Шанса за брз развој во областа на туризмот

Direct Booker / Aгенција која ги поврзува изнајмувачите на недвижнини и патниците преку посредување и нудење помош на двете страни.
Петок
29.11.2019
Кој пазар е „посакувана дестинација“ за развој на франшизна мрежа, кои се идеални партнери и колку треба да се инвестира во оваа туристичка франшиза, открива Нино Дубретиќ, ко-сопственик на Direct Booker.
 

Компанијата Direct Booker работењето го започнаа во 2013 година во Дубровник, а денес веќе работат во седум земји. Direct Booker е туристичка агенција за изнајмување и управување со приватно сместување, која од 2017 ја проширува својата мрежа на франшизи, така што ќе има ексклузивни партнери нѐ само на домашниот пазар во Хрватска, туку и во Перу, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија. - Ова е само почеток на меѓународниот развој - вели Нино Дубретиќ, еден од сопствениците на системот „Direct Booker“. Каде и да се развива туризмот, каде и да има побарувачка за приватно сместување - ќе има простор за услугите на Direct Booker, смета тој. Во основа, ги поврзуваме изнајмувачите и патниците. Им помагаме на изнајмувачите да се рекламираат и да ги изнајмат своите капацитети за сместување преку добро познати интернет платформи, но исто така ги советуваме како да ја уредат и опремат сместувачката единица, да ги оптимизираат цените за сместување, да ги претстават своите имоти, да им понудат на гостите низа придружни туристички услуги - од превоз, изнајмување автомобил, излети и патувања па се до препораки за ресторани, клубови и културни/историски знаменитости. Сето ова, во суштина, е задача на нашите приматели на франшиза - објаснува Дубретиќ.

 

Од оваа година, Direct Booker го таргетира и полскиот пазар. Веќе е направен првиот чекор во промовирање на овој пакет- бизнис и франшиза, и од 17 до 19 октомври тие учествуваа на 17-тиот саем за франшиза во Варшава каде ја искористија можноста да се запознаат со претприемачите и потенцијалните приматели на франшиза на полскиот пазар. Го прашавме Дубретиќ зошто Полска е „пожелна дестинација“ за развој на франшизната мрежа, какви услуги ќе понудат на тој пазар и колку треба да се инвестира во оваа франшиза.

 

Зошто се решивте за Полска?

Во Полска, како и во многуте земји од вашиот регион, туризмот брзо се развива. Голема е побарувачката за наем на краткорочно сместување, но и за систем што ефикасно би управувал со процесот на изнајмување, преку агенциски услуги и најнови технологии. Ова е причината зошто Полска ни изгледа како пазар кој ветува.

 

Многу од услугите кои ги нудите недвосмислено им заштедуваат време на изнајмувачите. Што навистина подразбира таа соработка?

Секоја недвижнина или сместувачка единица добива свој акаунт менаџер (управник на единица) од Direct Booker, кој контролира и педлага цени за изнајмување со постојано следење и споредување на цените на други единици за изнајмување во тој период. Многу често, само со овaa информациja сопствениците на имот можат да го зголемат потенцијалот на својата недвижнина и да го зголемат профитот. 

 

Инаку, пазарот за изнајмување може да се подели во две групи. Првата група се оние на кои им е потребна цела низа услуги: рекламирање преку интернет, услуги за резервација, комуникација со гости, финансиски услуги како што се издавање сметки, плаќања со платежни картички и чекови, па дури и услуга за чистење на сместувачката единица. Доколку сопственикот има посебно барање, можеме да обезбедиме и фотограф кој професионално ќе го фотографира ентериерот, како би ни помогнале во градење на силни профили на сајтовите за нудење на недвижнини. 

 

Вториот вид на изнајмувачи се оние на кои не им требаат сите горенаведени услуги, но кои сигурно би го унапредиле и подобриле секојдневниот процес на изнајмување. Како прво, ова се однесува на синхронизација на цената со календарот на сите веб-страници на кои се рекламираат, најчесто Booking, Airbnb, Expedia, HomeAway. Доколку изнајмувачот не сака да го искористи целиот пакет услуги, секогаш можеме да му понудиме поддршка за таканаречената Booker Tools - специјална алатка која ќе му овозможи да управува со сместувачката единица во однос на цената и логистиката.

 

Што содржи франшизниот пакет на Direct Booker?

Примателот на нашата франшиза има право да го користи нашиот бренд, да ги нуди сите услуги за поддршка на изнајмувачите на недвижности, а сето тоа во согласност со уникатниот know-how на Direct Booker. Примателот, се разбира, го користи нашиот ИТ систем, оперативниот прирачник, користи помош за сите прашања кои ги има во врска со тековното работење. Од друга страна, должен е да води маркетинг на локално ниво и да обезбедува услуги, само на подрачјето за кое е склучен договорот.

 

За кои региони или градови во Полска барате франшиза?

Ние сакаме да привлечеме претприемачи од атрактивни туристички дестинации како што се Варшава, Вроцлав, Краков, Гдањск. Тоа можат да бидат и „почетници“ - луѓе кои само размислуваат да започнат свој бизнис, но и претприемачи кои веќе работат во туризам, а кои имаат намера да ја прошират својата понуда со дополнителни агенциски услуги или да заработат преку продажба на нашата технологија.

 

Колку примателот на франшиза треба да инвестира во овој бизнис?

Првичната инвестиција, која вклучува пристапување во мрежата на Direct Booker изнесува 5.000 евра. Примателот на франшиза плаќа и редовен надоместок кој изнесува 7% од вкупниот промет. Од друга страна, примателот добива помеѓу 5% до 10% од секоја изнајмена единица за изнајмување. Колку пак ќе мора да почека за враќање на инвестицијата, зависи во голема мера од бројот и опсегот на услуги што ќе ги обезбеди.


Нино Дубретиќ, ко-сопственик на Direct Booker / „Каде и да се развива туризмот, каде и да има побарувачка за приватно сместување - ќе има простор и за услугите на Direct Booker“.

најчитани

Магијата со работа се создава /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Храна и козметика од канабис- индустрија кој цвета! /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Кога ќе се спојат пријатното и полезното /06.02.2019

Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.

популарно во форумот