ProfitApp

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Што е ProfitApp апликација и како функционира?
ProfitApp e бесплатна апликација која што им овозможува на корисниците остварување на поврат на средства при купување кај партнерски компании. Апликацијата ефикасно ги поврзува купувачите и продавачите. овозможувајќи им на купувачите корист од поврат на средства, додека на продавачите им обезбедува нови лојални купувачи.

Реализираниот поврат купувачите го добиваат веднаш на апликацијата и можат да ги користат за нови купувања, преку плаќање со расположиво салдо на апликацијата. Апликацијата е бесплатна, а регистрацијата и користењето лесни, затоа што не постојат образци или купони. Корисниците не се условени со ништо за остварување на повратот или за користење на акумулираните бенефити - нема чланарина, минимален или максимален износ на купување, итн. Корисниците исто така, преку апликацијата можат да плаќаат сметки за струја, телефон или кабелска телевизија, да ги праќаат собраните бенефити едни на други без провизија и да ја користат ProfitApp во било која држава во која е достапна апликацијата.

ProfitApp нуди ефикасно и едноставно решение за поврзување на корисниците со партнерските компании и нивните производи и услуги. Нашите корисници добиваат шанса за заштеда при секое купување, а нашите деловни партнери развиваат програм на лојалност во рамките на нашиот систем, без дополнителни технички трошоци, кои што им овозможуваат да стекнат повеќе купувачи.

ProfitApp им овозможува на корисниците да остварат и дополнителни бенефити, преку стекнување на „Premium“ членство. Со еднократна чланарина во износ од 100 ЕУР, „Premium“ корисниците остваруваат повисок поврат на средства, а имаат и можност за делење на ваучери и вклучување на нови членови. Преку градење на својата мрежа можат да реализираат и пасивен приход и да напредуваат во самата организација.

Деловната филозофија на ProfitApp е едноставна – сите добиваме. Ова ни го овозможува заокружениот систем кој што носи бенефит и за корисниците и за деловните партнери. Нашата цел е да им обезбедиме на корисниците лесно искуство за користење на апликацијата кај деловните партнери кои работат во согласност со нашите стандарди. На деловните партнери сакаме да им овозможиме поефикасно привлекување на нови и лојални купувачи и зголемување на профитот.

Каде се користи апликацијата?
Само во Црна Гора, ProfitApp апликацијата моментално ја користат повеќе од 32.000 луѓе, со направени повеќе од 320.000 трансакции преку апликацијата. ProfitApp моментало може да се користи во повеќе од 400 продавници во Црна Гора, а тој број континуирано расте. ProfitApp е достапен за користење во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, a наскоро и на корисниците во Хрватска, Словенија и Албанија.

ProfitApp франшизен систем

ProfitApp франшизниот систем е поделен на мастер и локални франшизи. Мастер франшиза е кровна франшиза за одредена земја, која што е отворена за вложување, а со која што управува Profit App Internacional A.D. Мастер франшизатае нашиот логистичко-финансиски центар во одредена земја која што нуди професионална поддршка на локалните франшизни партнери.

Локалните франшизи се носители на развојот и ширењето на апликацијата во одредена земја, а се доделуваат по територијален принцип, за одреден град или регион. Секој корисник на франшиза има ексклузивност на својата територија. Корисникот на франшиза има шанса за градење на долгорочен и одржлив бизнис, со релативно мало вложување, во рамки на систем во кој што добива полна поддршка и know-how за остварување на добри резултати.

За разлика од традиционалните бизниси, каде што корисникот е врзан за само една локација на која што потрошувачите мора да дојдат, кај ProfitApp франшизата не постои физичко ограничување на определена територија. Сите жители на одредена територија се нашите потенцијални корисници, а сите бизниси се наши потенцијални клиенти кои што имаат потреба од нови лојални купувачи. Ова значи дека корисникот на ProfitApp франшизата реализира приход од повеќе локации, а не само од една како во традиционалниот бизнис.

Појдовни точки за мастер франшиза:
Мастер франшизата е логистичко-техничка централа за одредена земја;
Со мастер франшизата управува Profit App International A.D.

Појдовни точки за локална франшиза:
Локалната франшиза може да се додели за град, група на градови или регион;
Минимален број на жители за доделување на локална франшиза: 100.000;
Минимален број на продажни соработници во локалната франшиза: 1 соработник на 70.000 жители;
Франшизен надоместок: 0,10€ по жител на територијата за која се доделува франшизата;
Период за доделување на франшиза за територија: 5 години со право за предност при купување.

Какви франшизни партнери бара ProfitApp?
Во Profit App International сакаме да соработуваме со претприемачи кои ќе го препознаат потенцијалот на нашиот систем и нашата визија за иднината на Profit App апликацијата. Нашите кандидати за корисници на франшиза се вредни, комуникативни, добро поврзани својата територија и сакаат да градат долгорочен и успешен бизнис во согласност со принципите и препораките на ProfitApp системот. Со следење на препораките на ProfitApp системот, добро претставување на бенефитите на ProfitApp апликацијата и компаниите партнери, не се сомневаме во можноста за реализација на одлични резултати.

