Sara Fashion компанија која освојува

Sara Fashion / Компанија која за 10 години има отворено 25 успешни франшизи на македонскиот пазар и блискиот регион
Петок
08.11.2019
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
 

Компанијата Сара Фешн (Sara Fashion) започна со системот на франшизирање пред десет години и досега има околу 25 успешни франшизи на македонскиот пазар. Таа е една од ретките македонски компании кои имаат свои франшизи и во странство. Во Србија веќе има свои продавници и една франшиза.  Во меѓувреме отворија продажно место и во Косово, а имаат понуди за соработка и од Албанија и Грција.

Сара Фешн е семејна компанија за продажба на чорапи, долна облека, костими за капење и модни додатоци. Нејзин сопственик е друштвото Де-Та, кое го предводи г-динот Дејан Спасовски, а истото постои од 1999 година. Дваесетгодишното работење не го намалува ентузијазмот, љубовта и посветеноста на раководството и вработените за континуирано иновирање и проширување на асортиманот, како и постојана едукација на кадрите. Од пред десет години Сара Фешн започна со системот на франшизинг и до сега има 25 франшизи со кои соработува на македонскиот пазар.

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Сара Фешн. Како што вели овој примател на франшиза, најголемата помош што ја добил од компанијата пред да ја отвори франшизната единица во Кавадарци, била во насока правилно да се уреди ентериерот според стандардите на Сара Фешн, сортирање на асортиманот и соодветното рекламирање и промоција на новата продавница. Сега има пет Сара Фешн и една Red star продавница! 

Ѓорѓи дознава за Сара Фешн во 2009 година кога прави истражување на пазарот во Кавадарци со цел да ја процени побарувачката за одредени брендови кои до тогаш не биле застапени... 

- Производите на Сара Фешн беа и се уште се повеќе од потребни на нашиот пазар,  истите не беа доволно застапени во Каварадаречкиот регион а побарувачката беше голема. На самиот почеток имавме само продажба на хулахопки и чорапи, а по одреден временски период успешна работа, ни се вроди желба да го прошириме асорсиманот на производи и да ги задоволиме потребите на потрошувачите, а со тоа да отвориме и Сара Фешн продавница – франшиза. Истата започна со работа во 2009 година во Кавадарци. Да резимирам - одлуката за започнување на бизнис беше пропратена со максимална желба за работа и успех, а поддршката од соработниците еден од клучните дополнителни фактори за градење на франшиза која обострано вродува добри резултати.

Пред да ја започне соработката со компанијата Де-Та, Ѓорѓи работел во фабрика со голем број вработени. Работел во сосема друга дејност, но низ разговорите со колегите ја добил информацијата и идејата.

- Сознанијата добиени од луѓето со кои работев - за тоа колку имаат потреба од производи како што се оние на Сара Фешн: долна облека, пижами, чорапи, хулахопки, костими за капење и сл. ми беа од големо значење при одлуката да започнам своја приказна и бизнис во Кавадарци.

Уште како потенцијален примател на франшиза, односно пред да започне бизнис соработка,  Ѓорѓи веќе добивал огромна помош од  Де-Та. Како што вели, соработката со нив од тогаш па до денес се состои од максимална доверба, чесност и голема професионалност. Условите потребни за добро функционирање се од голема важност за бизнисот да може да започне да работи профитабилно.   

- Едни од најзначајните услови за овој бизнис, а верувам и за било која друга продажна индустрија, е да се обезбеди продажно место на добра локација и да се опреми по барањата на давателот на франшизата. Најголема помош пред да ја отвориме продавницата имавме со правилното ентериерно уредување, сортирање на асортиманот и соодветно рекламирање и промоција за новата продавница. Денес поддршката е на исто високо ниво како и од самиот почеток - порачки, поставувања и сортирања на колекции, обуки за продажниот персонал, оранизирање на акции и промоциии, медиумско рекламирање и многу други активности кои се од голема помош за примателите на франшиза.

Во подготовките за првата продавница во 2009, посебно внимание посветиле на  изборот на соодветна локација. 

Финалните подготовки ни траеа речиси еден месец. Локацијата е од големо значење за сите бизниси, особено за оние кои се бават со малопродажба и други облици на трговија. За нашата продавница, внимававме локацијата да е првенствено на фрекфентна позиција, што е од големо значење за успешноста на бизнисот.

Ѓорѓи забележува дека  за успешно работење потребна е и навремена проценка на побарувачката и потребите на купувачите. Тој вели дека за тоа се грижи раководителот за франшизи. 

- За утврдување и контрола на асортиманот и количините на производи, најзаслужна е нашата колешка Виолета која е раководител за франшизи. Со нејзиното долгогодишно искуство тоа го прави одлично, согласно потребите на секоја продавница. Со зголемување на бројот на продажни места, проценките за потреба на асортиман и количини се прават со големо внимание, а истите се спроведуваат континуирано. Со тоа секој артикал од понудата го има своето вистинското место.

Од досегашните искуства на пазарот на франшизи, самото купување/преземање на франшиза не значи и брз успех. Самите даватели на франшизи често велат  дека успехот на франшизата зависи и од самиот примател, односно колку тој/таа вложува. За Ѓорѓи пак, најважно е да се сака работата.

- Како за сите бизниси, така и за овој, пресудни критериуми за успех се: огромно вложување на себеси, одговорност, чесност и иновативност. Моето мислење е дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати со добри резултати. Сето досега постигнато од работата како примател на франшиза на Сара Фешн претставува големо задоволство и позитивно искуство за мене во текот на работата.

