Брзото читање ја „освои“ и Македонија!

Училиште за брзо читање и мудро учење / Наменета е за деца од училишна возраст, но и за возрасни кои сакаат со помалку здодевност, труд и потрошено време да постигнат подобри резултати во училиштето, на факултет или во работата.
Вторник
14.01.2020
Франшизниот систем „Училиште за брзо читање и мудро учење“ пристигнува и во нашата земја. Потпишан е договор за мастер франшиза.
 

Мирослав Самарџиќ е коосновач во „Училиште за брзо читање и мудро учење“. Вели дека потпишувањето на договорот за мастер франшиза за пазарот во Македонија е логично
продолжување на настаните и дека со тоа и во практика се заокружува влезот на регионалниот пазар. – Оваа година беше многу успешна за нас. Потпишавме договори и за пазарите во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Со потпишувањето на договорите ги исполнивме нашите цели, вели Самарџиќ и додава дека после неколкуте кампањи во Македонија, се пријавиле многу кандидати заинтересирани за франшизна соработка.

- Пријатно се изненадив од интересот, но и предзнаењето за франшизингот на оние кои се
јавија. Во сферата на едукацијата на овој пазар веќе има развиена франшизна мрежа, па луѓето знаат што подразбира франшизната соработка и тоа е добар предуслов за натамошно ширење на мрежата – истакнува Самарџиќ.

Цанка Велкова е директор на Едукативниот центар за франшизно работење на компанијата St. George, која стана примател на мастер франшиза за пазарот во Македонија. Таа вели дека најмногу ја привлекла програмата „Училиште за брзо читање и мудро учење“

Ние веќе сме во образовната сфера, имаме свое училиште за англиски јазик во Кавадарци, а сме и дистрибутери на учебници од издавачката куќа „Pearson“ за повеќе од 300 редовни училишта и различни училишта за странски јазици. Значи, оваа област ни е блиска, исто како и франшизингот, бидејќи работев како менаџер во еден меѓународен франшизен систем. Програмата „Училиште за брзо читање и мудро учење“ ни се допадна и мислам дека таквите обуки им се потребни на нашите деца – вели таа.

Според нејзините сознанија, во Македонија немаат конкуренција во оваа област. – Колку што знам, нема вака добро организиран систем. Можно е слични техники да применуваат поединци во своите предавања, но вака јасна и детална програма нема – вели Цанка Велкова која најавува брзи промотивни активности на „Училиштето“ и барање поединечни приматели на франшизата.


Македонија на франшизната мапа / Потпишување на договорот за мастер франшиза за „Училиште за брзо читање и мудро учење“
Весна Лапчиќ
Уредник

погледнете ги текстовите

Сигурна поддршка во франшизното семејство /22.09.2021

Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Без застој во образовниот сектор /19.03.2021

Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.

Нови млади претприемачи во Скопје: кои се тие и зошто избрале франшиза за образование за деца? /21.02.2020

Покрај примателите на мастер франшиза, на „Училиште за брзо читање и мудро учење“ се придружија и два одделни приматели на франшиза во Македонија!

Брзото читење го освојува регионот /01.03.2019

Франшизниот концепт „Училиште за брзо читање и мудро учење“ наменет главно за деца кои сакаат да научат брзо читање и техники на учење и помнење, пристига на пазарот во Хрватска.

најчитани

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Како да се подготвите за улогата примател на франшиза? /06.05.2019

Кој бизнис? Има ли пазар за тоа што сакам да го работам/понудам? Имам ли доволно пари за отпочнувањае бизнис? На крајот, дали ќе ми се исплати оваа работа?

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Modeli širenja franšiznih sistema /25.10.2018

Секој франшизен систем бира или креира начин на меѓународна експанзија кој најмногу му одговара. Меѓутоа, мже да се каже дека постојат пет основни начини на ширење, односно модалитети во кои франшизните системи се присутни на пазарот. Како да се одбере вистинскиот?

популарно во форумот