Bear училишта. Ваква поддршка нема во класичните меѓународни и лиценцирани училишта – вели генералниот директор на Maple Bear за централна и источна Европа Јан Бидан (Yann Bidan).

Го прашавме каква разлика ќе внесе на пазарот Maple Bear, која е спецификата на нивната програма и систем, кои се предностите на франшизната соработка, но и кои се идеалните кандидати за приматели на франшизата.

Каква промена ќе донесе Maple Bear, што го прави специфичен овој образовен систем?

Образовните системи во повеќето индустриски општества, вклучително и земјите од регионов, главно се фокусирани на непосредно пренесување на факти и информации. Меѓутоа, овој модел значително се промени со развојот на новите технологии кои, на дотогаш  незабележителен начин,  го олесниле патот до  информациите и знаењето. Во тој контекст можеме да кажеме и дека улогата на образовните системи е променета – тие не се само извори на знаење, туку пред се двигатели кои ќе го поттикнат ученикот да совлада некои од клучните компетенции неопходни за предизвиците на современото живеење.

Ако погледнеме внимателно, предизвиците на 21 век бараат поинаков одговор од општеството, а со тоа и од образовните системи кои денеска имаат задача да едуцираат генерации кои се соочени со брзото темпо на општествените, еколошките, економските и технолошките промени. Канада е пионер меѓу земјите кои својот образовен систем го приспособија на развојот на стручноставо 21 век. Од 1994 годиа државата ја применува методологијата која е фокусирана на учење на вештини важни за идниот успех. Целта е да се создадат општествено активни поединци, лидери  на општеството кои ќе бидат способни ефикасно да се приспособат на сите промени. Значи, акцентот  во образованието се поместува од пренесување на информации кои многу брзо може да застарат, кон модел кој се фокусира на развојот на социјалните, т.н. „меки“ вештини.

Maple Bear ја применува токму оваа канадска методологија. Таа се заснова на истражување и откривање, експериментирање и решавање на проблеми. Така, традиционалните методи на подучување се заменуваат со едукација која води кон размислување со што ги поттикнува учениците да ја истражуваат околината и да бараат одговори на прашања кои ќе бидат важни за нивниот секојдневен живот. Кога работите ќе станат важни доаѓа моментот кога започнува љубовта кон работата.  Исто така, Maple Bear го поддржува учењето на грешки. Доколку децата не се плашат да направат грешки, знаејќи дека тие се дел од процесот на учење, поголема е веројатноста дека ќе стекнат самодоверба и ќе развијат флексибилен начин на размислување.

Кога ваквите компетенции ќе се здружат со меѓународното окружување во рамките на една училница, доаѓаме до јасно дефинираната цел - Maple Bear ги подготвува учениците за живот, работа, соработка и градење на подобар свет кој постојано се менува. Сакаме нашите ученици да бидат способни да ги прифатат најновите технолошки достигнувања, да бидат активни членови и лидери во своите заедници, но и поврзани со светот кој има се помалку граници, но и предизвици како што се имиграцијата, глобалното затоплување, нови професии и нови области на знаење. Во наставната програма и моралните вредности на компанијата Maple Bear вграден е принципот дека е важно да се биде граѓанин на светот, но пред се активна единка во својата држава. Тоа е и една од клучните разлики кои ќе ги донесе Maple Bear.

За разлика од вообичаената практика во лиценцираните училишта, во Maple Bear не се учи само по странските програми (курикулуми). Локалните и канадските наставни програми се комбинираат и надополнуваат. Што значи тоа? На кој јазик се изведува наставата?

Maple Bear на секој пазар дејствува како локално училиште, а не како меѓународно.

Нашите училишта, значи, се регистрирани како локални училишта кои работат во согласност со локалните образовни прописи, нудејќи целосно усогласена  локална наставна програма, но заедно со канадската програма и канадската методологија на подучување.

Кога влегуваме на некој пазар вообичаено поставуваме референтни точки за резултатите од учењето кои ги определува локалното министертво за образование и тие кои се постигнуваат сонаставниот план и програма на Maple Bear. Секогаш се грижиме курикулумите на Maple Bear да имаат локален исход, а  често се случува и да бидат надминати. Но, тоа што јаправи суштинската разлика е начинот на предавањата. Значи да резимираме, ќе го земеме и ќе го комбинираме најдоброто од двата системи, канадскиот и локалниот. Ние образуваме локални деца кои ќе размислуваат како граѓани на светот!

Во тој контекст и наставата главно е двојазична. Сепак, секоја земја има специфични прописи по тоа прашање и ние мораме да ги почитуваме. Во најголем дел од случаите, во градинките се користи исклучиво англиски јазик. Со наближувањето на крајот на предучилишното образование постепено во наставниот план се воведува и локалниот јазик, за во основното училиште наставата во целост да биде двојазична.

Овој билингвален (двојазичен) курикулум Maple Bear го има тестирано и применето во различни средини и земји низ светот. Кои се предностите, зошто е толку важен?

Канада во суштина е земја на два јазика. Билингвалноста е во нашите гени. И токму заради тоа што има два „домашни“ јазика има и специфична методологија на подучување. Канада е светски лидер во образование на два јазика. Истражувањата потврдуваат дека децата кои од најмала возраст биле изложени на друг јазик имаат неспоредливо подобри позиции во животот. Меѓутоа, двојазичноста е предност која ги надминува желбите за течно говорење на два јазика. Таа ги подобрува различните ментални функции и социјални вештини. Едно неодамнепно истражување потврдува дека децата имаат поголема способност за концентрација, мултитаскинг, социјализација, приспособување на промени и решавање на проблеми. Да го додадеме и тоа дека билингвализмот го одложува појавувањето на алцхајмеровата болест и деменцијата до пет години.

Maple Bear дава франшиза за сите образовни нивоа – од градинки до средни училишта. Ќе биде ли така и во овој регион?

Да. Maple Bear има разработено наставни програми за деца на возраст од 6 седмици до 18 години. Врз основа на практиката од нашите училишта низ светот, востановено е франшизните партнери да започнат со отворање на предучилишни установи, за да се продолжи со основно училиште. Се разбира, се зависи од нивните одлуки, од тоа кое образовно ниво сакаат да го развиваат и востановат на пазарот. Но нашиот совет е да започнат со градинка, па полека да го градат патот кон отворање на основно училиште. Инаку, со купувањето на една франшиза, нашиот партнер добива право да отвори цел спектар, од градинка до средно училиште, но може да се определи и за отворање на само една образовна институција.

Првите франшизни договори во регионов веќе се потпишани и тоа во Романија и Бугарија. Кои се примателите на франшизата и кои институции ќе бидат отворени?

Развивме протокол кој ни овозможува партнерите внимателно да ги бираме. И двајцата наши партнери, од Романија и Бугарија, имаат многу сличен профил – негуваат голема љубов кон децата и образованието. Станува збор за луѓе со претприемничко искуство бидејќи веќе неколку години успешно водат свои предучилишни установи, а Maple Bear го одбрале заради канадската методологија на двојазично образование, како и заради поддршката и искуството кое ќе го добијат од нас кога ќе отворат основни училишта.

Градинката Maple Bear во Романија е отворена на почетокот од септември во преубавиот град Сибињ и веќе се запишани 45 деца. Од отворањето сопственичката добила многу прашања и одлични повратни информации од родителите и веќе работи на отворање на основно училиште Maple Bear кое првите ученици ќе ги прими следната есен. Се очекува во градинката и основното училиште да учат 300 деца.

Maple Bear во Софија, Бугарија, ќе биде отворен во есента 2020 година и ќе запишува деца во две образовни установи – предучилишно и основно училиште. Примателот на франшизата планира постепено да го трасира патот за отворање и на средно училиште со што би се заокружил 12 годишниот образовен циклус.

Кои се вашите идеални партнери? Кој може да стане примател на Maple Bear франшизата?

