CAR FOIL SHOP

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Car Foil Shop (CFS) е концепт за продажба и монтажа на сите видови фолии, а претежно на фолии за автомобили. Ние сме најголемиот увозник и застапник на повеќе светски производители на фолии и пратечка опрема во регионот. CFS асортиманот се состои од сите видови фолии: фолии за автомобили (за каросерија, преслекување ентериер, фарови, стакло), потоа за сите видови специјализирани и класични фолии за ентериер и екстериер (за стакло и други потреби во архитектурата, фолии за ѕидови и мебел, сигурносни фолии итн.), печатени рекламни фолии и други специјализирани фолии, како и пратечки прибор за вградување фолии, опрема и материјал. Освен тоа, CFS асортиманот го сочинуваат и други производи за стилизирање на автомобили (ксенонски светла, прекривки за седишта од кожа ...).
Асортиманот може да се подели на:

  • фолии за комплетно или делумно (одредени сегменти) преслекување на автомобили,
  • фолии за затемнување стакла,
  • фолии за тонирање на фарови и стоп-светла,
  • рекламни фолии за употреба во деловни цели,
  • фолии за примена во архитектурата (за ѕидови, декорација, преслекување на мебел...)
  • фолии за стакло на градежни објекти (безбедносни или со UV заштита)
  • дополнителна опрема за стилизирање автомобил

CFS Servis
Покрај продажбата на специјализиран асортиман, CFS нуди и услуга според највисоки стандарди - концептот вклучува и сервис-работилници за монтажа и лепење на фолии и останати производи од понудата. На клиентите им се нудат услуги на целосно преслекување на каросеријата со фолии, затемнување на стакло на автомобили (но и на излози на продавници и други објекти), тонирање на фарови, изработка и аплицирање на рекламни фолии - односно брендирање на возила и предмети и др.

Франшизна соработка

Car Foil Shop франшизата е начин да станете дел од нашата меѓународна мрежа и под нашиот бренд, со помош на нашиот систем на снабдување и организација на работењето, обука, техничка и маркетинг поддршка - да вршите дистрибуција на производи од нашата понуда и / или да понудите услуги на монтажа во вашиот град.

Ние нудиме целосен трансфер на знаење, а со франшизата Car Foil Shop добивате и:

  • докажан и разработен бизнис модел;
  • бренд кој е во пораст и експанзија, со повеќе од пет години искуство и присуство на пазарот, со неколку илјади изведени работи и интернационално присуство;
  • постојана обука на работниците, како во продажбата, така и во сервисот;
  • комплетна маркетинг поддршка која вклучува рекламирање преку Фејсбук страница која ја добивате од нас, изработка и одржување на веб-страница, Google огласување, реклами на нашите сајтови и социјални мрежи итн.(обврска на примателот е само локален маркетинг);
  • профитабилен бизнис без големи инвестиции, со мал број вработени, со производи и услуги кои се лесни за продажба и едноставно се рекламираат;
  • логистика и стабилно снабдување под поволни услови, широк асортиман и поволни маржи во продажбата и услугите на монтажа, најповолен однос на квалитет / цена на пазарот

сопствени деловни единици

Србија, Белград и Ниш (заедничко вложување со локален партнер)

 

франшизна единица

  • Словенија
  • Хрватска
  • Црна Гора
  • Босна

 

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

  • ексклузивност на договорената територија
  • право да се користи трговската марка и брендот
  • набавка на стоки под најповолни услови, секогаш достапен лагер на широк асортиман
  • комплетен асортиман - фолии, дополнителна опрема и алатки за вградување на фолии, друга опрема за стилизирање автомобили
  • комплетен визуелен идентитет - урадување, излози, знаци, униформи …
  • постојана обука на вработените - како за монтажа на фолии (сервис), така и за продажба (продавница)
  • маркетинг поддршка; комплетен маркетинг на интернет - меѓународна веб-страница, домашна страница и социјални мрежи
  • користење на база на податоци со илјадници изведени работи
  • поддршка при пружање на монтажни услуги

очекувана вкупна инвестиција

  • Редовниот надомест се наплаќа како процент од продажбата и пружените услуги.
  • Износот на надоместокот зависи од остварените резултати од продажба (стимулативни стапки).

Неопходна инвестиција за започнување на бизнис:

  • од 5.000 ЕУР па нагоре (ја вклучува инвестицијата за прво снабдување и опремување на продавницата).
  • Договорот е склучен на 5 години.

основни барања

  • обврска за ексклузивно купување на асортиманот од  Car Foil Shop;
  • минимум 20 м2 продажен простор за продавницата; по можност со голем продажен излог

информација за давателот на франшиза

Car Foil Shop doo

Телечка 6, Београд, Србија

+381 64 956 14 23

franchise@carfoilshop.com

carfoilshop.rs

контакт особа за кандидатите

 Ѓорѓе Станковиќ

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до CAR FOIL SHOP

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.