Museum of Senses

Информација за франшизниот ситем

Музеј на сетилата
Минимален износ на инвестиција 200.000 EUR

Специјализираните музеи со едукативна компонента се нова и атрактивна нишка на пазарот. Она што го прави концептот Museum of Senses уникатен ги опфаќа:

  • интегрираните човечки сетила како алат за истражување на музејските изложби
  • интеграција на локалната култура преку овозможување на локално искуство на посетителите
  • целната група опфаќа генерации од 3 до 90 години.

Деловниот модел преку кој се шириме на пазарите е франшизата, партнерство или заедничко вложување, а некои предности од соработката со нас вклучува:

  • пазарна нишка со голем потенцијал
  • единствен музејски концепт
  • диверзифицирани канали на продажба
  • силен маркетинг - социјални мрежи и медиуми
  • докажан оперативен модел на работењето.

1. Потенцијалот на соработката со нас најдобро го потврдуваат веќе реализираните финансиски резултати на нашите музеи:
(Финансиските податоци во продолжение ги отсликуваат досегашните реализирани резултати на локациите на Museum of Senses и не предвидуваат, ниту пак на било кој начин не гарантираат идни резултати за било кој потенцијален нов примател на франшизата/партнер). 

  • Просечна продажба: 1,3 милиони УСД USD / годишно
  • Најдобра локација: 1,5 милиони УСД / годишна продажба
  • EBITDA 55% - 65%
  • Очекуван ROI за приматели на франшиза/партнери (период за поврат на вложениот капитал): од 6-18 месеци.

 2. Потенцијалот на Museum of Senses концептот е се посилен. Искуство, забава, едукација - индустрија која што се вбројува во ТОП 3 со потенцијал за ширење во периодот по Covida-19 заради едноставниот факт дека на луѓето им е потребна забава, опуштање и дружење со најблиските на неверојатни локации.

Сопствени деловни единици

2 (Прага во Чешка и Букурешт во Романија)

Франшизна единица

-

Информација за примателот на франшиза

  • Museum of Senses ви обезбедува поддршка околу сите активности потребни за отпочнување со работењето, обезбедува знаење и поддршка за секојдневно водење на бизнисот, во сите сегменти од управувањето,
  • Целокупна оперативна поддршка,
  • Обука и експертиза.

Очекувана вкупна инвестиција

Најпрво, да разјасниме зошто e Museum of Senses добра инвестиција: 

  • Тоа е „edutainment“ концепт  дизајниран на начин кој што им нуди на посетителите многу модерно искуство = многу ниска конкуренција
  • Широка целна група = повисоки и диверзифицирани извори на приходи
  • Интересно во текот на целата година = полесно работење, стабилен готовински тек
  • Едноставен за управување = ниски, контролирани трошоци
  • Релативно мала инвестиција = брз ROI, глобално атрактивен бизнис 
  • Вашиот успех е и наш успех = поддршка на највисоко ниво
  • Совршен момент = очекувана експанзија на посетители во пост Covid-19 период.

Вкупната инвестиција зависи од големината и локацијата на просторот, кој што може да се движи од 250 м2 до повеќе од 1.000 м2, неговата состојба, како и избраната тематика на изложбата. Вкупната почетна инвестиција започнува од 200.000 ЕУР па нагоре.

  • Влезниот франшизен надоместок зависи од локацијата - градот
  • Редовните франжизни надоместоци се дефинираат како % од реализираниот промет 
  • Примателите/партнери ќе бидат обврзани дефиниран дел од прометот да го вложат во маркетинг
  • Подетални информации, по утврдување на локацијата каде што би бил отворен Museum of Senses.

Основни барања

Кого бараме?

  • Поединци подготвени заедно да ја делиме страста кон брендот Museum of Senses,
  • Оние кои поседуваат специфични квалитети, како што се: амбиција, енергичност и висока мотивација за успех,
  • Особи со остроумен деловен ум, претприемачки став и докажан background на успешно деловно работење во секторот на франшизинг и забава (пожелно но не и неопходно),
  • Поединци кои што располагаат со средства за вложување во нашата франшиза или се пак, заинтересирани за друг облик на партнерство или заедничко вложување со нас,
  • Особи кои што располагаат со силна посветеност за грижата кон корисниците и искуството на посетителите.

Постои можност за отварање на Museum of Senses во сите поголеми градови, по можност не помали од пола милион жители, особено во градовите кои што ссе туристички атрактивни во текот на целата година. Особено сме заинтересирани за партнери/приматели на франшиза за пазарите од Западна Европа, САД, Канада и Азија. Франшизата исто така, е достапна и за Косово, Бугарија и Албанија.

Информација за давателот на франшиза

6S Entertainment d.o.o.

Pin iconVisnjevac 18, Zagreb Website icon museumofsenses.com

Дознајте повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до Museum of Senses
Phone
Email

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.