Побрзајте во Париз
Најголемиот и најзначајниот европски саем на франшизата – Саем на франшиза во Париз, оваа година се одржува од 17 до 20 март. Читателите на порталот Franchising.mk можат да сметаат на бесплатни влезници.
Ако барате можност да видите што се случува и што нуди пазарот на франшиза, саемскиот комплекс Porte de Versailles во Париз овој март ќе биде идеална дестинација. На најголемиот европски саем на франшизата кој ќе се одржи од 17 до 20 март ќе се најдат повеќе од 580 компании, ќе се престават 500 франшизни брендови од речиси 90 гранки. Очекувано, најголемиот дел од излагачите ќе бидат од Франција, но на Саемот секоја година се појавуваат и по стотина франшизни брендови од странство. По правило, најмногу излагачи доаѓаат од Италија, Шпанија и САД, а оваа година ќе се престават и системите од Финска, Ирска, Унгарија, Велика Британија.... Како што најавуваат организаторите, Саемот и оваа година ќе го посетат повеќе од 36.000 лица, потенцијални приматели на франшиза, претприемачи и инвеститори.
На Францускиот пазар работат речиси 2000 франшизни системи. Тие годишно остваруваат приход од околу 60 милијарди евра, а секторот и натаму расте. Тоа го гледаме и на изложбениот простор на саемот кој секоја година се зголемува. Овогодинешното 38 издание на Саемот може да се пофали со поголем број излагачи во однос на минатата година, вели Силви Годи, директорка на Франшизa Експо Париз (Franchise Expo Paris).
Во рамките на Саемот се одржуваат и стотина конференции, работилници и семинари на кои посетителите можат да добијат совет и одговори на основните прашања за франшизната соработка: што е потребно за купување франшиза, како да дојдат до изворот на финансирање, но и како се создава и гради франшизниот концепт.
Меѓу официјалните партнери на Саемот во Париз веќе со години се наоѓа и компанијата ПРОФИТ систем (PROFIT system), водечка консултантска куќа од областа на франшизингот во средна и источна Европа, издавач на Франшизинг порталот во овој регион. Затоа, читателите на порталот Franchising.mk ќе можат да добијат бесплатни влезници. Потребно е само до 14 февруари 2019 година да се пријават на страницата Franchise Expo Paris. Потоа, од 15 до 28 февруари влезниците ќе можат да се купат по цена од 14 евра, а после тој период, ќе чинат двојно повеќе, 28 евра.
Посетителите и оваа година ќе можат да ја искористат персонализираната онлајн опција „My franchise“ (Моја франшиза) која ќе им овозможи според личниот интерес да ги планираат посетите и состаноците со давателите на франшиза, така што полесно ќе го испланираат и времето поминато на саемот.
Издвоени франшизи
Нема издвоена франшиза
Најнови вести
Прикажи сè
Стратегија за проширување на франшизата Diverse
Diverse ја развива својата франшизна мрежа преку стандардизиран начин на работење во малопродажба, прилагодување на локалните пазари и селективен...
Mia Body Space – 10 успешни франшизи
Mia Body Space е франшизен концепт за обликување на телото со јасно дефинирани програми и протоколи, силна поддршка за партнерите и сигурен раст...
Франшиза што го разубавува детството
Јована Дракулиќ, основачка на IKA со 20+ години искуство, создаде градинка што спојува знаење и љубов, сега шири концептот преку франшиза.
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен...

