Супи во чаши кои се јадат- украинска франшиза со еколошка амбалажа!

Soup Culture / Овој украински гастро концепт за сега работи во седум земји и има повеќе од 20 франшизни подружници
Недела
17.11.2019
Украинскиот синџир Soup Culture кој е познат по подготовка и продажба на супи во чаши кои се јадат, има франшизи во седум земји и планира ширење на мрежата низ Европа.
 

Еден динамичен ден додека штетал низ Киев, Кирило Пузенко и размислувал како би било добро да може да изеде супа, а при тоа да не мора да седне во ресторан. Од таа желба, во моментот му се родила идеjа за концептот „супа за носење“. За разлика од вообичаената практика, тој не сакал супата да биде спакувана во пластична амбалажа или сличнo нееколошко пакување. Се сетил дека би било добро супата да се послужува во некоја попрактична амбалажа која истоивремено би можела и да се јаде. Со својот пријател Олег Герасимов осмислиле крцкав леб во форма на чаша кој би можел да се јаде заедно со супата. Една порција- така сервирана супа, во чаша која се јаде, тежи околу 400 грама и претставува вистински здрав оброк. Бидејќи супите се прават исклучиво од зеленчук, без месо и јајца, тие се одличен избор за потрошувачите кои уживаат во вегетаријански и вегански јадења, а тоа е обично таргет група на потрошувачи на кои им е важно да користат еколошки производи кои не произведуваат отпад и не ја загадуваат околината со пластика. А во денешно време, на голема среќа, се повеќе расте оваа група на луѓе, кои се еколошки свесни и на кои им се важни целите за одржливиот развој и заштитата на планетата.

Концептот заживеал 2014 година во Киев. Со игра на зборови, името на франшизниот систем Soup Culture асоцира и на некој вид посебна супкултура. – Не беше лесно да се дојде до конечниот производ бидејќи беше потребно време да се направат машини за производство на чаши кои се јадат. Неколку наши пријатели ја осмислија машината, но тешко ни беше да најдеме произведувач кој би ни направил само еден прототип, бидејќи за повеќе немавме пари. Денеска нашите машини се произведуваат во Полска и тоа за целата франшизна мрежа – објаснува Герасимов. 

Имено, првата меѓународна франшиза ја продале во 2016 година, токму за пазарот во Полска. Тогаш е потпишан и договор за мастер франшиза. Полските приматели на мастер франшиза станале и партнери за производстви на машините. 

Иако основниот производ во Soup Culture се супите, Герасимов вели дека примателите на франшиза имаат дозвола да додаваат и некои други производи како би ги зголемиле приходите.  – Има различни локации. Некои се многу мали и немаат можност да прават нешто друго освен супи, но има и такви кои имаат места за седење кои во својата понуда имаат и други производи со што би се обезбедил поголем промет – објаснува Герасимов.

Локалот може да има најмалку 20 квадратни метри, со простор за подготовка на супа, веднаш позади пултот.

– Правењето супа и не е толку сложено, затоа и не е потребна голема кујна -  објаснува Герасимов.

Сепак во нивната мрежа има и големи локали со потполно издвоена кујна.

Soup Culture денеска работи во седум земји преку франшизен модел на работење: Украина, Белорусија, Полска, Словачка, Чешка, Австрија, Грузија и Русија и маат повеќе од 20 франшизни единици.  Неколку франшизни единици се во постапка за отворање, како во Шведска, Норвешка, Ирска.

– Интересно е што 80 проценти од нашите приматели на франшиза пред да ја земат нашата франшиза немале никаков бизнис. Сето тоа го надминуваме со обука – објаснува Герасимов и додава дека примателите имаат на располагање околу 40 единствени рецепти за супа.

За отпочнувањето со овој бизнис во Европа, потребно е околу 25.000 евра. Тој износ ги покрива сите трошоци на уредување и опремување на просторот, како и трошпкот за франшизната лиценца. Праксата покажува дека најдобро е Soup Culture  да се отвори на фреквентна и туристички атрактивна локација, но добри се и локациите во близина на факултети, студентски домови, деловни објекти, паркови, скијачки центри...

Давателите на франшиза предност даваат на отворањето на самостојни франшизни единици пред франшизните ќошиња во рамките на постојните угостителски објекти. Меѓутоа, кога ќе се добијат специфични можности, како што е соработката со потенцијални големи партнери кои веќе имаат развиена угостителска мрежа, подготвени се и за такви преговори.

За странските пазари, претпочитаат потпишување на договори за мастер франшиза, но не задолжително.

Се зависи од земјата, за која разговараме. Секако полесно ни е да најдеме мастер партнер кој потоа би управувал со локалниот пазар и би ја ширел мрежата, со оглед на тоа што ние сме мал тим – вели Олег Герасимов и додава дека се заинтересирани за ширење во сите земји бидејќи мисли дека нема пазар кој не би го прифатил нивниот производ.


Со обука се решава неискуството / Не е неопходно примателот на франшизата Soup Culture да има искуство од областа на угостителството или готвењето – давателот на франшиза обезбедува целосна обука
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Унгарска франшиза на стапче /11.09.2019

„Сакавме да создадеме место каде секој ден ќе биде лето“ - велат сопствениците на Anjuna, унгарска франшиза за продажба на сладолед на стапче, која сакаат да ја пренесат и на други пазари - вклучително и Македонија.

Icy Bobo од сега е YORTIE /20.07.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, како концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, во целост е ребрендиран. Сега работи под брендот YORTIE.

Провери и поправи /18.06.2019

Од што е направена и како треба да изгледа совршената Dominos’s пица? Вештачката интелигенција го знае одговорот.

Замрзнати ролнички /11.06.2019

Франшизниот систем Icy Bobo, концепт за продажба на сладолед подготвен на тајландски начин, предвидува проширување на мрежата низ Европа. Свои партнери бараат и во нашиот регион.

CHIPAS ги поместува границите /27.03.2019

Сараевски CHIPAS отвори нов, репрезентативен објект кој под уште еден покрив ќе понуди се по што е познат – солено и слатко мени, специфичен ентериер, домашна атмосфера.

најчитани

Магијата со работа се создава /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Храна и козметика од канабис- индустрија кој цвета! /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

популарно во форумот