Signal 88 Security

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

Signal 88 Security е давател на франшиза во областа на премиум услугите за обезбедување на лица и имот. Компанијата е основана во 2003 година во Омахи, државата Небраска, САД. Signal 88 Security е насочена кон развој на франшизен модел на деловна соработка и има намера на локалните партнери, компании и претприемачи да им понуди технологија и ново знаење во областа на обезбедувањето, која ќе им овозможи повисок квалитет на услугите кои им ги нудат на клиентите, а преку тоа и зголемен број на клиенти и поуспешен бизнис. Signal 88 Security бара примател на Мастер франчиза, кој во иднина ќе развива национална мрежа на претставништва во градовите во Македонија.

франшизна единица

435 канцеларии во САД, 5 во Канада, 12 во Австралија, една во Нов Зеланд и една во Велика Британија.

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

ОБУКИ

Обуки за процесот на продажба на услугите

  • Селекција и избор на потенцијални клиенти
  • Подготовка на договор
  • Преговарање за договорните услови
  • Дефинирање на соработка

Обуки за бизнис услугите

  • Запознавање со услугите
  • Избор на вработени, обука и менаџирање на вработените
  • Набавка на возила
  • Quality Assurance - стандарди за квалитетот на услугите кон клиентите
  • Иновативен софтвер за менаџирање на бизнисот - 88Edge
  • Менаџирање на клиенти
  • Софтвер за онлајн обуки - 88 University 
  • Интернет маркетинг платформа Webpunch
  • Локална потстрана на веб страницата - Signal88.com

Обуки за администрација

  • Потребни лиценци
  • Регулативи за вработување
  • Правила за плати и бонуси
  • Фактурирање 
  • Даночна проблематика
  • Сметководство

Обуки за развој и проширување на мрежата за франшизи

  • Маркетинг насочен кон пронаоѓање локални приматели на франшизи
  • Поддршка за профилирање на кандидатите 
  • Дефинирање на територија - Посветен софтверски за мапирање
  • Развој на маркетинг стратегија
  • Процес на избор на кандидати
  • Discovery Day 
  • Креирање на потребните документи за франшиза - franchise disclosure document 
  • Договор за франшиза
  • Дефинирање на оптимална франшизна надохнада
  • Трансфер на права и прекинување на соработката со примателите на франшизата- поддршка во процесот.
  • Систем на награди за ново стекнатите приматели
  • Поддршка за градење на секторот за франшизи во рамки на компанијата на примателот на мастер франшизата.

Останата поддршка за примателите на Мастер франшизата

  • Succession Planning Guide for Owners [Упатство за успешно планирање за сопственици на бизнисот]
  • Програма за менторство
  • Benchmarking - таргетирање и анализирање на бизнисот
  • Национални програми
  • Воспоставување и организација на конвенции (конференции) на мрежата за франшизи - Hosting Convention
  • Програми за обука за секој сегмент на бизнисот
  • Избор на добавувачи на национално ниво
  • Score Cards и правила за вработување
  • Дефинирање, воспоставување и ревизија на стандарди за франшизно работење
  • Градење на позиција Franchise Exchange Counsel 
  • Организациска структура
  • IFP Обука (IFP’s Home Office Training)
  • Пристап до know-how и експертиза низ целата меѓународна мрежа
  • Право на користење трговската марка и брендингот на Сигнал 88
  • Scorecard за персоналот кој работи локалните Signal 88 центри
  • Поддршка за прилагодување на сервисите и услугите во локалните Signal 88 центри
  • Структуирање на високиот менаџмент на компанијата.
  • Организација на конвенции / регионални конвенции / наменски состаноци
  • Веб-страница
  • Социјални мрежи
  • Брендинг книга на стандарди
  • Планирање
  • Поддршка за воспоставување независен и успешен бизнис.

очекувана вкупна инвестиција

  • Надомест за влез за мастер франшизата: $150 000 – $200 000
  • Проценето ниво на почетна инвестиција за започнување бизнис: $ 50 000 – $100 000.

основни барања

Signal 88 Security бара носителите на франшизата да ги исполнуваат следниве услови:

  • Лидерство, капацитет за градење и водење национална мрежа
  • Финансиски капацитет за потребната инвестиција 
  • Знаење и искуство во градење на бренд на локалниот пазар
  • Подготвеност и желба да се совладаат потребните вештини за регрутирање, обуки, мотивирање и управување со партнерска мрежа што ќе ја шири брендот на Signal 88 Security на национално ниво.

информација за давателот на франшиза

Signal 88 Security LLC

3880 S 149th Street STE 102 Omaha, NE 68144 USA

+1 402.960.3938

ynakajima@signal88.com

signal88.com

контакт особа за кандидатите

Yoshino Nakajima (англиски јазик)

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Signal 88 Security

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

Безбедноста како премиум услуга според американски стандард /10.01.2020

Од САД на пазарите во регионов стигна Signal 88 Security, франшизен систем специјализиран за давање услуги за обезбедување. Кој може да биде примател на оваа франшиза?

Секој далечен пат започнува со... удобен превоз до аеродром! /27.12.2019

Инспирацијата како да стигнат до аеродром лесно и удобно, ги натерало да започнат сопствен бизнис. Така настанал GoOpti, компанија специјализирана за превоз на патници. Денеска своите услуги ги нуди во пет земји, со намера франшизната мрежа да ја прошири и надвор од овој регион.

Над 200 идеи за успешни бизниси на саемот за франшизи во Варшава /22.10.2019

За три дена, 7000 посетители на саемот на франшизи во Варшава имаа можност да погледнат и изберат помеѓу 200 франшизни брендови и бизнис идеи. Што го издвојува овој Саем и зошто се вели дека е направен „по мерка на претприемачите“?

Брзиот транспорт брзо расте /27.06.2019

Flash Europe кој е европски лидер во давање професионални услуги за итен транспорт, започнува со франшизна програма во овој регион. Кој може да стане примател на франшизата, открива франшизниот менаџер Френк ван Дорн.

Можност за бизнис на пазарот за итни транспортни услуги /07.05.2019

Flash е европски лидер во давање на професионални услуги за итен транспорт кој отпочнува со нова франшизна програма. Целта е проширување на мрежата на превозници и партнери низ Европа. Приматели на франшизата бараат и во земјите од регионов.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Предности на франшизата /25.10.2018

Претприемачот кој сака да постане примател на франшиза и на тој начин се приклучи на франшизен систем, може да очекува низа предости

Франшизен пакет /17.07.2018

Франшизен пакет е основата на франшизниот систем, бидејќи го содржи комлетниот бизнис пакет кој го нуди сопственикот на франшизата.

Што е Discovery Day? /02.04.2019

Discovery Day ( Ден за запознавање) е вообичаерн термин, но и „обичај“ во многу земји во кои франшизната форма на водење бизнис е многу развиена. Наједноставно, Discovery Day е ден во кој, како заинтересиран кандидат за купување франшиза, за прв пат, „во живо“ се запознавате со франшизниот систем. И обратно!

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.