Франшизен консалтинг - поддршка на вашиот избор за раст

Вторник
09.07.2019
Развојот и ширењето на бизнисот по пат на франшизинг може да ви донесе огромни бенефити во насока на унапредување на вашата компанија и поголем профит.
 

Поддршката од искусни консултанти може значително да ви го олесни процесот на подготовка на вашата компанија за франшизинг, како и имплементација на вашата франшиза на други пазари. Со повеќе од 20 години искуство во франшизингот, присуството во 15 земји и повеќе стотинa креирани системи позади себе, нашата компанија ПРОФИТ систем ви нуди поддршка во целиот процес, доколку се одлучите да станете носител на франшиза. 

ПРОФИТ систем е компанија која е специјализирана за давање на услуги и консултантство за темата франшизинг - за креирање на франшизен систем, како и за подршка во развојот и ширење на франшизингот во земјата и на странските пазари.

Областите, односно прашања на кои можеме да ви понудиме услуги:

  • Анализа на работењето и проценка на можностите за креирање на франшиза;
  • Развој на работен модел за франшизно работење (дефинирање на сите елементи кои ја сочинуваат франшизната соработка);
  • Изработка на франшизен модел за работа со франшиза (модели кои ја покажуваат профитабилноста на франшизингот и за давателот и за идните приматели на франшизата);
  • Изработка на договор за франшиза;
  • Изработка на сите пропратни документи во врска со франшизингот;
  • Поддршка во креирање на оперативниот прирачник - помош при мапирање на процесите, дефинирање и валидација на процесите, изработка на детални оперативни упатства;
  • Поддршка во ширење на франшизата - маркетиншки услуги и услуги за поддршка во регрутација на партнерите (во сите 15 земји во кои работиме);
  • Дефинирање на стратегии за ширење на франшизата;
  • PR услуги (поддршка во комуникација со потенцијалната публика);
  • Подршка во изработка на брендот, со цел подготовка за излегување на интернационален пазар;
  • Обука за франшизинг;
  • Други услуги потребни за развојот на франшизингот - менаџмент или правни консултански услуги итн;

ПРОФИТ систем е најголемата консултанска куќа специјализирана за франшизинг во централна и источна Европа, но и една од најголемите во Европа. Во земјите во кои работиме (15 земји) имаме развиено и поддржано креирање на над 300 франшизни системи во разни области и индустриски гранки, како и помогнато на многу повеќе системи во процесите на развој на работењето и ширење на нови пазари. На нашите клиенти им даваме полна поддршка во секоја од земјите во кои работиме, им ги нудиме сите услуги кои се потребни да изградат современа и компетентна франшиза и достојно да се претстават на меѓународниот пазар. Нашиот тим, во зависност од потребата на клиентите, го сочинуваат локални и интернационални консултанти.

Покрај дејноста на деловно советување, се занимаваме со издавачка дејност. Издавач сме на медиуми кои ја обработуваат темата за франшизно работење (магазини, онлајн портали, страници на социјални медиуми) и организатор сме на саеми за франшизи, вклучувајќи го и најголемиот саем за франшизи во централна и источна Европа – Саемот за франшизи во Варшава. За сите активности им даваме целосна поддршка на своите клиенти, но им го олеснуваме и влезот во водите на франшизингот и во континуитет ја информираме јавноста за ваквиот вид на работење. Вложуваме во едукација на јавноста која е заинтересирана за франшизинг и промоција на начинот за работа со франшиза.

Присутни сме во следните земји на централна и источна Европа и Блискиот исток (со кликнување на името на земјата ќе ви се отвори нашиот франшизинг портал во таа земја):
ПолскаЧешкаСловачкаУкраинаРусијаЛaтвијаЛитванијаУнгаријаРоманијаСловенијаХрватскаСрбија МакедонијаИталијаСаудиска Арабија, а наскоро и Албанија и Косово.

  • Сакате повеќе информации за франшизингот како модел на соработка?
  • Размислувате за франшизингот како начин за ширење на работата?
  • Имате дилема по прашањето за тоа дали франшизингот е добар за вашиот бизнис?
  • Сте решиле да влезете во развој на франшиза, но не знаете како?
  • Ви треба совет или поддршка во доработка на франшизниот пакет или ви треба комплетен развој од самиот почеток?
  • Сакате да се проширите на некој од странските пазари по пат на франшиза?
  • Не ви се јасни разликите помеѓу лиценцирање, франшиза, агентска, партнерска или некој друг облик за работа и соработка?

Ако ви се потребни одговори на некои од наведените прашања, пријавете се за необврзувачки состанок или консултација со нашите експерти.

Пополнете формулар или пишете ни на e- mail: usluge@franchising.mk

Ве молиме да ни назначите на кој начин сакате да ве контактираме и наведете ги сите потребни податоци како би можеле да ве контактираме.


Контакт информации
Контакт информации
If you see this, leave this form field blank

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

По франшиза во Будимпешта /27.01.2019

7 февруари 2019 година е ден резервиран за Саемот на франшизи во Будимпешта - Franchise Börse.

популарно во форумот