Бизнисот кој го прави светот подобар
Денеска на пазарот на неформалното образование, наменет пред се за деца, повеќето училишта се специјализираат за една област. Постојат училишта само за странски јазици или за музичко воспитување. Се поприсутни се и СТЕМ училиштата кои вршат обука во областа на роботиката, програмирањето, математика, хемија и физика. Не треба да се заборави и на училиштата во кои се учи логичкото размислување и други. Вакви анализи прави Нихад Софтиќ, основачот на мултидисциплонарното училиште School & School.
- Во тоа и се разликуваме од другите училишта, бидејќи School & School системот на образование овозможува стекнување на конкурентно знаење и вештини во 21 век на поинаков и иновативен начин и тоа преку 20+ училишни програми, 365 дена во годината, 14 часа дневно – објаснува Софтиќ, кој училиштето School & School го основал пред шест години во Босна и Херцеговина.
Во меѓувреме, со помош на франшизниот модел на работење, училиштето заживеало и надвор од границите на Босна и Херцеговина. Имено, во БиХ дејствуваат четири единици во сопственост на матичната компанија, додека во Србија работат четири франшизи. Од неодамна има и една во Бугарија, во Софија.
Обука и поддршка од првиот момент
Меѓу дваесеттината програми на франшизниот систем School & School се и продолжениот престој, летно и зимско училиште од различни области: роботика и програмирање, дизајнирање на игри, креативна физика и математика, комјутерска анимација, но и YouTube академија, како и часови по музика, странски јазици, актерство и уличен балет. School & School е всушност стручно училиште за деца и тинејџери специјализирано за набљудување, откривање и развивање на таленти. –Благодарение на специјално дизајнираната програма заснована на повеќестрана интелигенција, учениците од School & School имаат можност да ги пронајдат своите таленти и страст за одредена дисциплина преку, применети и технички науки кои ќе им го олеснат изборот за идната академска и професионална кариера – објаснува Софтиќ.
Овие програми и холистичкиот пристап на образование на младите ќе бидат вклучени во понудата на франшизните училишта School & School. – Обуката за примателите на франшизата започнува со самото потпишување на договорот. Со неа се опфатени двонеделно запознавање со „оперативниот прирачник“ во кој е содржан целиот опис, процесот и упатството за функционирањето на франшизата. Примателот на франшизата, исто така, добива и концизен план на активности, како уредување на просторот, план за набавка на опрема, за промоција, за регрутирање, селекција, избор и едукација на наставниот и административен кадар. Примателот на франшизата за време на подготвителниот период најмалку седум дена минува во нашето најголемо училиште School & School Сараево, кое воедно е и тренинг центар за новите партнери. Тука непосредно, на конкретни примери, можат да се запознаат како тоа функционира во училница, но и да се запознаат со административното водење на бизнисот – објаснува Софтиќ.
Нивниот тим за развој, кој ги вклучува сите области на работење, е достапен 24 часа на ден. Особено, како што вели, првите 90 дена, по што примателот на франшизата стекнува доволно самодоверба да може самостојно да раководи со деловните процеси.
Франшизната единица School & School вообичаено својата работа, како што објаснува Софтиќ, ја започнува со четири до шест програми. Во следните две години постепено се вклучуваат и развиваат останатите програми со што на примателите на франшизата им се овозможува постепено да го развиваат своето работење. Бидејќи започнуваат со четири до шест програми, потребни им се и толку наставници. – Некои предавачи можат да предаваат и повеќе предмети. На пример наставник по информатика може да предава роботика и програмирање, графички дизајнер може да држи и часови по уметност, дизајн или да раководи со YouTube академијата.Сите наставници и предавачи мора да имаат завршен факултет. Најважно е наставниците да знаат англиски јазик и да се квалификувани за користење на дигитални технологии – вели Софтиќ.
Досегашната филозофија, што преставува и препорака за примателите на франшизата, им е „Мојата најдобра прва работа“. Имено, можноста секогаш им ја даваат на штотуку дипломирани студенти кои минуваат низ дополнителна обука во School & School по што добиваат сертификат за работа во тие училишта. Тренингот за наставниците се одвива под раководство на ментори. Обуката може да биде online или onside, во зависност од програмата за која се оспособуваат. Главниот тренинг центар е во Сараево.
Во домашна атмосфера
Бидејќи се работи за целодневно искористување на деловно-стамбениот простор, во кој се реализираат курсевите и има продолжен престој, големината на просторот потребна за School & School зависи од големината на градот. За градовите до 50.000 жители потребни се минимум 60 м2 со две одделни училници, ходник или чекалница. За градовите од 100.000 до 200.000 жители најсоодветен простор би бил од 80 до 100 м2, со три училници и соодветна чекалница. Подрачјата, пак, кои опфаќаат повеќе од 200.000 жители идеална површина е од 100 до 135 м2, четири училници и чекалница од дваесеттина метри квадратни. – Се препорачува, по можност, просторот да има помал двор, а доколку нема, би требало во близина да има јавна зелена површина или игралиште – вели Софтиќ.
Иако повеќето училишта, според него, се уредени со мебел од продавниците на Икеа, партнерот има целосна слобода училиштето да го опреми според својот вкус. – Најважно е да се направи препознатлив School & School амбиент и домашна атмосфера во која децата ќе уживаат – вели тој. Може да се користи и домашен мебел како фотелји, софи, трпезариски маси и столици, стари ормани, бидејќи така децата го доживуваат училиштето како модерен дом во кој можат да бидат тоа што се-деца, појаснува Софтиќ.
Потребна е страст и посветеност
Како што објаснува Софтиќ, најдобрите кандидати за оваа франшиза треба да имаат страст за образованието и да веруваат дека можат да го менуваат светот кон подобро. – Кандидатите за приматели на франшизата не мора да имаат искуство во сферата на образованието. Но, од искуство знаеме дека најважни особини се желбата и страста кон образованието, како и поттикот на примателот да направи разлика во бизнисот. Примателот на франшизата не мора да има ниту менаџерско искуство бидејќи со нашиот процес на обука и периодот на интеграција го изучува сосема новиот пристап кон работењето- објаснува Софтиќ.
Додава и дека концептот на училиштето е таков што на почетокот најмногу зависи од вербата, љубовта и страста, но и од трпението на примателот на франшизата. Заради тоа неопходно е тој директно да биде ангажиран во развојот и работењето на училиштето. – Во спротивно, концептот нема да успее. Посебно тоа е важно првите две години од работењето на училиштето. Секако, примателот, како инвеститор, може да вработи менаџер, но под услов да ја вложи целата своја љубов, верба и страст во проектот. За жал, такви успешни искуства до сега сме немале, иако имаше обиди. На крај, неопходно е да се з нае дека овој бизнис нее е спринт, туку маратон. Нешто што се работи единствено и исклучиво со љубов и верба дека со едукација може светот да се промени кон подобро. Сметам дека ова е одличен семеен бизнис – истакнува Софтиќ.
Верува дека после повеќегодишните истражувања, создал единствен образовен бизнис модел кој работи 14 часа во денот, 365 дена во годината со повеќе од 20 наставни програми кои партнерите за 24 месеци треба да ги применат во своите училишта.
- Фокусот на работењето е ставен на квалитетната настава со минимални трошоци за вложување и работење, заради што после само три месеци училиштето е подготвено непречено да го финансира оперативниот дел од работењето, а после една година успешно работење да започне да го враќа инвестираното. Предуслов за тоа е добро завршениот подготвителен период за време на отворањето на училиштето, кој вклучува промоција кон одредена целна група преку социјалните мрежи, непосреден маркетинг, мрежно поврзување и постојано воведување на нови наставни програми низ целата година. Секако, ја добиваат и нашата поддршка бидејќи го споделуваме сопственото знаење и искуство и однапред подготвените материјали. Нашата поддршка е постојана и низ целата година – објаснува Софтиќ.
School & School франшизата достапна е во сите земји од Јадранскиот регион, а Нихад Софтиќ смета дека овој концепт може успешно да се развива и во други земји.
погледнете ги текстовите
Околностите ги натераа Војислав Пековиќ и Александра Милосављевиќ да отворат училиште за ментална аритметика „Малац генијалац“ во Скопје, наместо во Белград. Велат дека, потенцијал за отворање на нови училишта постои речиси во сите градови во Северна Македонија.
„Секој кој што ја препознава убавината на нашата едукативна мисија е квалификуван за примател на франшизата Young Engineers“, вели основачот на овој американски едукативен концепт, Амир Асор
Полското училиште за програмирање за возрасни Coders Lab е отворено во две нови европски земји, а моментално се активни и нови дополнителни поволности за потенцијалните партнери од регионот.
Франшизите од секторот за едукација на децата, продолжија да ги шират своите мрежи, дури и за време на пандемијата. Неколку системи веќе потпишаа франшизни договори и започнаа со деловна активност во земјите и од овој регион.
Какви очекувања може да имаат претприемачите од регионов кои ќе ја изберат франшизата на полското училиште за програмирање Coding Giants? Приказната на Иза Порадовска од Полска може да биде интересен пример
најчитани
Ѓорѓи Зорзиќ е меѓу првите кои се заинтересирале за добивање на франшизата на Sara Fashion. Пред точно 10 години отворил франшизна единица во Кавадарци. Ѓорѓи смета дека успехот си доаѓа сам по себе, но најважно од се е да се сака работата, така што неизмерно ќе се вложите во неа, а таа ќе возврати.
Франшизинг е начин на кој сопствениот бизнис можете да го водите под добро познат бренд! Франшизингот го применуваат и некои од најпознатите светски брендови. Да објасниме што е франшизно работење…
Carwiz е rent-a-car франшизa од Хрватска која продолжува со ширењето на мрежата на неколку континенти. Ни откриваат како го создале франшизниот систем и што е потребно за освојување на светските пазари.
Што подразбира „територијалната ексклузивност“ во франшизингот? Како функционира во пракса? Дали постојат ограничувања и зошто е значајна?
Турскиот малопродажен синџир FLO планира четирикратно да го зголеми бројот на продавници со франшиза ширум светот до 2023 година. На мапата на франшизата се и земјите од овој регион.