Наш партнер може да биде секој кој негува страст кон образованието и ги споделува нашите вредности. Претходни познавања од образовната дејност не се неопходни, но искуството во претприемништвото и менаџментот се голема предност. До сега најчесто ни се јавуваа три групи на потенцијални кандидати. Првите се веќе постоечки приватни градинки во кои наставниците течно говорат англиски јазик, а кои би сакале да се издвојат од конкуренцијата нудејќи модерна и призната методологија во наставата со поддршка и препорака од искусна франшизна мрежа. Вторите се сопственици на училишта за англиски јазик кои сакаат да го прошират својот образовен профил со влегување во секторот на класичното образование. На крајот тука се претприемачите, со или без искуство во областа образование, кои сакаат да влезат на овој пазар користејќи силна поддршка од глобалниот бренд.

Која е придобивката  од оваа соработка – зошто би требало да купат франшиза наместо, да речеме, да купат лиценца или самостојно да отворат училиште?

Кога еднаш ќе потпише договор со Maple Bear, нашиот партнер добива поддршка од голема мрежа на стручни лица од сферата на образованието, кои работат во 19 земји со повеќе од 400 училишта. Првиот чекор за ново училиште ќе биде доделување виртуелен директор за настава од Канада кој ќе работи заедно со локалниот тим за настава, ќе ги следи резултатите на наставниците и примената на курикулумите.

Следниот чекор е обука. Силата на канадскиот образовен систем всушност е во квалитетот на наставникот. Се започнува со едукативни програми за наставници, кои се исклучително селективни и ги повлекуваат кандидатите од најдобрите средни училишта за да се образуваат и усовршуваат  во текот на целата кариера. Maple Bear успеа да го преслика и примени овој еко систем и во мрежата на своите училишта. Денеска имаме тим од 200 инструктори кои работаат низ светот. Неколку седмици тие ќе ги обучуваат вработените во новите училишта за да продолжат и подоцна, преку редовни обуки кои се организираат најмалку два пати годишно. Врз основа на идентификуваните потреби, виртуелниот директор за настава и локалниот наставнички совет ќе го определат опфатот и содржината на обуката.

Ваква поддршка не се среќава во класичните меѓународни и лиценцирани училишта.

Покрај тоа, секоја година канадски експерти доаѓаат во посета и го оценуваат училиштето. Тоа сепак не е контрола туку помош во процесот на унапредување на училиштето од секој аспект. Многу е важно родителите на нашите ученици да видат дека некој се грижи за квалитетот на образованието, за учениците и наставниот кадар.

На крајот, поддршката од наша страна вклучува и подготовка на бизнис план, изработка на проект за училиштето, поставување и водење на образовната установа. Нашите партнери ќе можат да сметаат на искуството и поддршката на целата наша мрежа, не само во подготовката за отворање на училиште, туку и во текот на процесот за избор на вработени, ПР кампања.

Колку средства треба да се инвестираат за купување на франшизата и отворање на училиште?

Вкупната сума која треба да се вложи како почетна инвестиција е од 50.000 евра, но може да се менува, зависно од видот на училишниот објект, обемноста на проектот, пазарот. Во овој износ е пресметан и еднократниот влезен надомест за франшиза од 25.000 евра.

Моментно даваме попуст од 50% на влезниот надомест за првиот примател на франшиза кој ќе отвори прво Maple Bear училиштее во земјата.


Јан Бидан (Yann Bidan) / Наш партнер може да биде секој кој негува страст кон образованието и ги споделува нашите вредности. Претходни познавања од образовната дејност не се неопходни, но искуството во претприемништвото и менаџментот се голема предност.

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Вложување во иднината на децата /30.09.2019

Образовниата институција Maple Bear повеќе години ја развива франшизната мрежа на своите градинки и училишта надвор од границите на Канада. Од овој септември 2019 година, Maple Bear ја отвори и првата градинка во Романија.

Франшизно училиште во 21 век /23.05.2019

Канадскиот франшизен образовен систем Maple Bear започнува со развивање на мрежата во земјите од централна и источна Европа. Кој може да стане и што можат да очекуват примателите на оваа франшиза?

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот