Мобилна апликација која ќе ви донесе профит

ProfitApp
ProfitApp / Корисниците на оваа апликација собираат пари на апликацијата кои можат да ги потрошат во било која од партнертите компании кои ја имаат прифатено ProfitApp
Четврток
21.11.2019
ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.
 

Приказната на Војин Рашковиќ и неговите партнери од Подгорица потсетува на приказните на компаниите кои денеска вредат стотици милиони долари, а бизнисот го започнале „од гаража“. Двајца програмери и двајца економисти одлучиле да создадат апликација во чија основа е програмата за лојалност која ги поврзува компаниите и корисниците, давајќи им  повеќе поволности. Проектот го започнале во изнајмен простор од 18 метри квадратни во Стариот аеродром во Подгорица каде киријата била најмала. Првата верзија на апликацијата ProfitApp била преставена во декември 2017 година. За помалку од две години успеале многу добро да се развијат во Црна Гора и со помош на франшизниот модел на работење да се прошират во странство.

 

Што е ProfitApp?

Апликацијата ProfitApp поврзува две страни: компании од различни гранки кои нудат различни производи и услуги и корисници, односно купувачи и конзументи. Сето тоа е врз основа на систем кој се заснова на мобилна апликација, но и наменски креирано IT решение кое е основа на т.н. back-end на целиот систем, како и на збирот на осмислените деловни решенија со кои овие односи се уредуваат. Сите страни на вака осмислениот деловен модел – корисници на апликацијата, компаниите – партнери, како и самиот ProfitApp како организатор, се дел од системот од кој остваруваат интерес и одредена придобивка. 

Корисниците бесплатно ја преземаат ProfitApp апликацијата која ја користат кај компаниите – партнери кога купуваат производи или услуги и при секое купување веднаш добиваат поврат на парите како награда за лојалност. Висината на вратениот процент зависи од договорот кој ProfitApp го склучил со партнерот-акцептант. Повратот на средствата, како што вели Рашковиќ се движи од неколку проценти до дури 50% за одредени акции и нема временско ограничување во кое парите треба да се потрошат. 

На пример: купувате патики, а со остварената поволност потоа можете да се напиете кафе или да ставите гориво! Во овој систем, додава Рашковиќ се и бензинските пумпи, угостителските и туристички објекти, аптеките, бутиците, продавниците за спортска опрема, трговските дуќани, салоните за мебел и техника, продавниците за мобилни телефони, алатки и опрема, такси, rent-a-car, авто делови. 

Значи, корисниците собираат пари на апликацијата и тие средства можат веднаш да ги потрошат во кој и да е објект, кај кој и да е субјект кој го прифатил и е во ProfitApp системот. Доволно  е само да ја покажат апликацијата. Дури и при тоа купување остваруваат поврат на парите. Исто така,  собраната добивка може да се искористи за плаќање на месечните сметки, но и да се префрлат на друг корисник без провизија – објаснува Војин Рашковиќ.

 

Фото: Војин Рашковиќ

 

Апликацијата е многу лесна за користење, а корисникот може да ги пребарува компаниите кои ја прифатиле по градови или по гранки.

Војин Рашковиќ вели дека покрај сите придобивки, важна улога во тоа зошто луѓето ја преземаат апликацијата, има и удобноста при нејзиото користење. – Луѓето сакаат новини при плаќањето, особено ако се брзи и едноставни. Не мора да носат по десетина картички кои им ги даваат компаниите, туку имаат пософистицирано решение на својот телефон. Интересно е што апликацијата ја користат сите, без оглед на полот и возраста. Меѓу нив се и пензионерите и студентите, вели Војин Рашковиќ.

Лицата кои ја прифаќаат компанијата и влегуваат во ProfitApp исто така остваруваат јасен деловен интерес во системот. – За компаниите апликацијата ProfitApp преставува и проширување  на постојната програма за лојалност, која сега ја има секоја компанија, но и нови маркетинг канали. При тоа не станува збор за маркетинг во кој вообичаено се вложуваат пари па се очекуваат резултатите од инвестицијата. Имено, кај класичниот маркетинг никогаш не сте сигурни кој сегмент ви ги донел новите клиенти. Дали преку телевизиските реклами, билбордите или флаерите. Тука јасно се гледа колку клиенти сте добиле со користењето на објавите преку ProfitApp. Покрај тоа, компаниите градат лојалност со повеќе потрошувачи, не само со своите, што би се случило доколку имаат само свои програми на лојалност. Во апликацијата на компанијата  имаат и свое катче за огласи, но и за известување на корисниците за акциите, промоциите и слично – објаснува Рашковиќ. 

Самиот ProfitApp заработува од провизијата која ја плаќаат компаниите-акцептанти (прифаќачи) кои влегуваат во системот.Од овој систем сите имаат корист. Затоа секој ден бројот на корисници и компании се зголемува, потврдува Рашковиќ.

 

 

Патот е тежок

Ниту малку не било лесно да дојдат до оваа позиција. Во почетокот се наоѓале меѓу „два огна“. Компаниите не сакале да влезат во системот кој има малку корисници, а на корисниците пак не им било интересно да преземат апликација со која можат да обезбедат бенефит само во неколку компании. – За да го тестираме програмот потребни ни беа околу илјада корисници и педесеттина фирми. Имавме листа со фирми кои сакавме да ги внесеме во системот. Лично одев од една до друга фирма да им ја презентирам идејата. Само 30 проценти од разговорите беа успешни – од 10 разговори, три беа успешни. Првото прашање секогаш им беше колку корисници имате и ние секогаш искрено им одговаравме. Ако дента сме имале 76, толку и им соопштувавме. Затоа и се насочивме на презентација на нашата визија со бројките во кои верувавме дека ќе ги достигнеме еден ден. Повеќемина ни говореа да дојдеме кога ќе имаме толку корисници – вели низ смеа Рашковиќ. 

Првите илјада корисници, како што вели, било најтешко да се соберат. Тој процес траел цела година. – Корисниците реагирале како и компаниите. Кога имавме презентација за корисниците, нив ги интересираше кај колку трговци можат да остварат бенефит. Кога ќе забележеа дека не се работи за голем број, не беа заинтересирани. Но ние не се откажувавме. Денеска бројот на коризници на апликацијата во Црна Гора изнесува десетина илјади, бројката секојдневно се зголемува, а и постојано ни се обраќаат со прашања компании од сите стопански гранки за да станат дел од ProfitApp системот – вели Рашковиќ.

 

Како до франшиза?

Идејата за франшиза дојде брзо. А потоа и реализацијата. Првото франшизно проширување беше во Црна Гора каде денеска работат десетина приматели на одделна франшиза.

Во почетокот самите одевме кај компаниите, одржувавме презентации за корисниците и партнерите. Сфативме дека за цела Црна Гора ќе ни треба голем број на луѓе. Покрај тоа, луѓето од локалите подобро ќе го сторат тоа бидејќи ја познаваат средината во која живеат. Затоа започнавме да размислуваме за франшизата како модел за проширување. Се определивме мрежата да започнеме да ја шириме најнапред во Црна Гора со давање на одделни франшизи. А за странство, бидејќи секогаш целта ни беше да излеземе надвор од границите на домашниот пазар, се определивме за секоја земја да најдеме примател на мастер франшиза кој би ја развивал мрежата на одделни приматели на франшиза – објаснува Војин Рашковиќ.

Иако се се случуваше брзо, тоа сепак не беше импулсивен процес. Темелно размислуваа, а потоа и го подготвуваа франшизниот систем. Го посетиле Саемот на франшиза во Варшава, а за да дојдат до повеќе информации од овој бизнис, разговарале со повеќе франшизи кои функционираат. Следувала работа со консултанти околу уредувањето и осмислувањето на процесот. Резултатите не изостанаа. Годинава потпишаа два договора за мастер франшиза, за подрачјето на Унгарија и Србија. Сега на овие пазари се отвори можност и за земање на одделна франшиза. Имаат сериозни преговори за уште пет пазари во регионов и очекуваат  тие договори да ги потпишат до крајот на годинава.

