Закрепнувањето носи нови франшизи

Жељко Гобац, основач на CityPal / „Нашата цел е да ги покриеме сите поголеми туристички центри во Хрватска и регионот.“
Среда
22.06.2022
– Туристичкиот сектор закрепнува, а со тоа расте и интересот за франшизата на CityPa – вели Жељко Гобац, основач на CityPal платформата, преку кој туристите се запознаваат со најдобрите локални препораки
 

Денешните туристи и патници бараат автентичност и помалку ги интересираат професионалните препораки на туристичките работници. Повеќе претпочитаат да слушнат совети од некој „од реалниот живот“, некој со кој можете да се идентификувате, кој живее во тој град и најдобро знае каде да оди за да ја доживее дестинацијата на вистински начин - со оваа идеја, Жељко Гобац во текот на 2015 година одлучи да ја лансира CityPal, платформа на која ќе бидат наведени интересни и проверени локални препораки за туристите. Тогаш ја создадоа веб-страница, почнаа да печатат брошури, а беше лансирана и апликација.

Најпрво се појавија препораки за Загреб и Пула, а неколку години подоцна, кога стана извесно дека можат да го споделат своето знаење и искуство со другите, CityPal ги доби своите први франшизни партнери. - Ние, всушност, им понудивме можност за започнување бизнис на луѓе кои се заљубени во своите градови и кои ја знаат понудата и добрите места во својот град. Сакавме да го искористиме потенцијалот на локалните експерти и ентузијасти кои би можеле да заработат пари на тоа. Примателот на нашата франшиза, има задача да дава препораки и да најде клиенти кои би се рекламирале во CityPal - ја објаснува Жељко Гобац, основата на овој бизнис.

Како ја дочекаа пандемијата, што успеаа да постигнат и покрај неповолните околности и кои се нивните планови за во иднина, открива за нашиот портал креаторот и основач на CityPal.

Како се развиваше бизнисот за време на кризата со корона? Како се прилагодивте на ситуацијата и што научивте од тоа искуство?

Бидејќи сме директно поврзани со угостителството и туризмот, во текот на 2020 година, поради карантин и неизвесност дали ќе може да се патува, не ги објавивме нашите карти на градови со препораки за туристи. Ситуацијата се подобри во 2021 година, угостителите почнаа да работат нормално, туристите се вратија, па испечативме карти за Пула и Загреб. Многу е важно што успеавме да договориме франшизи за Риека и Опатија таа година.

Последната вест е дека договоривме франшиза за Сплит и околината и сме во финална фаза на преговори за продажба на франшизата за друг регион во Хрватска. Туристичкиот сектор се опоравува, а интересот за франшизата CityPal расте.

Каква е ситуацијата денес и какви се плановите за периодот што следи?

Ситуацијата значително се подобрува. Забележуваме повеќе посети на нашата веб-страница и туристите веќе испраќаат резервации до нашите клиенти. Во контакт сме со редовните клиенти кои веќе сакаат да резервираат место на мапите на градот за оваа туристичка сезона.

Секојдневно добиваме неколку барања од потенцијални франшизни партнери. Нашата цел е во наредниот период да ги покриеме сите поголеми туристички центри во Хрватска и регионот. На пример, големите градови на хрватското крајбрежје кои привлекуваат многу туристи доаѓаат во предвид, а франшизата моментално е достапна за Задар, Шибеник и Дубровник.

Дали имаше барања за франшиза и од другите земји од регионот?

Повеќето барања доаѓаат од Србија, нешто помалку од БиХ и Црна Гора. Во претсезоната, кога треба да почнат подготовките за туристички проекти, добиваме барем по едно барање неделно од регионот. Засега не се рекламираме на други пазари, бидејќи нашата цел е прво да го покриеме нашиот регион.

Дали е променето нешто во однос на условите на франшизата?

Во самите финансиски услови ништо не е сменето, влезниот надоместок е сеуште 2.500 евра за 10 години, а royalty fee 10%. Инвестицијата се враќа во првата година. Ние создаваме карта на градот за нашите приматели на франшизи, ги внесуваме нивните клиенти на веб-страницата, подготвуваме материјали за продажба и одржуваме обука за да ги научиме како да водат бизнис и да продаваат реклами.

Единствено што е потребно е нашите франшизни партнери да продаваат реклами, другото зависи од нас. Ова е одлична можност за оние кои сакаат да заработат дополнителен приход, а оние кои се поспособни, во градовите кои имаат туристи во текот на целата година, можат да изградат и сопствен бизнис со помош на CityPal. 

Што би им препорачале на потенцијалните приматели: што е клучно за успешно работење?

Важно е потенцијалните приматели да имаат искуство во продажба или барем да не се плашат од директна продажба. Дополнителна предност е доколку имаат контакти со угостители и фирми заинтересирани за рекламирање на туристи во нивниот град и околината. Можеби набитно е тие да бидат ентузијасти, вредни и подготвени да работат за добра заработка.

Kако настанал CityPal и што се е потребно за започнување на франшизата?


CityPal пристигна во Сплит / Договорена соработка со приматели на франшизата, кои ќе го покриваат подрачјето на Сплит и околината

најчитани

Sara Fashion компанија која освојува /08.11.2019

Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.

Што е тоа франшиза? /17.07.2018

Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…

Создавање на нови искуства - оваа франшиза од регионот така го освојува светот! /02.12.2019

Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.

Право на територијална ексклузивност /16.07.2021

Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?

Нов ланец за обувки на Балканот /06.04.2022

Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.

популарно во форумот