STEIKU HAOSS

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Steiku Haoss е елегантен концепт-ресторан во западен стил (western style), основан од семејството Сима Балтик. Седиштето на ресторанот е во срцето на Рига, Латвија, и компанијата е управувана од две генерации на фамилијата Балтик. Ресторанот може да се пофали со својот углед, со првокласната кујна и исклучително квалитетната услуга. Со своето 25 годишно искуство, Steiku Haoss развил знаења како да го прави најквалитетниот бифтек, и  во моментов има развиено репутација на „Веројатно најдобриот стек во градот!“.

Со три ресторани во Рига, Steiku Haoss е дел од групацијата „Cantus Group“, која управува со неколку ланци на ресторани, и е лидер на пазарот во Латвија во гастрономијата. Групацијата е основана во 1992 година од неколку ланци на ресторани, сите засновани на идејата за  достигнување на врвна кујна и исклучително квалитетна услуга.

Со над 25 години искуство во угостителството, ние продолжуваме да иновираме и да се подобруваме, стремејќи се да бидеме над просекот и да го даваме најдоброто во поглед на квалитет, дизајн и вкус.

Рестораните на „Cantus Group“, вклучувајќи ги и Steiku Haoss, Muusu и Muusu Terase, се карактеристични по различните стилови, но ги поврзуваат истите фамилијарни вредности, гостопримливоста и уникатниот тим кој обрнува внимание на деталите и го прави искуството навистина исклучително, служејќи традиционална и прилагодена храна од кујните од целиот свет.

сопствени деловни единици

Мултибренд синџирот на ресторани во Рига, Латвија, вклучува 3 ресторани Steiku Haoss.

франшизна единица

-

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Steiku Haoss им нуди на носителите на франшизата знаење, алатки и обуки за успешно водење и развивање на бизнисот.

Тимот за поддршка на франшизата е постојано достапен за да обезбеди стручни совети и да го следи развојот на франшизата, водејќи ги низ целиот процес на развој. Steiku Haoss нуди широк спектар на поддршка и совети во следниве области:

  • Наоѓање на соодветна локација за ресторанот и анализа на внатрешноста на објектот;
  • Дизајн на ресторанот - во соработка со локалните архитекти и добавувачи;
  • Имплементирање на стандардите на брендот;
  • Оперативен прирачник на стандарди, кој вклучува стандарди, опис на процеси, рецепти и упатства за маркетинг;
  • Регистрација на трговската марка;
  • Помош при набавка на опрема;
  • Политика за суровини и безбедност на храна;
  • Деловно и финансиско планирање;
  • Моделирање и проектирање на деловните резултати;
  • Вработување и обуки за пероналот;
  • Воспоставување на ланец на снабдување;
  • Развој и дизајн на мени;
  • Континуирани надградби на системот;

Поддршката е обезбедена во сите фази на развојот: уредување, дизајнирање, оперативни процедури, регрутирање на персонал и отворање на ресторани.

Маркетинг поддршка

Франшизниот тимот за поддршка на Steiku Haoss нуди континуирана помош при развојот на маркетинг стратегиите и пренесување на стратегиите во акциони планови. Постојаниот пакет за поддршка на маркетингот вклучува:

  • Бренд книги и визуелен идентитет;
  • Маркетинг стратегија;
  • Годишен план за маркетинг;
  • Продажба и придружен маркетинг материјал, вклучително и менија и разни промотивни материјали;
  • Стратегија за дигитален маркетинг, вклучително и упатства за веб-страница и профилите на социјалните мрежи;
  • Упатство за користење на CRM системот на Steiku Haoss;
  • Обука за продажба и маркетинг вештини.

очекувана вкупна инвестиција

  • Надомест за франшиза по ресторан: 25.000 евра;
  • Очекувана вкупна инвестиција: 300,000 евра;
  • Франшизна надохнада од приход: 6%;
  • Можност за купување на мастер франшиза (на барање).

основни барања

Бараме амбициозни и мотивирани претприемачи кои би биле заинтересирани да станат носители на нашата франшиза на нови територии.

Постојат неколку стандардни процедури за проценка на заинтересираните кандидати. За да станете примател на франшизата за Steiku Haoss, важно е пред сè да имате детална стратегија и план за територијата - или регионот - во кој треба да работите.

Исто така, потребна ви е добра локација. Примателот на франшизата треба да обезбеди атрактивна локација во зафатен пешачки, трговски или деловен простор.

Оптималниот простор за ресторанот е помеѓу 350 - 550 м2, а идеално место за ресторан е аголна зграда, со отворен простор и големи прозорци.

Покрај тоа што треба да имате детален план за работа и разработена стратегија, од кандидатите ги очекуваме следниве карактеристики и квалитети:

Искуство

  • Добро познавање на локалната култура и локалните навики на клиентите;
  • Искуство во маркетинг и деловен развој;
  • Искуство во финансии и управување со трошоци

Бизнис вештини

  • Воспоставена мрежа на локални партнери;
  • Добар менаџерски тим;

Пристап

  • Држење до оргиналниот концепт на Steiku Haoss;
  • Подготвеност да работат самостојно, а истовремено и спремност да бидат дел од поголем систем;
  • Активно учество во процесот на стекнување нови знаења и вештини;

Лични карактеристики

  • Лидерство и позитивен дух;
  • Вештини за работа во тим;
  • Визионерско и претприемачко размислување;
  • Добри комуникациски вештини.

информација за давателот на франшиза

SIA CANTUS

Meistaru street 25, Rīga, Latvia, LV - 1050

+371 26 41 66 41

davis@steikuhaoss.lv

steikuhaoss.lv

контакт особа за кандидатите

Mr. Davis Cima

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до STEIKU HAOSS

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

најчитани

Заработи на евтино кафе /29.10.2021

Cofix, ланецот на кафетерии со поволни цени, се појави на израелскиот пазар како сериозен конкурент на Starbucks. Денес, по постигнатите завидни резултати на постоечките пазари, имаат намера да го прошират својот бизнис низ цела Европа.

Кога кафето ќе стане повеќе од задоволство /12.08.2021

Франшизниот ланец МЕРОН планира да го прошири својот концепт на кафетерии во сите земју од Европската Унија. Отворени се за соработка и со претприемачите од земјите во регионот.

Безбедно доставување на храна /12.04.2021

Минимален контакт со клиенти, редовна употреба на средства за дезинфекција, и постојана проверка на здравствената состојба на доставувачот - се главните принципи за сигурна достава на храната. Како еден франшизен систем ги применува сите овие принципи во пракса?

Добриот вкус на Steiku Haoss ресторан /10.10.2020

Синџирот семејни ресторани Steiku Haoss од Летонија планира да се прошири и на пазарите во светот. Франшизата е достапна и за претприемачите од регионов.

CHIPAS пристигна во градот Високо, БиХ /29.04.2021

Првата франшизна единица на сараевскиот ресторан CHIPAS во Босна и Херцеговина се отвара во градот Високо.

Од крофнички до франшиза /27.10.2020

Приказната за „Јети фритули“ од Макарска е добар пример како од мал семеен бизнис може да се направи франшиза. Како се градел овој концепт, што е потребно за профитабилно работење и кои би биле посакувани приматели на франшизата?

Sвездата од Јадранот на американскиот пазар /20.10.2020

Surf'n'Fries, познат по помфрит и оригинална амбалажа, влезе во еден од најпребирливите пазари – американскиот. Како се одвиваа подготовките и какви се реалните можности за развој, открива Андреја Чолак.

Достава на храна – предности и недостатоци /22.04.2020

Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.

Војна на пилешките сендвичи /19.03.2020

McDonald’s одлучи во своите ресторани во Америка да понуди и два сендвичи со пилешко... Зошто ли е тоа толку значајно? Затоа што прашање е дали тоа би се случило доколку примателите на франшиза не направиле притисок, а сето предизвикано од заострената конкуренција.

За добра пица има добар пазар - Domino's се шири во регионот /04.03.2020

Domino's, најголемиот синџир на пицерии во светот, пролетва ќе ја добие првата франшизна подружница во Хрватска

Одличниот Surf’n’Fries е веќе во Белград. Дали наскоро го гледаме и во Скопје? /13.02.2020

Ланецот ресторани Surf’n’Fries, познат по помфритот, необичните сосови и оригиналната амбалажа, пристигна и во соседството. Првиот ресторан од овој франшизен ланец отворен е во Белград.

Автоматизиран „Sид за пијалоци“, угостителски концепт од иднината /05.01.2020

Оригиналниот концепт на услуги по кој се препознаваат рестораните EasyBeer и EasyWine посебно е интересен за гостите, а нивната исплатливост, за претприемачите кои се заинтересирани за оваа франшиза.

Место на пазарот за познатата пицерија /31.12.2019

Pizza Hut започнува со ширење на франшизната мрежа во централна и источна Европа. Што е потребно за отворање на ресторан и колку чини да се работи под овој бренд?

Нов Subway во Загреб /12.12.2019

Subway, најголемиот франшизен ланец на ресторани во светот, кон крајот на ноември го отвори и вториот ресторан во главниот град на Хрватска, Загреб.

Супи во чаши кои се јадат - украинска франшиза со еколошка амбалажа! /17.11.2019

Украинскиот синџир Soup Culture кој е познат по подготовка и продажба на супи во чаши кои се јадат, има франшизи во седум земји и планира ширење на мрежата низ Европа.

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.