Со тоа ProfitApp ќе стане една од првите или прва црногорска франшиза, која започнала да се шири на меѓународниот пазар.

 

 

Како се дели профитот?

Франшизниот модел се заснова на поделба на профитот помеѓу давателот на франшиза, односно ProfitApp, примателот на мастер франшиза кој треба да го оргаизира и надгледува системот во својата земја и одделните приматели кои ќе ја развиваат мрежата на партнери и корисници секој на своето подрачје. Примателот на мастер франшизата ќе заработува од продажбата на одделнните франшизи бидејќи ќе добива најголем дел од надоместот, а помал дел ќе добива давателот на франшизата – компанијата ProfitApp International AD која е сопственик и задолжена за продажба и одржување на ProfirApp  франшизата. Исто така мастерот заработува и од приходот остварен во неговата земја. 

Кога се работи за одделните приматели на франшизата кои најмногу заработуваат од секоја трансакција направена на нивната територија, но и од трансакциите кои ги остварува корисникот од нивното подрачје на други локации. Технологијата ни овозможува сето тоа да можеме да го следиме.  На пример: доколку имаме примател на франшиза во Бар, Црна Гора, тој заработува од сите трансакции кои се реализираат во Бар кај компаниите-партнери. Доколку корисникот од Бар оди во Никшиќ и таму направи одреден трошок, примателот на франшизата од Бар и од тој промет  ќе има дел од заработката, но ќе има и оној во Никшиќ бидејќи прометот се случува на негова територија. Исто така, доколку некој од друга територија дојде и потроши пари кај партнерот од неговата територија, ќе оствари заработка, го објаснува Рашковиќ функционирањето на системот истакнувајќи дека постои многу јасна скала на поделба  на профитот која едновремено е и добро балансирана.

Покрај ваквата поделба на профитот, примателите на франшиза добиваат и целосна поддршка од централата – пристап до софтверот, пропаганден материјал, како и обуки: B2B, B2C и обука за работа со софтверот. Како што вели Рашковиќ, се работи за добро осмислен деловен модел во чија основа е повеќејазична апликација, беспрекорна техничка поддршка, но и повеќе алатки за развивање на одделните вештини.

Досегашните искуства ги споделуваме со примателите на франшизата. При тоа мислиме дека на примателите од регионот работата ќе им биде олеснета бидејќи купуваат веќе докажан успешен деловен модел, но и заради фактот дека во овој регион  има многу компании кои работат во сите земји. Сигурни сме дека на фирмите кои се во деловни партнерски односи со ProfitApp во Црна Гора, а работат и во други земји, ќе им олесниме да донесат одлука за соработка во тие земји, вели Рашковиќ. 

Од друга страна, примателот на единечна франшиза плаќа надомест за влез чија цена зависи од бројот на жители на подрачјето кое го покрива. Според него, се претпочита примателите на франшиза, мастер или одделна, да бидат вредни, со развиени комуникативни и продажни вештини, подготвени  да изградат нова база на партнери и корисици на локацијата. Најважно е, додава Рашковиќ, што секој корисник ќе може да ја применува апликацијата во која и да е земја во која делува франшизата и да оствари поврат на парите, со што се зголемуваат придобивките за сите учесници во овој систем.

 


Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Преку франшиза во светот на гејмингот /08.04.2021

Да се води „Еспортс арена“ може да биде добра деловна можност, особено ако се купува франшиза од докажан концепт. Што нуди системот Friendly Fire и кои се условите кои што треба да ги исполнат потенцијалните приматели на оваа франшиза, ни открива сопственикот на овој концепт, Давид Косир.

Сервисите за перење алишта – сигурен бизнис /03.09.2020

LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.

Нови пералници на франшизната мапа - едноставно и профитабилно /17.02.2020

Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Успехот не е илузија /22.05.2019

Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот