Промените не влијаат на развојот

Потребите на дигиталната ера / Програмерите и понатаму го задржуваат местото помеѓу најбараните експерти на пазарот на трудот, а интересот за воннаставни курсеви за програмирање не се намалува.
Среда
24.03.2021
Како се прилагодуваше начинот на работењето во услови на пандемијата и на каква поддршка можеа да сметаат бројните приматели на франшизи, одговара Радослав Кулеша, коосновач на училиштето за програмирање за деца, Coding Giants.
 

Синџирот на училишта за програмирање за деца, Coding Giants, започнува со развој во Полска, од 2015 година. Имено, четворицата основачи на ова училиште, веднаш по завршувањето на студиите, навлегуваат во претприемачките води. Наместо да бараат вработување, тие решиле да основаат свое училиште за програмирање, со желба за забавно и иновативно дигитално ‘’описменување’’ на сите деца и млади, заинтересирани за нови технологии и компјутерско програмирање.

Моментално, Coding Giants го покрива полскиот пазар со повеќе од 100 училишта за програмирање, а плановите за развој ги надминуваат границите на домашниот пазар, во уште поголема мера. Франшизата за ова училиште се нуди и на претприемачите од земјите во овој регион, а првата ‘’регионална’’ франшиза започна со работа на крајот на месец февруари, во Хрватска.

Како системот се менуваше и прилагодуваше на новите околности и услови на пандемијата и на каква поддршка можеа да сметаат бројните приматели на оваа франшиза, одговара Радослав Кулеша, еден од основачите на Coding Giants.

Како пандемијата влијаеше врз образовниот сектор и работењето на училиштата за програмирање Coding Giants?

Пандемијата секако, го погоди и образовниот сектор и влијаеше на неговиот понатамошен развој. Пред сè, го забрза преминот кон онлајн наставата, не само кај нас, туку и во многу други училишта вклучени во овој сегмент.
Нè прави среќни фактот дека, после сè, бевме исконтактирани од страна на голем број на задоволни родители, кои што сега ја поддржуваат онлајн наставата, и покрај претходните сомнежи и отворени противења. Се разбира,  и понатаму има поддржувачи на традиционалниот начин на работење од училница. Меѓутоа, онлајн курсевите имаат и свои предности, земајќи во предвид дека, децата не мораат да излегуваат од својот дом, а сепак можат да користат онлајн алатки за учење преку своите компјутери. Сето ова, во комбинација со квалитетна настава, допринесе до тоа, онлајн курсевите да бидат прифатени одлично  кај учениците, а задоволни беа и нивните родители. Затоа мислам дека, наставата „на далечина“ ќе продолжи да се користи и во наредниот период како опција, па дури и откако пандемијата ќе заврши.

Кои беа предизвиците со кои се соочувавте?

Со избивањето на кризата пролетта 2020 година, бевме принудени да преземеме одредени мерки што е можно побрзо и во потполност да ги реорганизираме активностите во училиштето. По двонеделниот прекин на работењето, решивме наставата целосно да ја префрлиме преку интернет платформа. Овој процес бараше многубројни промени во CRM системот, воведување нови онлајн алатки за учење, пронаоѓање на решенија за нивна беспрекорна примена, како и измени во распоредот на наставата. Покрај тоа, беа преземени и неколку дополнителни чекори, кои подоцна се испостави дека беа и неопходни, за да им овозможат на предавачите и корисниците на нашите курсеви, непречено функционирање во новите услови. Можеме слободно да кажеме дека, процесот на прилагодување беше успешен, со оглед на тоа што голем број од учениците сметаат дека онлајн курсевите се подеднакво добри, па дури и подобри од часовите што се одржуваат во класичната училница.

На кој начин се одвива работењето сега? Каква поддршка Coding Giants, како давател на франшиза, можеше да им ја обезбеди на своите франшизни партнери во овој период?

И покрај пандемијата, функционираме многу добро. Секако, ова се однесува на училиштата во наша сопственост, како и на сите франшизни единици. Забележуваме константен пораст на бројот на ученици, а некои од постоечките приматели на франшиза отворија дури и нови локации. И понатаму ни се јавуваат нови кандидати заинтересирани за франшизата, со очекување дека нивниот број ќе биде уште поголем по стабилизирање на ситуацијата во наредните месеци.

Секако, ги поддржувавме и сèуште ги поддржуваме примателите на франшизата. Па така, во рок од десет дена од избивањето на пандемијата, бевме во состојба на своите ученици да им понудиме комплетни услови за онлајн настава, наставните програми беа прилагодени на новиот начин на одржување на курсевите, се направи измена на CRM системот и алатките кои ќе се користат во текот на наставата. Исто така, нашите партнери во секој момент имаа можност да се обратат на нашиот тим кој беше задолжен за решавање на сите видови на технички проблеми. Покрај тоа, им беше дадена можност да понудат и дополнителни нови курсеви, кои што ги креиравме после преминот кон онлајн наставата, и така да реализираат дополнителен приход.

Какви се плановите за наредниот период?

Во овој момент Coding Giants мрежата во Полска се состои од 113 единици, и вклучува 59 училишта во наша сопственост и 54 училишта управувани од приматели на франшизата. Со сигурност знаеме дека, од месец септември ќе бидат отворени уште неколку нови локации. Секако, нашата цел е отварање нашите училишта за програмирање во секој поголем град во Полска. Присутни сме и во Шпанија, Словенија и Хрватска. Во наредните месеци ќе бидеме пред сè фокусирани на проширување во странство и барање на нови франшизни партнери, кои што би ја развивале мрежата на Coding Giants на нивните пазари. И покрај тоа, продолжуваме да ја шириме нашата мрежата на домашниот пазар во Полска.

Интервју: Доминика Пронарска, Franchising.pl
Подготви: Н.Богојевиќ, Franchising.rs


Радослав Кулеша, коосновач на училиштето за програмирање Coding Giants / „Во следните неколку месеци ќе бидеме фокусирани првенствено на проширувањето на странските пазари и потрагата по нови партнери за франшизата“.

погледнете ги текстовите

Закрепнувањето носи нови франшизи /22.06.2022

– Туристичкиот сектор закрепнува, а со тоа расте и интересот за франшизата на CityPa – вели Жељко Гобац, основач на CityPal платформата, преку кој туристите се запознаваат со најдобрите локални препораки

Канадско образование и на Балканот /10.01.2022

„Поддршката која што ја добиваме и на која што ќе може секогаш да сметаме, е клучна за франшизната соработка и светскиот успех на Maple Bear“, истакнува Љиљана Николова, како причина поради која што се одлучила за користење на франшизата на овој образовен систем.

Градиме подобра иднина /04.08.2021

„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор

Предностите на добриот модел /10.10.2020

„Добро осмислениот финансиски модел им ја гарантира на давателите на франшиза атрактивноста на нивната франшизна понуда“- истакнува Карол Кечмарек, франшизен консултант на компанијата PROFIT system.

Достава на храна – предности и недостатоци /22.04.2020

Се повеќе угостители размислуваат за воведување на домашна достава како мерка со која би се намалиле последиците предизвикани од коронавирусот. Да ги разгледаме предностите и недостатоците на оваа стратегија.

најчитани

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Бескрајна приказна /19.07.2018

Митко Андонов ја развива франшизата Jumping Clay во Македонија. Во нашиот разговор тој ни открива каде го гледа најголемиот потенцијал и кои се неговите приоритети во бизнисот.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот