Безбедноста како премиум услуга според американски стандард

Подготвени за нови пазари / До сега франшизната мрежа ја развиваа во земјите од англиско говорно подрачје. Сега се насочуваат на пазарите во Европа, а франшизни партнери бараат и во земјите од регионов.
Петок
10.01.2020
Од САД на пазарите во регионов стигна Signal 88 Security, франшизен систем специјализиран за давање услуги за обезбедување. Кој може да биде примател на оваа франшиза?
 

Signal 88 Security работи на американскиот пазар од 2003 година како компанија која нуди премиум услуги од областа обезбедување. Покрај вградување на алармни системи, нудат и мобилно обезбедување на објекти (со моторизирани патроли), како и обезбедување на манифестации. Започнаа од Омаха во Небраска, а денеска имаат повеќе од 430 франшизни подружници во Америка, додека од 2008 година работата ја прошируваат и надвор од САД, исто така по моделот на франшизна соработка со локални партнери. Партнерската мрежа до сега ја имаат развиено во Канада, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. Од 2019 година Signal 88 е насочен кон Европските пазари, а франшизни партнери бараат и во земјите од регионов.

- Пред се бараме приматели на мастер франшиза – локални фирми или претприемачи кои со нашиот бренд и во рамките на нашиот систем ја развиваат работата на локалниот пазар. Според тоа, мастерот би имал задача да пронаоѓа и нови одделни приматели на франшиза, да го надгледува развивањето на целата мрежа, да дава поддршка на одделните партнери – велат во оваа американска компанија. 

Од тие причини, примател на мастер франшиза треба да биде претприемач со изразени лидерски вештини, подготвен да изгради и да ја води националната мрежа на приматели на франшиза. Како што истакнуваат, предност ќе имаат претпримачите со доволен број релевантни деловни контакти на локалниот пазар, како и кандидати кои покажуваат завидна умешност во работата со луѓето, бидејќи ќе бидат задолжени за регистрација, обука, мотивација и управување на мрежата на партнери. – Секако, се подразбира дека примателот има и доволно капитал за отпочнување и непречено водење бизнис – велат во Компанијата.

За лиценцата (влезен франшизен надомест) примателот на мастер франшиза
би требало да издвои од 150 до 200 илјади долари. Се проценува дека дополнителни
50 до 100 илјади долари примателот мора да вложи во процесот на отпочнување и
водење на бизнисот. За толку голема инвестиција мастерот може да смета на
сеопфатна поддршка на давателот на франшиза, покрај веќе споменатото
ексклузивно право да го развива бизнисот на целата територија на државата и
можноста за натамошна продажба на одделната франшиза.

- Нам, како даватели на франшиза, ни е во интерес мрежата која ја води
мастерот на локалниот пазар постојано да расте и да се развива. Затоа многу внимание посветуваме на пренесување на специфичното деловно знаење, особено во развојот на франшизната мрежа, бидејќи токму тоа ќе биде основната обврска, но и најважен извор на
приходи за нашиот примател на мастер франшизата
– велат во компанијата Signal 88 Security.


Сигурностa - кодирана во името / Signal 88 всушност е шифра која полицијата во Омаха ја користи за да означи дека се е под контрола и дека „состојбата е безбедна“.
PROFIT system

погледнете ги текстовите

Над 200 идеи за успешни бизниси на саемот за франшизи во Варшава /22.10.2019

За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

најчитани

Секторот на убавина во време на пандемија: неколку искуства /29.04.2020

Епидемијата од коронавирусот влијае и на бизнисот поврзан со нега и убавина. Како се справуваат франшизните системи во оваа, новонастаната состојба? Пренесуваме искуства од Полска.

LG Салон за перење /19.03.2019

Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Автоматизиран „Sид за пијалоци“, угостителски концепт од иднината /05.01.2020

Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.

JUMBO расте на Балканот /20.07.2018

Џамбо, грчки синџир продавници за играчки, ја прошири мрежата за франшиза во регионот. Последната продавница беше отворена во Гњилане, Косово.

популарно во форумот