За кои територии се достапни ProfitApp франшизите?
Србија (локални франшизи);
Босна и Херцеговина (локални франшизи);
Хрватска (мастер и локални франшизи);
Словенија (мастер и локални франшизи);
Албанија (мастер и локални франшизи).

сопствени деловни единици

-
 

франшизна единица

Мастер франшизи во 5 земји
15 приматели на франшиза

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

ProfitApp франшизен систем обезбедува поддршка за сите корисници на ProfitApp франшизата. Целта е да се обезбеди стекнување на знаење за ProfitApp системот кое штоби овозможило успешно работење на својата територија. Поддршката за корисниците на франшизата опфаќа:

  • Користење на ProfitApp софтвер и технологија;
  • Докажан деловен систем;
  • Тридневна теоретска и техничка обука за корисниците и нивните соработници;
  • Дводневна практична (теренска) обука за корисниците на франшизата и нивните соработници на територијата;
  • Know-how за развојот на мрежата на корисниците на ProfitApp и нивните деловни партнери;
  • IT поддршка;
  • Маркетинг поддршка;
  • Оперативен прирачник и правилник.

очекувана вкупна инвестиција

  • Влезен надоместок за локална франшиза: 0.10€ по жител на територија;
  • Обука: 500€ по посетител (во цена е вклучена обука, материјали, сместување и храна);
  • Без редовен надоместок.

основни барања

За мастер франшиза:

  • Подготвеност и финансиски капацитет за инвестирање во бизнисот;
  • Познавање на локалниот пазар;
  • Способност за ширење на мрежата на локални франшизи.

За локална франшиза:

  • Претприемнички дух;
  • Искуство во продажба;
  • Пожелно искуство во водење на сопствен бизнис;
  • Добро познавање на пазарот и добри конекции;
  • Посветеност на развојот на бизнисот.

информација за давателот на франшиза

Profit App International A.D. Podgorica

Cetinjska 11, The Capital Plaza, 81000 Podgorica, Crna Gora

+382 68 888 996

franchise@profitapp.me

profitapp.me

контакт особа за кандидатите

Marko Mirović

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до ProfitApp

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Можност во чудесниот свет на музеите /07.02.2022

Тие сакаа да понудат уникатно искуство кое ќе ги спои забавата и образованието и ќе привлече посетители од сите возрасти. „Музејот на сетилата“ за кратко време стана неизбежна атракција и ги наведе основачите сега да понудат и франшиза.

Преку франшиза во светот на гејмингот /08.04.2021

Да се води „Еспортс арена“ може да биде добра деловна можност, особено ако се купува франшиза од докажан концепт. Што нуди системот Friendly Fire и кои се условите кои што треба да ги исполнат потенцијалните приматели на оваа франшиза, ни открива сопственикот на овој концепт, Давид Косир.

Сервисите за перење алишта – сигурен бизнис /03.09.2020

LG Laundry Lounge, синџирот на пералници за алишта со самопослужување, наскоро ќе добие нови франшизни единици во Скопје, Љубљана и Прага. Давателот на франшизата со совет до своите приматели во време на COVID-19 задолжително да се придржуваат кон правилата.

Нови пералници на франшизната мапа - едноставно и профитабилно /17.02.2020

Мрежата на пералници за облека LG Laundry Lounge се шири во Хрватска. Оваа франшизна единица отворена е во Кастав, во близината на Ријека.

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Европски етички кодекс за франшизи /26.10.2018

Овој Европски етички кодекс е надградена верзија на Кодексот на Европската франшизна федерација (ЕФФ), кој e усвоен во 1972 година, а неговата последна измена е во 2016 година, изменета првпат по 2003 година, откога датира неговата претходна верзија.

Каков бизнис може да стане франшизата? /26.10.2018

Успешното работење може да доведе до отворање на работилници или филијали, отворање на нови фирми или - по пат на франшиза. Во споредба со првите два начини, деловен развој по пат на франшиза бара помали инвестиции и носи помал ризик.

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Мобилна апликација која ќе ви донесе профит /21.11.2019

ProfitApp International е сопственик на истоимената апликација во чија основа е програмата за лојалност, која ги поврзува компаниите од различни гранки со купувачите. Ова е прва црногорска франшиза која бележи експанзија во регионот.

Успехот не е илузија /22.05.2019

Иако приватните музеи на Балканот се вистинска реткост, „Музејот на илузии“ отворен пред три години во Загреб веднаш стана хит.

Идеа за работа во заштитата на телефонот /27.04.2019

Американската франшиза Mobile Outfitters, специјализирана за услуги за заштита и стилизирање на мобилните телефони со квалитетна фолија, веќе неколку години работи во Хрватска и Србија. Бараат приматели за франшизата и во Македонија.

LG Салон за перење /19.03.2019

Во ритамот на животните промени – помалку време, помал животен простор и големи сметки за струја, не е за изненадување кога новите бизнис концепти се издигнуваат, искористувајќи ја ваквата ситуација како поволна прилика која води кон основање нов бренд - сервис за перење.

Самопослужно перење, како и насекаде во светот /18.12.2018

Првата франшиза на LG Laundry Lounge е отворена во Србија, во населбата Белвил во Белград. Потенцијал за ширење на мрежата постои и во другите градови од Србија како и поширокиот регион.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.