КЛИКЕР ИТ центар за деца

Информација за франшизниот систем

Образовна програма за деца
Минимален износ на инвестиција 0 EUR

Кликер ИТ центар за деца е основан 2015 година, од кога започнува со организирање на курсеви кои што претставуваат иновативен и интерактивен начин на учење на основите на компјутерското програмирање, роботиката и дигиталната креативност, наменета за даца на возраст од 5 до 18 години. Програмите на курсевите се осмислени на начин за да ја стимулираат креативноста, фантазијата, интересот за решавање на проблемите и основните принципи на програмирањето преку создавање на визуелни, интерактивни и мултимедијални апликации (игри, анимации, мобилни апликации, сајтови), како и преку програмирање на роботи и моделирање и 3D принтање.

Програмите се заокружени со соодветни скрипти и дидактички средства за совладување на материјата. Нудиме преку десет различни програми/курсеви, тестирани и повеќе од докажани во пракса, со оглед на тоа што досега ги поминале околу 11.000 учесници, во повеќе од 20 градови во Србија и регионот..

Создадовме препознатлив бренд и поставивме систем за активна промоција преку повеќе маркетинг и ПР канали. Активно учествуваме и во некомерцијални општествени активности и проекти, кои имаат за цел промоција на нови технологии и мотивација на децата за едукација во тој правец. Создадовме систем за соработка со неколку Министерства, странски софтверски компании (Nordeus, Namics, Ubisoft, Meridian Tech, итн.), како и со бројни регионални организации и ИТ компании (СтартИТ, ИЦТ Хуб, Новак Ѓоковиќ Фондација, Фонд Б92, Научно Технолошки парк Звездара, и др.).

Во текот на седум години постоење, потврдата за квалитетот на нашата програма дојде низ соработката со бројни институции како што се: министерството за трговија на Србија, Детскиот културен центар во Белград, како и со бројни регионални организации и ИТ компании (СтартИТ, ИЦТ Хуб, Новак Ѓоковиќ Фондација, Фонд Б92, Научно Технолошки парк Звездара, и др.).

Она што Кликер го извдојува од останатите школи е курикулумот кој константно се дополнува и унапредува, воведување на нови програми прилагодени на потребите на децата и младите, а во склад со нивните интереси, грижа за сите учесници, која произлегува од работа со мали групи (од 3 до 8 учесници), како и пропратните материјали кои се специјално изработени во рамките на нашите програми и кои учениците ги добиваат безплатно. 

КЛИКЕР франшизата е заокружена франшиза со деловен формат, а нашите потенцијални партнери се претприемачи (или идни претприемачи на кои ќе има помогнеме со нашето искуство во процесот на регистрација) кои што можат да изберат еден од двата формати на соработка кои ги нудиме. Овие формати се разликуваат пред се, во начинот на кој што се организира КЛИКЕР центарот - наменски простор (училница) или во рамки на училница или простор во кој што веќе се реализира некоја друга дејност (најчесто станува збор за училишта).

КЛИКЕР центар

Тоа е целосен формат на соработка - комплетен центар за едукација, како основна едукативна дејност на КЛИКЕР и која што се реализира во наменски простор, одреден само за КЛИКЕР.
Овој формат ги опфаќа сите КЛИКЕР стандарди, вклучително и визуелните, односно стандардите за опремување - центарот, односно училниците мораат да бидат опремени во согласност со нашите визуелни стандарди.

КЛИКЕР корнер

Франшизниот корнер е таков формат, каде што примателот на франшизата дејноста ја реализира во простор кој што не е наменски, туку во него веќе се реализира некоја друга дејност (најчесто станува збор за училишта или простории каде што се одвива некоја друга едукативна дејност). На таквиот примател на франшиза, КЛИКЕР би можело да му биде и дополнителна едукативна дејност, но и понатаму е неопходно тоа да биде единствената дејност во сегментот ИТ и програмирање. 

Како на пример, просторот може да биде работна просторија во рамки на некој програмерска компанија (прилагодена за курсеви во попладневни часови) или училница во некоја од постоечките училишта/центри (како училиште за странски јазизи или слично) или пак, училница во државни или приватни училишта (курсевите се реализираат за време на викендите или по завршување на редовните часови). Затоа, овој формат подразбира помалку строги стандарди поврзани со визуелен идентитет и опремување, но сите останати стандарди се идентични како и за КЛИКЕр центар.

Со купувањето на франшизата, во двата формати, примателот добива право за реализирање на сите курсеви, со тоа што во цената на франшизата (влезен надомест) се пресметани правото и обуката за водење на 5 курсеви по избор (т.н. Стартен број на курсеви), а за секој нареден курс кој што би се нудел, мора да се помине дополнителна обука, која што се наплаќа. Работењето мора да се започне со нудење на најмалку 3 курсеви, а препорака е да се започне со поголем број на курсеви дури по определен период.

На примателите, КЛИКЕР франшизата може да им биде основна, но и дополнителна дејност.

Подгорица - https://www.youtube.com/watch?v=P9PcKMdn6Xg&t=15s
Железник - https://www.youtube.com/watch?v=E6cDCUrAlN0
Смедеревска Паланкаhttps://www.youtube.com/watch?v=3GQw9vEf-Tw

Сопствени деловни единици

6 (Белград)

Франшизна единица

Вкупно: 45 Србија: 30 Босна и Херцеговина: 2 Црна Гора: 4 Северна Македонија : 3 (Скопје, Велес, Охрид) Хрватска: 4 Словенија: 2

Информација за примателот на франшиза

  • Право на работење под брендот КЛИКЕР
  • Кnow-how пренос за започнување и водење на работењето
  • Обука за водење на работењето
  • Стартен број на курсеви - 6 курса по избор (Početno programiranje, Scratch start, Scratch 1, AppInventor 1, Python i Web programranje)
  • Scratch start, Scratch 1, AppInventor 1, Python i Web programranje)
  • Обука за предавачите на Стартниот број на курсеви
  • Секој нов курс, надвор од Стартниот број на курсеви, може да се додаде по желба, со тоа што е потребна дополнителна дообука за предавачите, која што се наплаќа
  • Маркетинг поддршка, со посебна почетна маркетинг поддршка (стартниот маркетинг на друштвените мрежи е вклучен во цената на влезниот надоместок)
  • Поддршка во текот на работењето
  • Ексклузивна територија и договор на три години, со можност за лесно продолжување

Очекувана вкупна инвестиција

  • Влезен надоместок: 3.000 ЕУР - 6.000 ЕУР (во денарска противредност) во зависност од големината на територијата на покривање..
    За вредноста на влезниот надоместок се добива и Стартниот маркетинг пакет. 
  • Редовен надоместок. Се наплатува за секој циклус на курсеви, како 10% од реализираните приходи. Вкупните инвестиции за започнување на работењето (освен влезниот надоместок) зависат од форматот на соработката, како и опремата со која што партнерот веќе располага, но не се поголеми од 2.500 до 4.000 ЕУР. 
  • Надоместок за секој нов курс - трошок за обука - над Стартниот број на курсеви изнесува 200 ЕУР (во денарска противредност).

Основни барања

  • Правното лице да биде регистрирано (доколку не е, потребно е да се регистрира),
  • Уредување на просторот според дефинирани стандарди, соодветно на избраниот формат

Посакувани партнери за КЛИКЕР Корнер се исто така, сите претприемачи или идни претприемачи блиски до ИТ индустријата (или дејност која е блика со таа ингустрија) или едукацијата генерално.

Информација за давателот на франшиза

Kliker TECH doo

Pin iconZvezdara, Beograd Website icon klikercentar.rs

Дознајте повеќе

Пополнете ја контакт формата подолу доколку сакате повеќе информации, информациите содржани во формата ќе бидат проследени директно до КЛИКЕР ИТ центар за деца
Phone
Email

PROFIT franchise services, дел од групацијата PROFIT system (PROFIT system sp. z o.o.), како издавач на Franchising.mk ве информира дека не собира ниту обработува податоци испратени преку формуларот за контакт (образец за контакт). Сите информации внесени во образецот за контакт се испраќаат по електронска пошта до организаторот на франшизниот систем, како што е наведено во каталогот. Системот што ги прима испратените податоци ќе ги користи за да повратно пружи повеќе информации за сопствениот бизнис. Испраќањето на лични податоци е доброволно, а организаторот на системот кој прима податоци од образецот за контакт е воедно субјектот одговорен за собирање и обработка на лични податоци.