Десетгодишното искуство како примател на франшиза му даваат право на Ѓорѓи да сподели совет со потенцијалните приматели на франшиза, бидејќи, како што вели, од ова може и добро да се живее.

- Доколу некој сака да се занимава со оваа работа и се интересира како функционира франшизерството, би го мотивирал да започне со реализација на своите идеи, а со труд и работа добрите резултати брзо доаѓаат. Секако дека може убаво да се живее, а потенцијалот на продажба на производите е секогаш во пораст.

Сепак, секој почеток е тежок. За да се тргне по вистинскиот пат неопходно е „малку ветар во грбот“, а токму тоа на примателите на франшиза им го нудат носителите/давателите. Виолета Јаргиќ како преставник на давателот на франшиза Сара Фешн вели дека примателите на франшизата добиваат метод за водење на бизнис кој мора да го следат.

- Со поставување на системот на Сара Фешн франшиза, примателите добиваат метод за водење на бизнис. Примателот на франшизата пред себе има воспоставен систем кој мора да го следи. Да се има веќе докажан систем на работење подразбира елиминирање на ризиците со кои луѓето инаку вообичаено се среќаваат кога започнуваат сопствен бизнис. Покрај тоа, ние како даватели на франшиза вршиме контрола и насочување на работењето на франшизата и придржување до упатствата за брендот. Исто така, во текот на целото работење обезбедуваме комплетна поддршка за нашите франшизи кои имаат можност да се здобијат со веќе препознатлив и докажан корпоративен имиџ и свесност за брендот. Знаеме дека најчесто потрошувачите се чувстуваат сигурно кога купуваат продукти кои се од веќе познати компании и на кои им веруваат, како што без сомнение е Сара Фешн.

Градењето доверба на релација купувач - продавач е основната вредност на успешно работење. Во таа насока работи и Ѓорѓи како примател на Сара Фешн франшизата. 

- Со голема гордост нашиот тим постојано расте, а во моментов имаме 18 вработени од кои 15 се дел од продажниот тим, еден е менаџер, еден асистент на менаџер, a јас сум на позиција управител на фирмата. Моите активности, согласно тоа што ова е моја единствена работа т.е. бизнис во кој делувам, се комплетно посветени на продажните места кои ги следам постојано и каде ги контролирам и имплементирам плановите и стратегиите.

На прашањето дали може од овој бизнис добро да се живее и каков совет би споделиле со потенцијалните приматели на франшиза, Виолета Јаргиќ, од своја перспектива додава:

- Да се биде дел од франшизниот ситем на Сара Фешн подразбира да се расте заедно со брендот, а нашиот систем нуди големи можности за раст, за што сведочат нашите соработници кои веќе имаат отворено и по неколку продажни објекти. Компанијата се предводи од стратегијата за интензивно проширување на регионалниот пазар, а токму на тоа интензивно работиме овој период. Отвораме Сара Фешн продажно место во Косово, во Србија веќе имаме свои продажни места и една франшиза, а исто така имаме понуди за соработка од Албанија и Грција. Посакувани партнери се сите личности кои сакаат да создаваат, бидејќи создавањето е дел од процес кој резултира со успех се додека искрено и комплетно се посветите на работата да ги достигнете зададените планови и стратегии.

Редакцијата на Franchising.mk е горда на секоја успешна бизнис приказна во Македонија во која е употребен моделот на франшизингот како алатка за проширување на бизнисот, а слободно можеме да кажеме дека Сара Фешн е една од најуспешните примери во тоа. Се надеваме на уште многу текстови за успесите на Сара Фешн во идниот период, и  веруваме дека со ова интервју можеби ќе мотивираме некои од нашите читатели да се охрабрат да станат претприемачи и да се обидат во франшизингот!


Ѓорѓи Зорзиќ- примател на франшизата на Sara Fashion во Кавадарци / Успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа - а таа ќе возврати.
Санда Србиновска
Новинар
/1/
see more

погледнете ги текстовите

Секторот на убавина во време на пандемија: неколку искуства /29.04.2020

Епидемијата од коронавирусот влијае и на бизнисот поврзан со нега и убавина. Како се справуваат франшизните системи во оваа, новонастаната состојба? Пренесуваме искуства од Полска.

5 митови за франшизингот - да не направиме грешка во чекори... /11.03.2020

Има повеќе погрешни претпоставки за франшизингот, па не е ни чудно што луѓето кои размислуваат за купување франшиза, често ја менуваат одлуката. Ова се некои од најчестите заблуди...

За добра пица има добар пазар - Domino's се шири во регионот /04.03.2020

Domino's, најголемиот синџир на пицерии во светот, пролетва ќе ја добие првата франшизна подружница во Хрватска

Нови млади претприемачи во Скопје: кои се тие и зошто избрале франшиза за образование за деца? /21.02.2020

Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!

Нови пералници на франшизната мапа - едноставно и профитабилно /17.02.2020

Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.

најчитани

Над 200 идеи за успешни бизниси на саемот за франшизи во Варшава /22.10.2019

За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?

Дали сте за суши? /07.11.2019

Sushi by A's, франшизен концепт кој се заснова на подготовка и продажба на суши во рамките на трговски ланци, ја прошири мрежата во Хрватска и Словенија и најавува влез на нови пазари.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.