Sushi by A's / Мрежата се проширува и во Словенија/Осмата франшизна единица од концептот Sushi by A's неодамна е отворена во Љубљана
Четврток
07.11.2019
Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.
 

Во главниот град на Словенија неодамна е отворена осмата франшизна единица на концептот Sushi by A's, концепт кој во овој регион пристигна пред пет години од Соединетите Американски Држави. Примател на мастер франшизата тогаш стана компанијата Grupo Ohana која го презела развојот на франшизната мрежа во Хрватска и Словенија и која, на ова подрачје дејствува како давател на франшизата Sushi by A's.

 Како што потврдуваат од компанијата, најновата продажна единица е отворена во центарот на Љубљана во Максимаркет. 

Љубљана го препозна нашиот квалитет. Од самото отворање не запираме со виткањето на суши дури и по 12 часа дневно. Едноставно, не успеваме да направиме толку ролкнички колку што е побарувачката – вели Ај Мо, новата менаџерка на компанијата Grupo Ohana, која пристигнала од Хаваи за да продолжи со ширењето и организирањето на концептот во цела Европа. 

Sushi by A's овозможи овој специјалитет да стане подостапен за поголем број на  луѓе. Имено, со продажбата преку супермаркети направивме сушито, според цените, да биде подостапено за поширок круг на потрошувачи – додава таа. 

Покрај осумте франшизни суши продажни „острови“ во Словенија, 30 продажни катчиња има и во Хрватска. Следните земји во кои планираат да пронајдат партнери, како што вели Мо, се Унгарија и Италија, а после нив и Франција.

Примателите на оваа франшиза, објаснува Мо, главно се млади кои имаат претприемачки дух. Помладите генераации најчесто го препознаваат производот бидејќи ги следат трендовите и согледуваат дека побарувачката за овој вид храна е се поголема. 

- Идеален примател, како и во секоја друга дејност, е личност  која е подготвена на целосна посветеност, соработка и вредна во работата.  И се разбира која е подготвена да го шири работењето.  Компанијата го поддржува секој примател на франшиза во ширењето на мрежата на работење на локално ниво, во градот во кој работи. За секое ново продажно место предност во преземањето, се разбира, има постојниот примател на франшиза од тој град. До таму, до каде сака да го шири своето работење – објаснува Мо.

Како што веќе е споменато, во основата на овој франшизен систем е подготовката и продажбата на суши производи и тоа во состав на трговски ланци. Имено, во рамките на избраните супермаркети се поставуваат ладилници Sushi by A's  во кои сушито се изложува и продава. Партнерството со трговските ланци го обезбедува давателот на франшизата Grupo Ohana, а мрежата натаму се развива со изнаоѓање одделни франшизни партнери. Покрај тоа, давателот на франшиза ја обезбедува и останатата опрема потребна за работа, како што се ладилници, работни површини, магацински простор и т.н. Продажбата се врши преку касите на трговските ланци, што значи дека на примателот на франшизата не му е потребна ниту фискална каса. За редовно снабдување со сите потребни состојки задолжен е давателот на франшизата. Заради сето споменато, сметаат во компанијата, франшизниот концепт се издвојува како исклучително поволна деловна можност која од примателите на франшиза не бараат ниту многу загриженост при изборот на локација, ниту преголеми вложувања.


Sushi by A's / Sushi by A's во Конзум, Хрватска
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sвездата од Јадранот на американскиот пазар /20.10.2020

Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот