Секогаш на врвот
Во последните 11 години, колку што FranchiseDirect ја објавува листата на 100 најуспешни франшизи во светот, само два бренда се менувале на самиот врв. Од оваа година еден е во блага предност.
Како што е наведено во овогодинешниот извештај на порталот FranchiseDirect, во рангирањето за 2019 вклучен е најголем број на франшизни системи до сега. Како и во претходните 10 години се користела сложена формула која оваа година дополнително е модифицирана. Имено, од сега формулата во предвид ја зема продажбата наместо вкупниот приход, додека зголемувањето на бројот на подружниците се мери во процети. – Иако делува инпресивно кога системот како што е KFC ќе отвори стотина франшизни ресторани годишно, уште повпечатливо е кога тоа ќе го направи нов и помал систем како што е, да речеме синџирот на фитнес клубови F45 – се наведува во извешрајот на FranchiseDirect. Заради споредба, KFC во франшизингот е речиси 70 години и има повеќе од 21.000 локации низ светот, додека F15 франшизата ја понуди само пред пет години и моментно има помалку од 1000 подружници.
Колку и да се факторите, како раст на деловните единици, продажбата, годините на бавење со франшиза, степенот на стаблност, растот на мрежата и меѓународната експанзија, клучни за рангирањето, во формулата влегуваат и критериуми кои ги надминуваат простите бројки – во предвид се зема и колку давателот на франшиза им помага на своите идни приматели, како и тоа колку вложуваат системите во развојот на локалната заедница преку добротворни програми и донации.
Куриозитет со кој се одбележа годинешното издание е фактот дека претходните 11 години колку што FranchiseDirect ја објавува листата на 100 најуспешни франшизи во светот, само два бренда го заземале првото место - McDonald’s и Subway. До 2018 и двата на врвот биле по пет пати. Од годинава McDonald’s има благо водство. Податок кој заслужува внимание, особено ако се знае дека и двата бренда дури и во најтешките години од своето работење не забележале значителен пад на листата. Не треба да се заборави дека се работи за големи и влијателни системи кои поттикнати од силната конкуренција и потребите на младите и поизбирливи потрошувачи, минале низ многу системски промени – процес на модернизација, воведување на нови технологии, промена на имиџот, подобрување на квалитетот на менито, услугите и начинот на комуникација со потрошувачите.
Како и претходните години, најголемиот број од франшизните системи потекнуваат од Соединетите Американски држави, а најзастапени се системите од областа на гастрономијата и угостителството, ги има дури 40 – однос на силите кој веќе е најавен и распоредот на првите десет најуспешни франшизи. Најдобро пласиран франшизен систем кој не е од САД е британскиот InterContinental (12. место), следуваат системите од Франција – Auchan (16), Casino (19), Carrefour (20), Europcar (26); од Канада – H&R Block (32), Tim Hortons (33) и Yogen Fruz (94); од Јапонија – Kumon (21); Шведска – Husse (43); Шпанија – Dia (44), Lizzarran (61); Филипини – Jollibee (41); Јужна Кореа– Paris Baquette (75) и Eye Level Learning Center (75).
Десетте најуспешни во 2019
- McDonald’s (ресторан за брза услуга, бургери)
- Burger King (ресторан за брза услуга, бургери)
- Pizza Hut (ресторан за брза услуга, пица)
- Marriott International (хотелиерство)
- KFC (ресторан за брза услуга, пилешко)
- Dunkin’ Donuts (ресторан за брза услуга, кафе, крофни, бургери)
- 7-Eleven (ланец на супермаркети)
- Subway (ресторан за брза услуга, сендвичи)
- Domino’s (ресторан за брза услуга, пица)
- Baskin-Robbins (сладолед)
Целата листа ТОП 100 Global Franchises можете да ја најдете ТУКА
Најнови вести
Прикажи сè
Научна кујничка – наука низ игра
Научната кујничка ги спојува науката и играта преку експерименти и работилници за деца, додека на франшизерите им нуди стабилен и перспективен бизн...
Ширењето на знаењето без граници
„Школата за брзо читање и мудро учење“ претставува еден од ретките домашни франшизни системи кој со години успешно се носи со сите предизвици и пос...
NYC BAGEL франшиза која мириса на успех
Њујоршки багел со сараевска душа: како еден брачен пар започна успешен бизнис и сега нуди франшиза за сите што сакаат автентичен бренд во својот град.
Силен бренд и посветеност на работата
„Малец Генијалец“ е бренд познат низ целиот регион. На пазарот во Северна Македонија сѐ уште постои потенцијал за проширување на франшизната мрежа.