CityPal

информација за франшизниот ситем

опис на франшизниот систем

CityPal е платформа со која локалните жители на туристите им го преставуваат најдоброто во својот град. Се користат CityPal печатени мапи на градовите, web страници и мобилни апликации. CityPal нуди информации каде има добра храна, каде кафето е најдобро, кои ресторани задолжително треба да се посетат, каде се најдобрите ноќни и други барови, настаните кои можат да се посетат, услуги на пат (автомеханичарски, стоматолошки, фризерски и слично).

CityPal сепак има една особеност во однос на сличните туристички проекти. Оваа платформа преставува мал збир на проверени препораки кои со ентузијазам ги нудат локалните жители.

Имено, денешниот гостин бара автентичност, а помалку го интересираат професионалните препораки на туристичките работници. Претпочита да го слушне советот на некој од „вистинскиот живот“, некој со кој може да се поистовети, кој живее во тој град  и најдобро знае што треба да се види за да има вистинско доживување.

Тука вие стапувате на сцена, бидејќи ентузијазмот на локалниот жител дава вистински совет на гостите во вашиот град кои сакаат автентично доживување, а тоа сте токму вие!

сопствени деловни единици

2 во Хрватска – Загреб и Пула

франшизна единица

2

фотографија на деловна единица
информација за примателот на франшиза

поддршка за примателот на франшиза

Ви нудиме:

  • Едукација и помош за продажба
  • Едукација за водење на работата
  • Правна помош и материјали/ договори
  • Дизајнерски услуги и дизајн на флаер
  • Лектура на текстови на англиски
  • Објавување на www.citypal.me и на мобилна апликација

очекувана вкупна инвестиција

  • Инвестираното се враќа уште во првата сезона
  • Влезната инвестиција е 500 евра годишно
  • Потребно време од потпишување на договорот до почетокот на користење на франшизата – до еден месец
  • Надомест за лиценцата за франшиза: 10%

основни барања

Условот е лиценцата за градот за кој сте заинтересирани се уште  да не е продадена, а предност имаат тие кои имаат искуство со продажба, кои се туристички водичи или трговски патници во HORECA (Hotel, Restoran Café) секторот, па знаат многу сопственици на ресторани и кафулиња.


информација за давателот на франшиза

Denuncio d.o.o.

Samoborska cesta 6

+385 917867982

zeljko@citypal.me

citypal.me

контакт особа за кандидатите

Жељко Гобац

дознај повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до CityPal

порака
Име и презиме *
Град *
Телефон *
E-mail *

погледнете ги текстовите

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.