Кога ќе се спојат пријатното и полезното

Ивана Коприванац од Осиек, примател на Husse франшиза
Ивана Коприванац од Осиек, примател на Husse франшиза / Рецептот за успех е многу вложување во промоција, љубезност и стручност на примателот на франшизата. Најважно е луѓето да се запознаат со брендот, а тие бргу ќе го препознаат квалитетот кој го поседува.
Среда
06.02.2019
Ивана Коприванац стана примател на Husse франшиза во пресуден момент во животот. Иако со досегашните резултати е задоволна, смета дека претприемачот секогаш мора да тежнее кон подобро.
 

Тоа што започна приватна работа и започна да се занимава со домашна достава на храна за домашни миленици за Ивана Коприванац  не е само  претприемничка храброст, туку и класична приказна  со која се одликува пазарот на кој во одредена мерка секогаш владее неизвесноста. – Иако долги години бев вработена, по враќањето од породилното отсуство, добив отказ. Бидејќи бев невработена, со сопругот почнавме да размислуваме за приватен бизнис, објаснува Ивана Коприванац од Осиек, што ја поттикнало да се сврти кон нова животна приказна.

Тоа што се занимава со одгледување кучиња било и среќна и одлучувачка околност.  – Барајќи идеална храна за нашите миленици, наидовме на Husse. Кога на примерот од своите миленици се уверивме во квалитетот на храната, најнапред одлучивме да бидеме нивни купувачи, а кога дознавме дека Husse бараат и приматели на франшиза за територијата на нашиот  округ (жупанија) одлучивме дека би можела  јас да бидам нивниот партнер со што би ги поврзале пријатното и полезното! – објаснува Коприванац како посакала да стане дел од франшизното семејство Husse.

Во новата работа, како што вели, не влегла без искуство. По завршувањето на средното економско училиште повеќе од шест години раководела со продавница за текстил. Подоцна звршила и курс за дактилографија и се вработила како административен службеник кај нотар. Следните пет години секојдневно патувала на работа во друг округ. – Тоа никогаш не ми преставуваше проблем бидејќи сметам дека мора да се работи за човек да може да си ги оствари желбите - истакнува Коприванац, потврдувајќи со тоа дека веќе ги има основните квалитети за претприемач.  Работлива  и посветена, Ивана знаела во што се впушта кога сериозно започнале да размислуваат за купување на франшиза.  – Бидејќи и сопругот и јас  имаме завршено средно економско училиште, знаевме што подразбира земањето на франшиза, а не ни беа непознати ниту условите за оваа соработка - додава таа.

Така, по потпишувањето на договорот, обуките и пристигнувањето на првите количини стока, можела и официјално да започне со работа, да отпочне сопствен бизнис под заштита и со поддршка на франшизниот систем на Husse. – Влезната фактура и  стоката во магацинот ги примив на 15 јуни 2018 година, а првата промоција ја организиравме во четврток на 21 јуни, во Трговскиот центар „Портанова“ во Осиек. Го запомнив точниот датум затоа што тој  ден на Светското фудбалско првенство Хрватска го играше својот прв натпревар против Нигерија – и победи! – сликовито и шеговито објаснува Коприванац за тоа какви среќни околности го обележуваат почетокот на нивната работа.

Како и останатите приматели на Husse франшизата во Хрватска и Ивана има точно определено подрачје за делување. Задолжена е за Осиечко-барањскиот округ каде ги пронаоѓа купувачите и ја доставува Husse храната на домашна адреса. – Тоа, во голем дел  е сиромашен  и исселен  округ,  вели таа, но веднаш дополнува – И покрај тоа, после  првите шест месеци од работењето, мислам дека остварив задоволителни резултати, но  има уште простор за напредување. Со самото тоа, сметам дека округот има потенцијал за нови идеи, купувачи и симпатизери на брендот Husse -уверена е таа.

Коприванац се согласува со тврдењето на повеќето корисници на франшиза дека со земањето на франшиза се олеснува, но не  се гарантира успех „преку ноќ“.  – На крајот од денот се зависи од примателот. Од тоа колку е подготвен да работи и да се труди. Секако и влегувањето во добро организиран франшизен систем носи голема предност. Ние сме застапници и продавачи на супер премиум храна, исклучително квалитетен производ за кој гарантирам и со моето искуство. Многу ми помгна и обуката и запознавањето на деталите за секој производ, како и добрите и лоши примери од другите приматели на франшиза - истакнува Коприванац.

Иако бизнисот го отпочна  пред нешто повеќе од половина година, имала доволно можност да забележи  што внесува разлика.

Бидејќи Husse е се уште малку познат бренд во Хрватска, па и на моето франшизно подрачје, рецептот за успех е многу вложување во промоција, љубезност и стручност на примателот на франшизата. Најважно е луѓето да се запознаат со брендот, а тие бргу ќе го препознаат и квалитетот кој го нуди, ги открива Коприванац адутите со кои се доаѓа до саканите резултати.

Праксата сепак потврдува дека успехот на претприемачот зависи и од неговото тежнеење кон подобро. Ивана Коприванац не е исклучок. – Задоволна сум  од досегашната работа, имам постојани купувачи, и симпатизери, а со тоа и добри пријатели.  Сепак сметам дека секогаш можам подобро. Но,  кога ќе погледнам наназад, во својата работа ништо не би менувала. Започнав од нула, немав ниту еден купувач на подрачјето на својот округ, а сега сметам дека сум на добар пат кој ме води кон позицијата најдобра франшизерка во Хрватска - вели оваа претприемачка.

За сега се работи сама: промоции, мркетинг, продажба, како и доставување на храна на домашна адреса.

- Се разбира сите заслуги не се мои. Понекогаш - шеговито забележува нашата соговорничка - работата не може да се заврши без силната машка рака. Многу ми помага мојот сопруг кој кога не е на работа и покрај сите обврски кои ги има помага во носење на вреќите со храна, кои понекогхаш тежатт и по 20 килограми. Сопругот во се ми е голема поддршка, ме поттикнува да одам напред, ги поддржува моите  идеи за полесно да ги реализирам - вели Коприванац,  не штедејќи ги своите зборови за пофалба.

На оние кои размислуваат за Husse франшизата и потенцијалите на овој бизнис им порачува дека клучот на успехот е добра и честа промоција.

Морате да бидете видени за да се зборува за вас, за да се заинтересира некој.  Да се седи дома и да се чека повик не е опција. Домашната достава е многу важен фактор во овој начин на работа, бидејќи после повикот и нарачката, доставата остава добар пријателски впечаток, нагласува Коприванац на што би требало да се фокусираат идните приоматели на Husse франшизата.  – Многумина во последен момент порачуваат храна, брзаат и не сакаат да го губат времето одејќи во продавница за миленичиња, а тоа е уште една предност и потенцијал  на оваа работа - заклучува Ивана Коприванац.


погледнете ги текстовите

Секоја чест, Domaccini /27.05.2021

Марија Словиќ направи „оаза“ на малите производители во продавницата Domaccini. Кои производи ќе се најдат на рафтовите на нејзиниот дуќан, зависи пред се, од квалитетот на производите, затоа што квалитетот и чесноста се основните фактори на успехот.

Пример на добра пракса - во франшизингот, секогаш учиме едни од други /31.01.2020

Примателите на франшиза од брендот Husse од Јадранскиот (Адриатик) регион неодамна одржаа состанок во Белград и разменија искуства. Планираат да продолжат со вaквите средби.

Храна и козметика од канабис - индустрија која "цути" /05.12.2019

Cbweed е италијански произведувач и дистрибутер на производи на база на коноп, кој своето производство го шири преку франшиза и е заинтересиран продажната мрежа да ја развива низ Европа.

Силата на големото франшизно семејство /07.06.2019

Шведски Husse е еден од ретките франшизни системи кој својата мрежа ја развива во сите земји од регионот. Приматели на мастер франшиза од минатата година имаат и во Босна и Херцеговина.

Бум на пазарот на домашни миленици /24.03.2019

Зошто годинава фокусот ќе биде на развојот на мрежата на дистрибутери, за што се зборуваше на овогодинешниот состанок на приматели на франшиза и какви резултати се постигнати, зборува Саша Милутиновиќ

најчитани

Дефиниција на франшизинг /17.07.2018

Франшизата е облик на соработка помеѓу независни стопанственици. Давателот на франшиза го нуди својот "know-how" и бренд а за возврат наплатува надомест од примателот на франшиза, кој со тој надомест стекнува право и можност да ја користи докажаната бизнис идеја.

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Франшиза по мерка, за оние со стил! /26.11.2019

Бугарскиот бренд Brutale кој се карактеризира со елегантни машки костуми шиени по мерка, тргнува во експанзија во Европа. Приматели на франшиза бараат и меѓу претприемачите од овој Македонија.

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот